логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

×

Предупредување

Joomla\CMS\Filesystem\Folder::create: Неможно креирањена папкаPath: [ROOT]/t3-assets/dev

Joomla\CMS\Filesystem\Folder::create: Неможно креирањена папкаPath: [ROOT]/t3-assets/css

Joomla\CMS\Filesystem\Folder::create: Неможно креирањена папкаPath: [ROOT]/t3-assets/js

Кожувчанка

 

1.jpg

 

„ Денес, кога се роди Христос, небото и земјата се соединија; Денес Бог дојде на земјата,а човекот се искачи на небото; Денес Невидливиот по природа, заради човекот станува видлив по тело. Затоа и ние славејќи да Му запееме: „ Слава на Бога во висините, а на земјата мир “, што го дарува Твоето Пришествие, Спасителу наш, Слава Ти. “
(Литијска стихира на празникот)

 

Кога Господ наш се роди од Дева Марија, Он ѝ заблеска на сета вселена радосно како пролетта. И сета твар ја обнови. Денес се раѓа Божјиот Син Единороден, блесок на Славата на Отецот, облик на Неговото Битие и вечност, на Отецот Слово, преку Кое вековите ги создаде и со Кое сѐ видливо и невидливо се јави. Денес Логосот на Отецот неизменливо стана Тело од Духот Свети и Дева Богородица и станува Посредник меѓу Бога и луѓето - Единиот Човекољубец. Се зачнува во Пречистата утроба на Дева и станувајќи послушен на Отецот, во природата што ја зеде од нас, ја исцелува нашата непослушност. Затоа раѓајќи се денес Господ и Бог наш нѐ поврати нас од студенилото на заблудата кон пролетта на радоста, го зеде на Себе нашето обличје и преку Своето Тело го обнови. Така, понесувајќи на Себе сѐ што е наше - човечко, освен гревот, со љубовта своја нѐ посини на Својот Отец и нѐ направи сонаследници на Своето Царство. Затоа ангелот голема радост им благовести на пастирите: „ Денес во градот Давидов ви се роди Спасител Кој е Христос Господ. Сета невидлива и видлива твар од радост заигра, а од Исток најчудесна ѕвезда заблеска, објавувајќи го раѓањето на Наднебесниот Цар. И ние заедно со природата Го празнуваме како што доликува, Чесното Христово Рождество и серадосно воскликнуваме заедно со пастирите и во хор заедно со ангелите и со мудреците Му се поклонуваме на Родениот наш Бог, Кој дојде во Своето како Туѓинец, за нас Своите гости да нѐ прослави.
 
Можеби навистина тугинец во светот, но во монашкото срце нашиот Господ Е вистински домаќин, Свој на Своето, со радост се вселува и го исполнува сиот свој дом со светлината на благодатта и љубовта. Токму затоа Бигорските монаси се погрижија сѐ во манастирот да дише во овој дух на Божикната посета, претворајќи го манастирскиот храм во вистинска Витлеемска пештера и така подготвувајќи го за раѓањето на Богомладенецот, но пред сѐ, приготвувајќи ги своите смирени срца, за во нив да се всели долгоочекуваниот Гостин овде да си изгради Свое живеалиште. Затоа најголем украс на светилиштето во оваа Божикна ноќ, беше токму смирената молитва, во која на монасите им се придружија големо мнозинство на верници, притекнати од сите краишта на земјава. Гостољубивите браќа и сестри им ги отворија вратите на сите  кои пристигнаа во манастирот, понесени од желбата молитвено да го пречекаат доаѓањето на Спасителот во тело пристигнаа во манастирот. А свечено украсениот храм со своето Божикно руво и направената пештера, во мислите ги навраќаше присутните во она време, на оној момент кога пред повеќе од две илјади години, во една скромна пештера, налик на онаа што беше сега пред нивните очи, „ни се роди Дете мало, предвечниот Бог“.

И секако, таму каде што е усрдна молитвата, присутна е и благодатта. А со неа доаѓа и радоста. Оваа наднебесна радост, која изобилно се излеваше на бдението во чест на Рождеството Христово, се почувствува уште на навечерието на самиот празник.


Имено неколку часа пред почетокот на сеноќното бдение, браќата и сестрите заедно со присутните гости се собраа во манастирската библиотека и радосно го прославија бадник, пеејќи божикни каланди (коледарски песни).

2.jpg
3.jpg

2.jpg
3.jpg

2.jpg
3.jpg

9.jpg

2.jpg
3.jpg

Како и обично, на самиот почеток на ова сеноќно торжество, игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, им се обрати на присутните верници, нагласувајќи ја токму таа неизмерна радост, која треба да ја имаме ние луѓето, бидејќи небесниот Бог, Кој седи на херувимите, во оваа Божикна ноќ слегува на земјата, и заради нас се раѓа од Дева. Затоа треба да Го возвеличаме и да Му принесеме славословија, подобно на ангелите, кои „ пребиваат во непрестајно славословие на Бога, а посебно кога извршува особени дела, како што било создавањето на светот. И како што пишува во книгата на Јов, сите Синови Божји Му принеле слава на Бога, ангелите ја фалеле Неговата Премудрост и сила, затоа што Бог го создал овој прекрасен свет и човекот. И сега, кога Бог ја пресоздава природата на човекот, го преобрази Адама повторно ангелите Му принесуваат слава, велејќи: „Слава на Бога во висините а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“

Зашто Сега кога во ноќта на Рождеството Христово, Бог повторно ја воспостави и обнови паднатата природа на човекот преку Христос - новиот Адам,  преку Својот Син Он донесе и мир на земјата, мир на човекот со Бога, бидејќи човекот е создаден да живее во мир со својот Создател. Огревовената совест на човекот не може да општи во заедница со светоста на великиот Бог. Христос, преку исповедта и покајанието, повторно ја воспостави хармоничната заедница меѓу Создателот и неговото возљубено создание - човекот. Преку Христа, врз луѓето повторно се воспоставува и добрата волја на Отецот, која секогаш почива врз Синот.

Само во чистите срца може да има мир и да се воспостави добрата волја на Бога, затоа да ги очистиме нашите срца и да ги отвориме, оваа вечер кога го славиме роденденот на Оној, Кој е наш вистински пријател, Кој не се двоумеше ни да се понижи заради наше спасение и да стане човек.
Да се помолиме оваа ноќ за сите оние кои Го заборавиле, кои живеат во мракот на овој свет, сите оние кои живеат според страстите и похотите на стариот човек -  стариот Адам кој падна во грев. Сите луѓе да Го пронајдат новиот Адам - Христос, Оној Кој сака да живее единствено во човечките срца и Кој најмногу Го љуби човековото срце, како свое најомилено живеалиште. Преку Христос - Емануил,  Бог Е вечно со нас и нè спасува..

Секако, најубав момент, кој го круниса бдението, беше примањето на Светата  Причест, кога целиот многуброен народ, од најмалите дечиња, па сѐ до постарите присутни верници, со голема радост се причестија со Телото и Крвта Христова, заедничарејќи со Него во оваа светла јануарска ноќ, спасителна за целото човештво. Не помалку радост предизвика и мигот кога братот Деловски Марјан положи метанија за искушеник пред чудотворната икона на Светиот Претеча и Крстител Јован, пред иконата на Пресвета Богородица Достојно е, пред кивотот со мошти, како и пред игуменот, од чии раце тој доби скуфија.

Warning: No images in specified directory. Please check the directory!

Debug: specified directory - https://preminportal.com.mk/images/Bigorski.Bozic11

Пред крајот на Божествената Литургија, беше прочитана и Божикната посланица од Поглаварот на Македонската Православна Црква, Неговото блаженство, г.г. Стефан испратена до верниот македонски народ.
Најпосле, духовно нахранети, присутните гости одново се упатија кон манастирската библиотека, каде за нив беше подготвена закуска, а за најмалите посетители имаше и божикни пакетчиња, во кои покрај слатките производи на Витаминка, нашиот долгогодишен соработник, имаше и по една играчка и примерок сликовницата Раѓањето на нашиот Христос, најновото манастирско издание од областа на детската духовна литература.

Нека Христос се роди во нашите срца и сите заедно со ангелите оваа ноќ радосно да воскликнеме:

ХРИСТОС СЕ РОДИ!
НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Тропар и кондак за Божик 2011


Свети Боже со терирем - Божик 2011.

Извор: Бигорски манастир

Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная