логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

18.12.2010 год.

(сабота)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

21-ден

 

It.glasanje1.jpg


21 ден: Дела 7-10
 7 | 8 | 9 | 10
  
    
Глава  7                                     
  
1 Тогаш првосвештеникот рече: „Така ли е тоа?”
  2 А тој рече: „Браќа и татковци, чујте! Бог на славата му се јави на нашиот татко Авраам, кога престојуваше во Месопотамија, пред да се насели во Харан,
  3 и му рече: ‘Излези од својата земја и својот род и појди во земјата, што ќе ти ја покажам!’
  4 Тогаш тој излезе од Халдејската Земја и се насели во Харан и оттаму, по смртта на татко му, Бог го пресели во оваа земја, во која што живеете сега.
  5 Но не му даде наследство во неа, ни една стапка од земјата, туку му вети, додека уште немаше дете, дека ќе им ја даде во наследство: нему и на неговото семе по него.
  6 Имено, Бог му рече дека неговите потомци ќе бидат придојденици во туѓа земја и ќе бидат поробени и мачени четири стотини години.
  7 ’Но, Јас ќе му судам на народот, рече Бог, на кој ќе му робуваат; а потоа ќе излезат и ќе Ми служат на ова место.’
  8 И му го даде Заветот на обрезанието; и така на Авраама му се роди Исак и го обреза на осмиот ден; а на Исака - Јаков; а на Јакова - дванаесетте патријарси.”
  9 „А патријарсите му завидоа на Јосифа и го продадоа во Египет, но Бог беше со него,
10 и го избави од сите негови неволји и му даде благодат и мудрост пред фараонот, египетскиот цар, кој го постави за управител на Египет и над целиот свој дом.
11 Тогаш настана глад и голема беда во целиот Египет и Ханаан, и нашите татковци не можеа да најдат храна.
12 А кога Јаков чу дека има жито во Египет, ги испрати таму нашите татковци за првпат.
13 Кога дојдоа по вторпат, Јосиф им се откри на своите браќа, и Фараонот научи за Јосифовото потекло.
14 Тогаш Јосиф испрати и го повика татка си Јакова и целиот род - седумдесет и пет души.
15 И така Јаков слезе во Египет, каде умре, тој и нашите татковци.
16 И го пренесоа во Сихем и го положија во гробот, што Авраам го беше купил за сребро во Сихем, од Еморовите синови.”
17 „Колку повеќе се приближуваше ветеното време, за кое Бог му се заколна на Авраама, толку повеќе народот се зголемуваше и се намножи во Египет,
18 додека во Египет не завладеа нов цар, кој не знаеше за Јосифа.
19 Тој постапуваше лукаво со нашиот народ, и ги измачуваше нашите татковци, присилувајќи ги да ги фрлаат своите деца, за да не останат живи.
20 Во тоа време се роди Мојсеј, кој му беше мил на Бога. Три месеци го одгледуваа во татковиот дом,
21 а кога го напуштија, го зеде фараоновата ќерка и си го одгледа за син.
22 И Мојсеј ја изучи целата египетска мудрост, и беше силен во своите зборови и дела.
23 А кога наврши четириесет години, му дојде на ум да ги посети своите браќа - синовите Израелеви.
24 И кога виде како еден страда неправедно, го одбрани и го одмазди угнетуваниот, убивајќи го Египтјаниот;
25 мислејќи дека неговите браќа ќе разберат дека Бог, преку неговата рака, им дава избавување, но тие не разбраа.
26 А на идниот ден дојде меѓу нив додека се тепаа и се обиде да ги смири, велејќи: „Луѓе, вие сте браќа! Зошто правите неправда еден на друг?”
27 Но оној, кој му правеше неправда на својот ближен го турна и рече: „Кој те постави тебе за началник и за судија над нас?
28 Сакаш ли и мене да ме убиеш, како што го уби Египтјанинот; вчера?”
29 Заради тој збор Мојсеј избега и стана придојденик во Мадијамската земја, каде му се родија два сина.”
30 Кога поминаа четириесет години, му се јави ангел во пустината на Синајската Гора, во пламенот на запалена капина.
31 Кога Мојсеј го виде тоа, се зачуди на глетката, а кога се приближуваше, за да разгледа, се чу гласот Господов:
32 ’Јас Сум Бог на твоите татковци: Бог Авраамов, Исаков, и Јаковов.’ Мојсеј се растрепери и не се осмели да погледа.
33 Тогаш Господ му рече: ‘Собуј ги обувките од своите нозе, зашто местото на кое стоиш е света земја!
34 Навистина го видов измачувањето на Мојот народ во Египет и го чув неговото воздивнување, и слегов да го избавам. И сега дојди да те испратам во Египет!’
35 ”Овој Мојсеј, од кого се откажаа со зборовите: ‘Кој те постави тебе за началник и за судија?’ - Бог него го испрати, преку ангелот, кој му се јави во капината, за началник и за избавител.
36 Тој ги изведе правејќи чудеса и знаци во Египет, во Црвеното Море и во пустината четириесет години.
37 Тоа е Мојсеј, кој им рече на Израелевите синови: „Бог ќе ви издигне, меѓу вашите браќа, пророк како мене Него послушајте Го.”
38 Тоа е оној, кој во заедницата во пустината, беше со ангелот, кој му зборуваше на Синајската Гора, и со нашите татковци; оној кој ги прими живите зборови, за да ни ги предаде нам.
39 Нашите татковци не сакаа да го послушаат, го отфрлија и се свртија со срцето кон Египет,
40 зборувајќи му на Арона: ‘Направи ни богови, кои ќе одат пред нас, зашто не знаеме што стана со Мојсеја, кој нè изведе од Египет!’
41 И во оние денови направија теле и му принесоа жртва на идолот и се веселеа пред делото на своите раце.
42 Тогаш Бог се сврте од нив и ги предаде да Му служат на небесното воинство, како што е напишано во Книгата на Пророците: ‘Доме Израелев Мене ли Ми принесувавте заклани животни и жртви четириесет години во пустината?
43 Туку го носевте Молоховиот шатор и ѕвездата на богот Рафан; кипови што ги направивте, за да им се поклонувате, затоа ќе ве преселам потаму од Вавилон!’
44 Нашите татковци го имаа со себе Шаторот на сведоштвото во пустината, како што го заповеда тоа Оној, Кој му зборуваше на Мојсеја да направи според образецот што го видел.
45 Нашите татковци го примија и го внесоа со Исуса, кога ја зазедоа земјата на народите, кои Бог ги протера пред нашите татковци, и така беше сè до Давидовите денови.
46 Овој најде милост пред Бога, и затоа измоли да Му најде живеалиште на Јакововиот Бог.
47 А Соломон Му изгради Дом.
48 А Сèвишниот не живее во ракотворни храмови, како што вели пророкот:
49 ’Небото Ми е престол, а земјата е подножје на Моите нозе. Каков дом ќе ми изградите - говори Господ - или какво ќе биде местото за Моја починка?
50 Не го направи ли сè тоа Мојата рака?’
51 Тврдоглави и со необрезани срца и уши! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух! Како вашите татковци така и вие!
52 Кого од пророците не го гонеа вашите татковци? И ги убија оние, кои однапред го навестуваа доаѓањето на Праведникот, чии предавници и убијци вие станавте сега,
53 вие, кои го примивте Законот преку служење на ангели - и не го запазивте.”
54 Кога го чуја тоа, многу се налутија во своите срца и чкртаа со забите на него.
55 А тој, полн со Светиот Дух, погледна на небото ја виде Божјата Слава и Исуса, како стои оддесно на Бога
56 и рече: „Еве, ги гледам отворени небесата и Човечкиот Син како стои оддесно на Бога.”
57 Тогаш извикаа со силен глас, ги затнаа своите уши и се нафрлија еднодушно на него.
58 И го исфрлија од градот и фрлаа камења на него. А сведоците ги оставија своите облеки до нозете на едно момче, кое се викаше Савле.
59 И фрлаа камења на Стефана, кој повикуваше, велејќи: „Господи Исусе, прими го мојот дух!”
60 Тогаш падна на колена и извика со силен глас: „Господи, не земај им го ова за грев!” И кога го рече тоа - заспа.
Глава  8                                     
  
1 Во оној ден стана и големо гонење против црквата во Ерусалим; и сите, освен апостолите се распрснаа по краиштата на Јудеја и Самарија.
  2 А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него.
  3 Савле пак ја запустуваше црквата, влегувајќи во куќите, извлекуваше мажи и жени и ги предаваше во темница.
  4 Оние кои беа распрснати одеа, проповедувајќи го Словото.
  5 Така, Филип дојде во главниот град на Самарија и им го проповедаше Христа.
  6 И народот еднодушно внимаваше на Филиповите зборови; и ги слушаше и ги гледаше чудата, што ги правеше.
  7 Зашто нечистите духови излегуваа со голема викотница, а мнозина фатени и хроми беа исцелени.
  8 И стана голема радост во оној град.
  9 А порано во тој град се наоѓаше еден човек, по име Симон, кој правеше магии и го зачудуваше самарискиот народ, зборувајќи за себе дека е нешто големо;
10 овој го слушаа сите од мал до голем, велејќи: „Овој е голема Божја сила.”
11 А го слушаа затоа што долго време ги восхитуваше со своите магии.
12 А кога му поверуваа на Филипа, кој го проповедаше Евангелието за Божјото Царство и за името на Исуса Христа, се крштаваа мажите и жените.
13 И самиот Симон поверува и откако беше крстен, продолжи со Филипа, гледајќи ги знаците и големите сили што се збиднуваа, се восхитуваше.
14 А кога апостолите, кои беа во Ерусалим, чуја дека Самарија го прими Божјото слово, им ги испратија Петра и Јована,
15 кои слегоа и се помолија за нив, за да Го примат Светиот Дух,
16 зашто уште ни на еден од нив не беше слегол, а само беа крстени во името на Господа Исуса.
17 Тогаш ги положија рацете на нив и тие Го примија Светиот Дух.
18 А кога Симон виде дека Светиот Дух се дава со полагање на апостолските раце, им понуди сребреници,
19 велејќи: „Дајте ми ја мене таа власт, на кого ќе ги положам рацете, да Го прими Светиот Дух!”
20 Но Петар му рече: „Нека одат во пропаст твоите сребреници заедно со тебе, зашто си помислил да го добиеш Божјиот дар со сребреници!
21 Нема за тебе ни дел ни учество во оваа работа, зашто твоето срце не е право пред Бога.
22 Затоа, покај се од оваа твоја нечесност и моли Го Господа да ти ја прости помислата на твоето срце.
23 Зашто гледам дека си во горчлива жолчка и во оковите на неправдата.
24 А Симон во одговор рече: „Молете Му се вие на Господа за мене, за да не ме најде ништо од она што рековте!”
25 Тие пак, откако посведочија и го кажаа Господовото слово, се вратија во Ерусалим, проповедувајќи им го Евангелието на многу самариски села.
26 И Господов ангел му рече на Филипа: „Стани и оди кон југ, по патот што се спушта од Ерусалим кон Газа, и тој е пуст.
27 Тој стана и отиде. И ете, маж Етиопец - скопеник, дворјанин на етиопската царица Кандакија, кој беше одговорен над целата и ризница, а беше дошол во Ерусалим да се поклони,
28 и на враќање, седеше во својата кола и го читаше пророкот Исаија.
29 А Духот му рече на Филипа: „Приближи се и придружувај ја колата!”
30 Кога Филип притрча и чу дека оној го чита пророкот Исаија, и рече: „Го разбираш ли тоа, што го читаш?”
31 Тој пак рече: „Како би можел да разберам, ако некој не ме упати!” И го повика Филипа да се качи и да седне со него.
32 А местото од Писмото, што го читаше, беше ова: „Беше одведен како овца на колење; и како што јагнето е немо пред оној, кој го стриже, така не ја отвори Својата уста.
33 Во Неговото понижување Му беше укинат судот. Кој ќе го изброи Неговото поколение? зашто Неговиот живот се зема од земјата.”
34 Тогаш Етиопјанецот во одговор му рече на Филипа: „Те молам, за кого го вели ова пророкот? За себе или за некој друг?”
35 А Филип ја отвори устата и почнувајќи од тоа Писмо, му проповедаше за Исуса.
36 А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, Етиопјанецот рече: „Еве вода! Што ми пречи да се крстам?”
37 А Филип рече: „Ако веруваш од сè срце - можеш.” Тој одговори и рече: „Верувам дека Исус Христос е Божји Син.”
38 И заповеда да застане колата, и двајцата - Филип и Етиопјанецот - слегоа во водата. И го крсти.
39 А кога излегоа од водата, Господовиот Дух го зеде Филипа, и Етиопјанецот веќе не го виде. Но продолжи радосно по својот пат.
40 А Филип се најде во Азот, а потоа, поминувајќи го проповедаше Евангелието, по сите градови додека не дојде во Ќесарија.
Глава  9                                     
  
1 А Савле, кој сè уште дишеше со закана и убиство против Господовите ученици, отиде при првосвештеникот,
  2 и измоли од него писма до синагогите во Дамаск; ако најде таму некои следбеници на овој Пат, мажи и жени, да ги доведе врзани во Ерусалим.
  3 Кога на својот пат му се приближи на Дамаск, одненадеж го осветли светлина од небото;
  4 и падна на земјата и чу глас, кој му рече: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?”
  5 А тој рече: „Кој си Ти, Господине?” А Тој рече: „Јас Сум Исус, Кого ти Го гониш. Тешко е за тебе да се риташ против бодило!”
  6 Тресејќи се од страв и ужас, тој праша: „Господи што сакаш да направам?” А Господ му рече: „Стани и влези во градот, и ќе ти се каже, што треба да правиш!”
  7 А мажите, кои го придружуваа, стоеја занемени, зашто го чуја гласот, а не видоа никого.
  8 И Савле стана од земјата; иако очите му беа отворени, не гледаше ништо. Тогаш го зедоа за рака и го воведоа во Дамаск.
  9 И беше слеп три дни: и не јадеше ниту пиеше.
10 А во Дамаск беше еден ученик, по име Ананиј, и Господ му рече во привидение: „Ананиј!” А тој рече: „Еве ме, Господи!”
11 А Господ му рече: „Стани и оди во улицата, што се вика „Права,” и во Јудината куќа побарај го тарсанецот, наречен Савле! Зашто, ете, тој се моли.”
12 И виде во видение човек по име Ананиј, како влегува при него и ги полага рацете на него за да прогледа.
13 Ананиј одговори: „Господи, чув од мнозина за тој човек, колку зло им направил на Твоите свети во Ерусалим.
14 И тука има власт од свештеничките главатари да ги врзе сите оние, кои го повикуваат Твоето име.”
15 А Господ му рече: „Оди, зашто тој човек е Мој избран сад, за да го изнесе Моето име пред народите, и пред царевите, и пред Израелевите синови;
16 Јас ќе му покажам колку треба да пострада за Моето име.”
17 И Ананиј отиде, и влезе во куќата и ги положи рацете на него и рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави на патот по кој доаѓаше, ме испрати за да прогледаш и да се исполниш со Светиот Дух.”
18 И веднаш паднаа од неговите очи како лушпи и тој прогледа; стана и беше крстен;
19 и прими храна, и закрепна. Неколку дена Савле помина со учениците, кои беа во Дамаск.
20 И веднаш Го проповедаше Исуса по синагогите, дека е Тој Божји Син.
21 А сите кои го слушаа, се восхитуваа и велеа: „Не е ли овој, кој во Ерусалим ги истреби оние, кои го повикуваа ова Име, и зар не дојде ваму, за да ги поведе врзани пред свештеничките главатари?”
22 Но Савле беше сè посилен и ги збунуваше Јудејците, кои живееја во Дамаск, докажувајќи дека Овој Исус е Месија - Помазаник.
23 И кога минаа многу дни, Јудејците се одлучија да го убијат.
24 Но Павле узна за нивниот заговор. А тие ги чуваа градските врати, дење и ноќе, за да го убијат.
25 Но учениците го зедоа и го спуштија ноќе во кошница преку ѕидот.
26 А кога дојде во Ерусалим, се обидуваше да им се доближи на учениците; но сите се боеја од него, зашто не веруваа дека е ученик.
27 Тогаш Варнава го зеде и го одведе при апостолите и им раскажа како патем Го видел Господа, и дека му зборуваше, и како во Дамаск проповедаше смело во Исусовото Име.
28 И со нив влегуваше во Ерусалим, и излегуваше,
29 проповедајќи смело во Господовото име. Зборуваше и се препираше со елинистите, а тие гледаа да го убијат.
30 А кога браќата го научија тоа, го одведоа во Ќесарија, и оттаму го испратија во Тарс.
31 И така, црквите по цела Јудеја, Галилеја и Самарија беа во мир; се изградуваа и одеа во Господовиот страв и со утехата на Светиот Дух, се намножуваа.
32 А кога Петар ги обиколуваше сите, дојде и при светите, кои живееја во Лида.
33 Таму најде еден човек, по име Енеј, кој лежеше осум години парализиран на постела.
34 И Петар му рече: „Енеј, Исус Христос те исцелува; стани и направи си го леглото!” И тој стана веднаш.
35 И го видоа сите жители во Лида и во Сарон, и се обрнаа кон Господа.
36 А во Јопија беше една ученичка по име Тавита, што преведено на елински значи Срна. Таа беше полна со добри дела и милостини, што ги правеше.
37 Во оние денови се разболе и умре; ја искапија и ја ставија во горната соба.
38 А бидејќи Лида е близу до Јопија, учениците чуја дека Петар е во Лида и испратија при него два човека со молба: „Не се двоуми да дојдеш до нас!”
39 А Петар стана и отиде со нив. Кога дојде, го одведоа во собата; и му пристапија сите вдовици плачејќи и покажувајќи му ги туниките и облеките, што ги правеше Срна додека беше со нив.
40 А Петар ги истера сите надвор, клекна на колена и се помоли; и се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!” А таа ги отвори очите, и кога го виде Петра седна.
41 А тој и ја подаде раката и ја подигна. Потоа ги повика светите и вдовиците и им ја покажа жива.
42 Тоа се разгласи по сета Јопија и мнозина поверуваа во Господа.
43 Тој пак остана многу денови во Јопија, кај некојси кожар Симон.
Глава  10                                     
  
1 Во Ќесарија беше некој човек, по име Корнелиј, стотник во таканаречениот Италиски полк;
  2 беше побожен и богобојазлив со сиот свој дом; кој му даваше многу милостини на народот и Му се молеше на Бога постојано.
  3 Околу деветтиот час на денот, виде јасно во видение Божји ангел, како доаѓа при него и му рече: „Корнелиј!”
  4 А тој погледна во него и исплашен рече: „Што е, Господи?” Му рече: „Твоите молитви и твоите милостини се воздигнаа до Бога и Тој си спомнува за нив.
  5 И сега, испрати луѓе во Јопија и повикај некој Симон, кој се вика Петар.
  6 Тој му е гостин на некој Симон, кожар, чија куќа е покрај морето; тој ќе ти каже што треба да направиш.”
  7 И кога си отиде ангелот, кој му зборуваше, повика двајца свои слуги и еден побожен војник, од оние, кои беа постојано покрај него,
  8 и им кажа сè и ги испрати во Јопија.
  9 А утреден, додека тие патуваа и наближуваа до градот, Петар излезе околу шестиот час, се качи на покривот на куќата, да се помоли.
10 Огладне и посака да јаде; и додека му приготвуваа јадење, тој имаше видение:
11 и виде отворено небо и некаков сад како големо платно да слегува и се спушта со своите четири краишта на земјата.
12 Во него беа сите четвороножни животни, и земни лазачи, и небесни птици.
13 И еден глас му рече: „Стани, Петре, заколи и јади!”
14 А Петар рече: „Никако, Господи, зашто уште никогаш не сум јал нешто погано и нечисто!”
15 И гласот повторно му се јави: „Она што Бог го очистил, ти не наречувај го погано!”
16 И тоа се случи трипати, и садот веднаш беше земен на небо.
17 И додека Петар беше во недоумение во себе, што би можело да значи видението, што го виде; ете, луѓето испратени од Корнелиј, откако се распрашаа за Симоновата куќа, застанаа пред вратата,
18 и прашаа: „Дали е тука на гости Симон, наречен Петар?”
19 И додека Петар уште размислуваше за видението, Духот му рече: „Еве, те бараат тројца мажи;
20 туку стани, слези и оди со нив не размислувајќи, зашто Јас ги пратив!”
21 Тогаш Петар слезе при луѓето, испратени од Корнелиј при него и рече: „Еве, јас сум оној, кого го барате. Зошто дојдовте?”
22 А тие рекоа: „Стотникот Корнелиј - маж праведен и богобојазлив, посведочен од целиот јудејски народ, прими заповед од свет ангел да те повика во својот дом и да чуе зборови од тебе.”
23 Тогаш ги повика внатре и ги нагости. А утреден стана и отиде со нив, и некои браќа од Јопија отидоа со него.
24 На другиот ден влегоа во Ќесарија, а Корнелиј ги чекаше, откако ги повика своите роднини и блиските пријатели.
25 А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони.
26 А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”
27 И разговарајќи со него, влезе и најде мнозина собрани.
28 И им рече: „Вие знаете дека на Јудеец не му прилега да се дружи со човек од друг род и да доаѓа при него. Но, мене Бог ми покажа никого да не наречувам поган или нечист.
29 Затоа дојдов без приговор, кога ме повикавте. Затоа прашувам - по која причина ме повикавте?”
30 И Корнелиј рече: „Пред четири дена, во овој час, во деветтиот час, се молев во својот дом;
31 и ете, пред мене застана човек во светла облека и рече: ‘Корнелиј, послушана е твојата молитва и Бог си спомна за твоите милостини.
32 И така, испрати некого во Јопија и повикај го Симона, кој се вика Петар! Тој е гостин во куќата на Симона, кожарот, покрај морето; кога тој ќе дојде ќе ти зборува.’
33 И веднаш пратив при тебе, и ти направи добро што дојде. Сега тука, сите сме пред Бога, за да чуеме сè што Господ ти заповедал.”
34 Тогаш Петар ја отвори устата и рече: „ Вистина гледам дека Бог не гледа на лице,
35 туку Нему Му е мил во секој народ оној, кој се бои од Него и кој прави правда.
36 Вие го знаете Словото што им го испрати на Израелевите синови, објавувајќи го Евангелието на мирот преку Исуса Христа; Овој е Господ на сите.
37 Вие знаете што се случи по сета Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го проповедаше Јован;
38 Го знаете Исуса од Назарет, како Бог Го помаза со Светиот Дух и со сила, Кој помина правејќи добрини и оздравувајќи ги сите, кои ѓаволот ги измачуваше, зашто Бог беше со Него.
39 И ние сме сведоци за сè што направи во Јудејската Земја и во Ерусалим; Него Го убија обесувајќи Го на дрво.
40 Него Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се јави,
41 но не на сите луѓе, а на однапред од Бога избраните сведоци - нам, кои јадевме и пиевме со Него по Неговото воскресение од мртвите.
42 И Тој ни заповеда да му проповедаме на народот и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија на живите и мртвите.
43 Сите пророци сведочат за Него, дека секој кој верува во Него, ќе добие преку Неговото име опростување на гревовите.”
44 Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Светиот Дух слезе на сите, кои го слушаа словото;
45 и се зачудија обрезаните верници, кои дојдоа со Петра, дека и на народите се излеа дарот на Светиот Дух;
46 зашто ги чуја како зборуваат јазици и Го величаат Бога. Тогаш Петар рече:
47 ”Може ли некој да им ја забрани водата, да не се крстат овие, кои Го примија Светиот Дух како и ние?”
48 И заповеда да ги крстат во името на Исуса Христа. Тогаш го замолија да остане уште неколку денови.

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная