


Од ИТ.ком.мк велат : “Како медиум за информатичка технологија знаеме дека иновативноста и креативноста се неопходни за оваа индустрија која го менува секој сегмент од нашиот секојдневен живот. Затоа, за да мотивираме и инспирираме, IT.com.mk за прв пат организира награди за најдобрите , иновативните и креативните умови и проекти од македонската ИКТ сцена во 2010 година.”
Премин Портал, номиниран во категоријата .мк сајт на годината , го прифаќа фактот дека технолошкиот напредок донесе промени во начинот на живот, на навиките, на севкупната комуникација помеѓу луѓето. Нашето стојалиште е дека употребата на информациско-комуникациските технологии се алатка, која ќе ни овозможи брза, навремена, духовна и душеполезна интеракција со посетителите, каде и да се наоѓаат.
Доколку сметате дека Премин Портал ја заслужува вашата поддршка, можете да гласате во категоријата .мк сајт на годината на следниот линк
Гласањето трае до 22-ри декември, а победниците ќе бидат прогласени на 26-ти декември.
Напомена: Секој посетител има право да гласа само еднаш. За да се избегне злоупотреба и “местење”, се користи верификација според ИП (интернет протокол) адреса и cookies. Се зачувуваат и логови.




Лето Господово 2010