логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

13.12.2010 год.

(понеделник)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

16-ден

  Tome.sv.Ekaterina3.jpg

16 ден: Јован 1-5
1 | 2 | 3 | 4| 5

Глава  1                                     
  
  1 Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.
  2 Тоа беше во почетокот во Бога.
  3 Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него.
  4 Во Него беше живот и животот им беше светлина на луѓето.
  5 И светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати.
  6 Се јави човек, испратен од Бога, по име Јован.
  7 Тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.
  8 Тој не беше светлина, туку да сведочи за Светлината.
  9 Вистинската Светлина, Која го осветлува секој човек, доаѓаше во светот.
10 Беше во светот, и светот стана преку Него, но светот не Го позна.
11 Дојде при Своите, но Неговите не Го примија.
12 А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име:
13 кои не се родија ниту од крв, ниту од телесна похот, ни од волја на маж, туку од Бога.
14 И Словото стана тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава, славата што ја има како Единороден од Таткото - полн со благодат и вистина.
15 Јован сведочи за Него и вика: „Еве Го Оној, за Кого реков: Оној, Кој доаѓа после мене, пред мене е, зашто беше пред мене!”
16 И, сите ние примивме од Неговата полнота: благодат врз благодат.
17 Зашто, Законот беше даден преку Мојсеја, а преку Исуса Христа дојдоа благодатта и вистината.
18 Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот СинБог, Кој е во прегратката на Таткото, Тој Го објави.”
19 А ова е Јовановото сведоштво, кога Јудејците од Ерусалим му испратија свештеници и левити, за да го прашаат: „Кој си ти?”
20 И призна и не одрече, та исповеда: „Јас не сум Христос.”
21 И го прашаа: „Тогаш што! Илија ли си?” „Не сум,” одговори. „Да не си пророк?” „Не,” одговори.
22 Тогаш му рекоа: „Кој си? за да можеме да им одговориме на оние, кои нè испратија! Што велиш ти за себеси?”
23 Рече: „Јас сум глас на оној, кој вика во пустината: израмнете го Господовиот пат,” како што рече пророкот Исаија.”
24 Испратените беа фарисеи.
25 Тие го прашаа и му рекоа: „Тогаш зошто крштаваш, кога не си Христос, ниту Илија, ни пророк?”
26 ”Јас крштавам со вода им одговори Јован - но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате.
27 Тој е Оној Кој доаѓа по мене, Кој беше пред мене, Кому јас не сум достоен да му го одврзам ременот на Неговите обувки.”
28 Тоа се случи во Витавара, од онаа страна на Јордан, каде што крштаваше Јован.
29 Утреден Јован Го виде Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Божјото Јагне, Кое ги зема гревовите на светот!
30 Овој е Оној за Кого ви реков: „По мене доаѓа Човек, Кој постоеше пред мене, зашто беше пред мене.”
31 Јас не Го познавав. Но затоа дојдов да крштавам во вода, за да му Го објавам на Израел.”
32 Јован сведочеше уште: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб, и застана над Него.
33 Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.”
34 И јас видов и сведочам дека Тој е Божји Син.”
35 Идниот ден, Јован стоеше пак и двајца од неговите ученици,
36 и штом Го виде Исуса да поминува, рече: „Еве Го Божјото Јагне!”
37 Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика тргнаа по Исуса.
38 Исус се заврти и, кога виде дека идат по Него, ги праша: „Што барате?” Тие Му одговорија: „Рави (што значи учител) каде живееш?”
39 ”Дојдете и видете!” им одговори. И така, отидоа да видат каде живее, и останаа при Него оној ден. Тоа беше околу десеттиот час.
40 Еден од двајцата кои тргнаа по Исуса, откако ги чуја Јовановите зборови, беше Андреј, братот на Симона Петра.
41 Тој го најде првин брата си Симона и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи Христос (Помазаник).”
42 И го доведе при Исуса. А Исус, гледајќи го му рече: „Ти си Симон, синот Јонин; ти ќе се наречеш Кифа, што значи камен (Петар).”
43 На другиот ден Исус посака да отиде во Галилеја, и го најде Филипа. И му рече: „Дојди по Мене!”
44 Филип беше од Витсаида, од Петровиот и Андреевиот град.
45 Филип го сретна Натанаила и му рече: „Го најдовме Оној за Кого пишува Мојсеј во Законот и Пророците: Исуса, синот Јосифов од Назарет.”
46 ”Може ли да излезе нешто добро од Назарет?”, му рече Натанаил. „Дојди и види”, му одговори Филип.
47 Исус го забележа Натанаила, како Му се приближува, и рече за него: „Еве, вистински Израелец, во кого нема лукавство.”
48 ”Откаде ме познаваш?”, го праша Натанаил. „Уште пред да те повика Филип - му одговори Исус - те видов под смоквата.”
49 ”Рави! - му одговори Натанаил - Ти си Божји Син! Ти си Израелев Цар!”
50 Исус во одговор му рече: „Веруваш, зашто ти реков дека те видов под смоквата! Ќе видиш и повеќе од тоа!”
51 И му рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го видите небото отворено и Божјите ангели како се искачуваат и слегуваат над Човечкиот Син.”

Глава  2                                     
  
 1 А на третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска, и Исусовата мајка беше таму.
  2 Ги повикаа на свадбата и Исуса и Неговите ученици.
  3 Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.”
  4 Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.”
  5 Неговата мајка им рече на слугите: „Што и да ви рече, направете.”
  6 Таму имаше шест камени садови, според прописот за јудејското миење, што собираа по две до три мери.
  7 Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!” И ги наполнија догоре.
  8 Тогаш им рече: „Сега нацрпете и однесете му на старосватот!” И му однесоа.
  9 А кога старосватот вкуси од водата претворена во вино - а не знаеше од каде е, но знаеја слугите, кои црпеа од водата - го повика младоженецот
10 и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат - слабото. Ти си го чувал доброто вино досега.”
11 Ова го направи Исус во Кана Галилејска како почеток на чудесата и ја објави Својата слава; и Неговите ученици поверуваа во Него.
12 Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, и Неговите браќа, и Неговите ученици, и останаа таму неколку дена.
13 И беше близу јудејската Пасха и Исус се искачи во Ерусалим.
14 И ги најде во Храмот продавачите на волови, овци и гулаби и менувачите на сребреници - како седат таму.
15 Направи бич од јажиња и ги истера сите од Храмот, заедно со овците и воловите. На среброменувачите им ги истури сребрениците и им ги преврте масите.
16 А на оние, кои продаваа гулаби им рече: „Однесете го тоа оттука! Не правете трговска куќа од Домот на Мојот Татко!”
17 Неговите ученици се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот Дом Ме изеде.”
18 Тогаш Јудејците Го прашаа: „Со каков знак ни го докажуваш тоа што го правиш?”
19 А Исус им одговори и рече: „Разурнете го овој Храм, и ќе го подигнам за три дни!”
20 Тогаш Јудејците рекоа: „Храмов е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?”
21 Но Тој зборуваше за Храмот на Своето тело.
22 Кога воскресна, пак, од мртвите, Неговите ученици се сетија дека го рече тоа; па им поверуваа на Писмото и на зборот, што Исус им го рече.
23 А кога беше во Ерусалим, на празникот Пасха, мнозина поверуваа во Неговото име, гледајќи ги знаците, што ги правеше.
24 Но Самиот Исус не им се доверуваше, зашто ги познаваше сите,
25 и немаше потреба некој да Му сведочи за човекот, зашто Самиот знаеше што има во човекот.
 
 подар и на саботата.”
Глава  3                                     
  
1 А меѓу фарисеите имаше еден човек, по име Никодим, јудејски старешина.
  2 Тој дојде ноќе при Исуса и Му рече: „Рави! Знаеме дека си дојден од Бога како Учител; зашто никој не може да ги прави чудесата, што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.”
  3 Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото Царство.”
  4 Никодим Му рече: „Како може да се роди човек, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?”
  5 Исус му одговори: „Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство.
  6 Роденото од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е.
  7 Не чуди се што ти реков: треба да се родите одозгора.
  8 Ветерот дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој, кој е роден од Дух.”
  9 Никодим Му одговори и рече: „Како може да биде тоа?”
10 Исус му одговори и рече: „Ти си Израелев учител, и не го знаеш ли тоа?
11 Вистина, вистина, ти велам: зборуваме за она, што знаеме; сведочиме за она што сме виделе; а сепак не го примате нашето сведоштво.
12 Не верувате кога ви зборував за земните работи, како ќе верувате ако ви кажувам за небесните?
13 И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син Кој е во небото.”
14 И како што Мојсеј ја издигна змијата во пустината, така треба да биде издигнат Човечкиот Син,
15 та секој, кој верува во Него да не загине, но да има вечен живот.
16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.
19 Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли.
20 Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат откриени неговите дела;
21 а кој ја извршува вистината оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога.
22 Потоа Исус дојде со Своите ученици во Јудеја; таму се задржа со нив и крштаваше.
23 Исто и Јован крштаваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода, и луѓето доаѓаа и се крштаваа;
24 зашто Јован уште не беше фрлен во темница.
25 Така настана препирка меѓу Јовановите ученици и еден Јудеец околу очистувањето.
26 И дојдоа при Јована и му рекоа: „Учителе, ене, Оној Кој беше со тебе на онаа страна на Јордан, за Кого ти сведочеше, Тој крштава, и сите одат при Него.”
27 Јован одговори и рече: „Не може човек ништо да земе, ако не му е дадено од небото.
28 Вие сами сте мои сведоци дека реков: „Јас не сум Христос, туку сум испратен пред Него.”
29 Кој има невеста, тој е младоженец. А пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, се радува многу штом ќе го чуе гласот на младоженецот. И така, оваа моја радост се исполни.
30 Тој треба да расте, а јас да се смалувам!”
31 Кој доаѓа одозгора, над сите е; кој е од земјата, земен е и зборува земски. Кој доаѓа од небото над сите е;
32 тој сведочи за она што видел и чул, но никој не го прима Неговото сведоштво.
33 Кој го примил Неговото сведоштво, потврдува дека Бог е вистински.
34 Зашто Оној Кого Бог Го испратил говори Божји зборови; бидејќи, Бог не дава Дух со мерка.
35 Таткото Го љуби Синот и сè предаде во Неговата рака.
36 Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.”
 
 Глава  4                                     
  
1 Кога Исус научи дека фарисеите чуле оти Тој придобива и крштава повеќе ученици од Јована,
  2 - иако самиот Исус не крштаваше, туку Неговите ученици, -
  3 ја напушти Јудеја и се врати пак во Галилеја.
  4 А требаше да помине преку Самарија.
  5 Така дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, во близина на земјиштето, што Јаков му го даде на сина си Јосифа;
  6 таму беше Јакововиот Извор. А Исус, изморен од патот, седеше така на кладенецот; беше околу шестиот час.
  7 Дојде една самарјанка, за да нацрпи вода. Исус и рече: „Дај Ми да пијам!”
  8 Зашто учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.
  9 Самарјанката Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, Самарјанка, да пиеш?” Имено, Јудејците не општеа со Самарјанците.
10 Исус и одговори и рече: „Кога би знаела за Божјиот дар и Кој е Оној што ти вели: ‘Дај ми да пијам,’ ти би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.”
11 Жената Му одговори: „Нема со што да нацрпиш, господине, а кладенецот е длабок! Тогаш, од каде имаш жива вода?
12 Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде кладенецов? И тој самиот пиеше од него, и неговите синови, и неговиот добиток!”
13 Исус во одговор и рече: „Секој кој пие од водава, пак ќе ожедни.
14 А кој пие од водата што Јас ќе му ја дадам нема да ожедни довека, туку водата што ќе му ја дадам, ќе стане во него извор на вода, извирајќи во вечен живот.”
15 Жената Му рече: „Господине, дај ми од водата за да не ожеднувам и да не доаѓам тука да нацрпувам!”
16 Исус и рече: „Оди, повикај го мажа си и врати се тука!”
17 Жената му одговори и рече: „Јас немам маж.” Исус и рече: „Право кажа дека немаш маж;
18 зашто си имала петмина мажи и тој, кого го имаш сега, не ти е маж. Тоа го рече вистинито.”
19 Жената Му рече: „Господине, гледам дека си пророк.
20 Нашите татковци Му се поклонуваа на Бога на оваа планина, а вие велите дека Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме.”
21 Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим.
22 Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците.
23 Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници.
24 Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.”
25 Жената Му одговори: „Знам дека ќе дојде Месија, Кој се вика Христос. Кога ќе дојде Тој, ќе ни објави сè.”
26 Исус и рече: „Јас Сум, Кој зборувам со тебе.”
27 Тогаш дојдоа Неговите ученици и се чудеа дека разговара со жена, но ниеден не рече: „Што сакаш?” или: „Зошто разговараш со неа?”
28 Тогаш жената ја остави својата стомна и отиде во градот, па им рече на луѓето:
29 ”Дојдете да Го видите Човекот, Кој ми кажа сè што сум направила! Да не е Тој Христос?”
30 Тие излегоа од градот и тргнаа кон Него.
31 Во меѓувреме учениците Го молеа Исуса: „Рави, јади!”
32 Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.”
33 Тогаш учениците зборуваа помеѓу себе: „Да не му донесол некој јадење?”
34 Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој ме прати и да го завршам Неговото дело.
35 Зар вие не велите: „Уште четири месеци и жетвата ќе дојде! „Еве, ви велам: подигнете ги своите очи и видете ги нивите како побелеле за жетва!
36 Жетварот веќе добива плата и собира плод за вечен живот; да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.
37 Зашто во ова вистинска е пословицата: „Еден сее, а друг жние!”
38 Јас ве испратив да жниете, каде што не сте се труделе. Други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.
39 И мнозина самарјани од градот поверуваа во Него по зборовите на жената, која сведочеше: „Тој ми кажа сè што сум направила.”
40 Па кога Самарјанците дојдоа при Него, Го замолија да остане кај нив; и остана таму два дена.
41 И уште повеќе од нив поверуваа заради Неговото слово,
42 а на жената и велеа: „Сега не веруваме заради твоето кажување; зашто самите чувме и знаеме дека Тој е навистина Христос, Спасителот на светот.”
43 По два дена тргна оттаму за Галилеја.
44 Зашто Самиот Исус изјави дека пророкот нема чест во својата родина.
45 И така, кога дојде во Галилеја, Галилејците Го примија, зашто беа виделе сè што стори во Ерусалим на празникот, бидејќи и самите дојдоа на празникот.
46 И пак дојде во Кана Галилејска, каде ја претвори водата во вино. А имаше еден царски службеник, чиј син беше болен во Капернаум.
47 Тој, штом чу дека Исус дојде од Јудеја во Галилеја, отиде при Него и Го замоли да слезе и да му го исцели синот, зашто беше на умирање.
48 Тогаш Исус му рече: „Ако не видите знаци и чудеса, нема да поверувате.”
49 Царскиот службеник Му рече: „Господине, слези пред да ми умре детето!”
50 Исус му рече: „Оди си, твојот син е жив!” Човекот му поверува на зборот, што му го кажа Исус и си замина.
51 И додека уште слегуваше, неговите слуги го пресретнаа и му соопштија дека син му е жив.
52 А тој ги праша за часот во кој му станало полесно. Тие му одговорија: „Вчера, во седмиот час, го остави треската.”
53 Тогаш таткото разбра дека тоа се случило во часот кога Исус му рече: „Твојот син е жив!” И поверува тој и целиот негов дом.
54 Ова пак второ чудо го направи Исус, кога дојде од Јудеја во Галилеја.
Глава  5                                     
1 Потоа беше јудејски празник и Исус се искачи во Ерусалим.
  2 А во Ерусалим, при Овчата Врата, има бања со пет тремови, на еврејски наречена Витезда.
  3 Во нив лежеа мнозина болни; слепи, хроми и суви, (кои чекаа да се раздвижи водата.
  4 Зашто, ангел, одвреме на време, слегуваше во бањата и ја раздвижуваше водата, а кој прв ќе влезеше - откако ќе се разбрануваше водата - оздравуваше од каква и да било болест да страдаше.)
  5 Таму имаше еден човек, кој лежеше болен триесет и осум години.
  6 Кога Исус го виде како лежи и кога узна дека веќе долго боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?”
  7 Болниот Му одговори: „Господине, немам човек да ме спушти во бањата, кога ќе се разбранува водата; а додека дојдам јас, друг слегува пред мене.”
  8 Исус му рече: „Стани, подигни ја својата постела и оди!”
  9 И човекот оздраве веднаш, ја зеде својата постела и почна да оди. А тој ден беше сабота.
10 Затоа Јудејците му рекоа на оздравениот човек: „Сабота е и не смееш да ја носиш постелата.”
11 Но тој им одговори: „Оној, Кој ме излечи ми рече: „Подигни ја својата постела и оди!”
12 Тогаш го прашаа: „Кој е човекот кој ти рече: „Подигни ја својата постела и оди?”
13 А исцелениот не знаеше Кој е, зашто Исус се отстрани, бидејќи имаше многу народ на тоа место.
14 Потоа Исус го најде во Храмот и му рече: „Ете, оздраве, не греши повеќе, за да не те снајде нешто полошо.”
15 Човекот отиде и им кажа на Јудејците дека Исус го излекува.
16 И затоа Јудејците Го гонеа Исуса, и сакаа да Го убијат, дека тоа го направи во сабота.
17 А Исус им одговори: „Мојот Татко работи постојано, па и Јас работам.”
18 Затоа Јудејците Го бараа уште повеќе да Го убијат, не само дека ја нарушуваше саботата, туку дека и Бога Го наречуваше Свој Татко, изедначувајќи се со Бога.
19 А Исус пак во одговор им рече: „Вистина, вистина ви велам, Синот не може ништо да прави Сам од Себе, ако не види што прави Таткото; зашто она што го прави Таткото истото го прави и Синот.
20 Зашто Таткото Го љуби Својот Син и Му покажува сè што прави Сам и ќе Му покаже дела уште поголеми од овие, за да се чудите.
21 Зашто, како што Таткото воскреснува мртви и ги оживува, така и Синот ги оживува оние, кои што сака.
22 Таткото не суди никого, туку целиот суд Му го даде на Синот,
23 за сите да Го почитуваат Синот, како што Го почитуваат Таткото. Кој не Го почитува Синот - не Го почитува ни Таткото, Кој Го пратил.
24 Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот.
25 Вистина, вистина ви велам дека доаѓа час - и веќе е тука - кога мртвите ќе го чујат гласот на Божјиот Син, и кои ќе го чујат, ќе живеат.
26 Зашто како што Таткото има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе.
27 Му ја даде и власта да суди, зашто е Човечки Син.
28 Не чудете се на тоа, зашто доаѓа час во кој сите, кои се во гробовите, ќе го чујат Неговиот глас
29 и ќе излезат од нив, кои правеле добро, ќе воскреснат за живот; а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување.
30 Јас ништо не можам да правам Сам од Себе; како што слушам, така судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме прати.
31 Ако Јас сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво нема да биде вистинско.
32 Има Друг Кој сведочи за Мене и знам дека е вистинско сведоштвото што го дава за Мене.
33 Вие пративте при Јована, и тој посведочи за вистината;
34 но јас не примам сведоштво од човек, туку го кажувам ова, за да се спасите вие.
35 Тој беше светило, што гореше и светеше, но вие сакавте да се радувате малку време на неговата светлина.
36 Јас пак имам сведоштво поголемо од Јовановото: делата што Таткото Ми ги даде да ги завршам, токму тие дела, што ги правам, сведочат за Мене - дека Таткото Ме пратил.
37 И Таткото, Кој Ме прати, Самиот сведочи за Мене. Вие ни го чувте некогаш Неговиот глас, ниту го видовте Неговото лице,
38 и Неговите зборови ги немате постојано во вас, зашто не Му верувате на Оној, Кого Тој Го пратил.
39 Вие ги проучувате Писмата, зашто мислите дека имате вечен живот во нив; и тие сведочат за Мене.
40 Но вие не сакате да дојдете при Мене, за да имате живот.
41 Слава не примам од луѓе,
42 но знам дека вие немате во себеси Божјата љубов.
43 Јас дојдов во името на Мојот Татко, и не Ме примате. Ако дојде друг во свое име, него ќе го примите.
44 Како можете да верувате, кога примате слава еден од друг, а не ја барате славата, што доаѓа од Единиот Бог?
45 Не мислете дека Јас ќе ве обвинам пред Таткото; има кој ве обвинува - Мојсеј, на кого се надевате.
46 Зашто, ако му верувавте на Мојсеја, ќе Ми верувавте и Мене; зашто тој пишуваше за Мене.
47 Но ако не им верувате на неговите Писма, како ќе им верувате на Моите зборови?”

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная