логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


12.12.2010 год.

(недела)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

15-ден

 

 Tome.sv.Ekaterina3.jpg


15 ден: Лука 22-24
22 | 23 | 24

22

1 Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха;
2 а првосвештениците и книжниците гледаа како да Го погубат, оти се плашеа од народот.
3 И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариот, еден од бројот на дванаесетте.
4 и кога отиде, се договори со првосвештениците и началниците како да им Го предаде.
5 Тие се зарадуваа и се согласија да му предадат сребреници.
6 И тој вети, и бараше погодно време, да им Го предаде тајно од народот.
7 И дојде денот Бесквасници, кога требаше да се заколне пасхалното јагне;
8 па ги испрати Исус Петра и Јована и им рече: “Отидете и подгответи ни пасха, за да јадеме?”
9 А тие Му рекоа: “Каде сакаш да приготвиме?”
10 Он им рече: Ете, влегувајќи в град, ќе ве сретне човек со стомна вода; одете по него во куќата, каде што влезе,
11 и кажете му на домаќинот од куќата: ‘Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со учениците Свои?’
12 И тој ќе ви покаже голема одаја послана; таму пригответе.”
13 Кога отидоа, најдоа како што им беше рекол и ја приготвија пасхата.
14 А кога дојде времето, Он седна на трпезата и дванаедетте апостоли со Него.
15 И им рече: “Од се срце сакав да ја јадам оваа пасха со вас, пред да пострадам;
16 оти, ви велам: нема веќе да ја јадам оваа пасха со вас, пред да пострадам;
17 Па како ја зеде чашата, заблагодари и рече: “Земете и разделете ја помеѓу себе,
18 зашто нама да пијам од лозовиот плот, додека не дојде царството Божјо.”
19 Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: “Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!”
20 Исто така и со чашата, по вечерата, велејќи: “Оваа чаша е Новиот завет со Мојата крв, која се пролива за вас.
21 Но, ете, раката на оној што Ме предава е со Мене на трпезава.
22 Синот Човечки, пак, оди, според она како што е определено, но тешко на оној човек, што ќе Го предаде.”
23 И почнаа да се прашуват помеѓу себе, кој ли ќе е од нив што ќе го направи тоа?
24 А се појави помеѓу нив препирка, кој од нив се смета за поголем.
25 Но Он им рече: “Царевите владеат над народите, а оние што управуваат над нив се викаат добротвори.
26 Вие, пак, немојте така; но поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот, и тој, што е старешина, да биде како слуга.
27 Зашто кој е поголем: тој што седи на трпеза, или оној што слугува? Зар не е оној што седи? А Јас сум меѓу вас како слуга.
28 Но вие сте, кои издржавте со Мене во Моите напасти,
29 и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство,
30 за да јадете и пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израилеви колена.”
31 И рече Господ: “Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пченица;
32 но Јас се молев за тебе, за да не ја намали твојата вера; а ти некогаш, кога ќе се обратиш, укрепи ги браќата свои!”
33 А тој Му одговори: “Господи, готов сум да одам со тебе и в затвор и на смрт.”
34 Но Он му рече: “Ти велам, Петре, нама денес са пропее петел, дури три пати не се откажеш оти Ме познаваш.”
35 Па им рече: :Кога ве пратив без кесе, и без торба, и без обувки, останавте ли лишени од нешто?” Тиеодговорија: “Од ништо.”
36 И им рече: “Но сега, кој има кесе, нека си го земе, исто така и торба; а кој нема, нека си го продаде облеклото и да купи нож;
37 зашто, ви велам, на Мене треба да се изврши и ова од Писмото: ‘И меѓу злочинци Го кладоа.’ Оти она што се однесува на Мене, се исполнува.”
38 А тие рекоа: “Господи, еве овде има два ножа.” Он им одговори доволни се.”
39 И кога излезе, тргна, како обично, кон Елеонската Гора; по Него одеа и учениците Негови.
40 А штом дојде на тоа место, им рече: “Молете се за да не паднете во искушение!”
41 И Он се одвои од нив, колку камен да може да се фрли, па преклони колена и се молеше,
42 велејќи: “Оче, кога би сакал да Ме одмине оваа чаша!Но нека не биде Мојата волја, туку Твојата!”
43 И Му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.
44 Па, бидејќи се наоѓаше во внатрешна борба, поусрдно се молеше, а потта Му беше како капки крв, што паѓаа на земјата.
45 Штом стана од молитва, дојде при учениците Свои и ги најде заспани од тага.
46 И им рече: “Зошто спиете? Станете и молете му се на Бога, за да не падне во искушение!”
47 И додека Он уште зборуваше, ете, се појави многу народ и пред сите одеше еден од дванаесетте, наречен Јуда, кој се приближи до Исуса да го целива. Зашто таков знак им беше дал: “Кого ќе го целивам, Он е.”
48 А Исус им рече: “јудо, со целив ли Го предаваш Синот Човечки?”
49 Оние, пак, што беа со Него, кога видоа што ќе стане, Му рекоа; “Господи, да удриме ли со нож?”
50 И еден од нив го удри слугата на првосвештеникот и му го одсече десното уво.
51 А Исус одговори и рече: “Оставете го тоа, запрете!” Па, кога се допре до увото негово, го залекува.
52 А на првосвештениците и црковните управници и на старешините, што беа дошле против Него, Исус им рече: “Како на разбојник сте излегле со ножеви и колови, за да Ме фатите?
53 Секој ден бев со вас во храмот и на кренавте рака на Мене, но сега е вашето време и власта на мракот.”
54 И кога Го фатија, Го поведоа и одведува во домот на првосвештеникот. А Петар оддалеку одеше по Него.
55 Кога запалија оган во дворот и седнаа наоколу, седна и Петар меѓу нив.
56 А една слугинка, штом го виде како седи покрај огнот, погледна на него и рече: “И овој беше со Него!”
57 Но тој се одрече од Него, велејќи: “Жено, не Го познавам!”
58 Малку потоа, кога го виде еден друг, рече: “И ти си од нив!” Но Петар му рече: “Човеку, не сум!”
59 А кога мина време околу едед час, друг еден почна да тврди, зборувајќи: “Навистина, и овој беше со Него, оти е Галилеец!”
60 Но Петар речЕ: “Човеку, не знам што зборуваш!” И одеднаш, уште дури говореше, петел запеа.
61 Тогаш Господ се заврти и го погледна Петра, и се сети на Господовите зборови што Му ги беше рекол: ‘Уште додека петел не пропее, три пати ќе се одречеш од Мене.’
62 И штом излезе надвор, заплака горко.
63 А луѓето, што го држеа Исуса, Му се потсмеваа и го биеја.
64 Па, кога Го покрија, Го удираа по образите и Го прашуваа, велејќи: “Проречи кој те удри?”
65 И многу други хули рекоа против Него.
66 А кога се раздени, се собраа старешините народни, првосвештениците и книжниците и Го поведоа во Синедрионот.
67 и рекоа: “Ако си Ти Христос, кажи ни!” Но Он им одговори: “И да ви кажам, ниту ќе ме пуштите.
68 И да ве запрашам, нема да Ми одговорите, ниту ќе Ме пуштите.
69 Отсега Синот Човечки ќе седи оддесно на силата Божја.”
70 И сите рекоа: :Какво сведоштво ни треба уште? Ние сами чувме од Неговата уста.”

23

1 И сето мноштво се крена, па Го поведоа кон Пилата,
2 и почнаа да Го обвинуваат, говорејќи: “Го најдовме Оној како го развратува народот наш и забранува да се дава данок на ќесарот, и вели за Себе, дека е Он Христос Цар.”
3 А Пилата Го запраша, велејќи: “Ти ли си Царот Јудејски? Он одговори и му рече: “Ти велиш.”
4 Пилат им рече на првосвештениците и на народот: “Јас не наоѓам вина кај Оној Човек.”
5 Но тие и понатаму велеа дека Он го буни народот и поучува по цела Галилеја па довде.
6 А Пилат, штом чу за Галилеја, запраша: “Зар е Оној човек Галилеец?”
7 И кога разбра дека е Он од областа Иродова, Го испрати при Ирода, кој во тие денови, исто така, беше во Ерусалим.
8 Ирод, кога го виде Исуса, се зарадува многу, бидејќи имаше одамна желба да Го види, зашто беше слушал многу за Него, па се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него,
9 и Му поставуваше многу прашања, но ништо не одговори.
10 А првосвешениците и книжниците стоеја и непрекидно го обвинуваа.
11 Ирод, пак, со војниците свои, откако Го понизи и Му облече светла облека, го прати пак при Пилата.
12 И во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, оти порано беа скарани помеѓу себе.
13 А Пилат ги повика првосвештениците и управниците, и народот,
14 па им рече: “Ми Го дадовте Овој човек како бунтовник на народот; а еве, јас пред вас Го испитав и на најдов никаква кривица во она, во што ги обвинувате;
15 и Ирод исто така, оти Го пратив и при него; и ете, Он не направил ништо, што би заслужувало смрт;
16 па затоа ќе Го накажам и ќе Го пуштам.”
17 А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник.
18 Но сиот народ повика, говорејќи: “Земи Го Овој, а пушти ни го Варнава!”
19 Варнава беше фрлен в затвор заради некаква буна во градот и убиство.
20 Пилат одново извика гласно дека сака да Го пушти Исуса.
21 Но тие викаа, велејќи: “Распни Го, распни!”
22 Тој и по трет пат им рече: “Та какво зло ви направил Овој? Јас не најдов во Него ништо, што заслужува смрт; па затоа ќе Го накажам и ќе Го пуштам.”
23 Но тие постојано настојуваа со голем вик и бараа да биде паспнат; и надвладеа невниот вик и оној на првосвештениците.
24 И Пилат пресуди да биде по желбата нивна,
25 па им го пушти затворениот во темница за бунт и убиство, за кого молеа; и Исуса им го предаде на нивната волја.
26 И кога Го поведоа, Го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од нива, и му го кладоа крстот, за да го носи по Исуса.
27 А по Него одеа многу луѓе и жени, кои плачеа и ридаа за Него.
28 Но Исус, кога се заврте кон нив, им рече: “Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за своите деца;
29 зашто, ете, се приближуваат деновите, кога ќе е рече: ‘Блазе на неплодните и на утроби што не родиле, и на гради што не доеле!’
30 Тогаш ќе почнат да им велат на планините: ‘Паднете врз нас’, и на ридиштата, покријте не!’
31 Оти, кога ова го прават со зеленото дрво, што ќе биде тогаш со сувото?”
32 Водеа и двајца злочинци, за да ги погубат со Него.
33 И кога дојдоа на местото, наречено черепница, Го распнаа таму Него и злочинците, едниот оддесно, а другиот одлево.
34 А Исус рече: “ОчЕ, прости им, оти не знаат што прават!” И кога го делеа облеклото Негово, фрлија жреб.
35 А народот стоеше и гледаше; се потсмеваа заедно со народот и првосвештениците, велејќи: “Други спаси, нека Се спаси и Сам, ако е Он Христос, избраникот Божји!”
36 Исто така и војниците се подиграваа со Него: приближувајќи се, тие Му поднесуваа оцет,
37 и велеа: “Ако си Ти Царот Јудејски, спаси се Сам!”
38 А над него имаше натпис, напишан на грчки, латински и еврејски: “Овој е Царот Јудејски.”
39 Еден од распнатите слочинци хулеше на Него, велејќи: “Ако си Ти Христос, спаси се Себеси и нас!”
40 А другиот кога одговори, го искара и рече: “Зар и од Бога не се боиш, кога си веќе сам осуден?
41 Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела; но Он ништо лошо не направил.”
42 И Му рече на Исуса: “Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!”
43 А Исус Му рече: “Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!”
44 А беше околу шестиот час и настана мрак по целата земја, до деветиот час;
45 и сонцето потемне, и црковната завеса се расцепи преку средината.
46 А Исус извика гласно и рече: “Оче, во Твои раце Го предавам Својот дух!” И штом го рече тоа, издивна.
47 Стотникот, пак, кога виде што стана, Го прослави Бога и рече: “Навистина Овој Човек бил праведник!”
48 И сиот народ, што беше се собрал да гледа, кога виде што стана, се враќаше со удирање в гради.
49 А сите негови познати, и жените, што Го следеа од Галилеја, стоеја подалеку и го гледаа тоа.
50 И ете, некој си, по има Јосиф, жлен на советот, човек добар и праведен, -
51 тој не беше учествувал во советот и во делата нивни -, од Ариматеја, град Јудејски, кој и сам го очекуваше царството Божјо,
52 отиде при Пилата и го измоли телото Исусово;
53 па Го симна и обви со платно, Го положи во исечен гроб, во кој уште никој не беше положен.
54 Тој ден беше петок, и саботата веше настапуваше.
55 По него одеа и жените, што беа дошле со Исуса во Галилеја, и го водоа гробот и полагањето на телото Негово;
56 па, се вратија, приготвија мириси и миро, а во саботата одморија според заповедта.

24

1 Во првиот ден на седмицата, многу рано, тие дојдоа на гробот, носејќи ги приготвените мириси, и заедно со нив беа и некои други;
2 но плочата од гробот ја најдоа превртена.
3 И кога влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса.
4 И додека се чудеа на тоа, оддеднаш пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки;
5 тие се уплашија и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: “Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?
6 Он не е овде, а воскресна; сетете се како ви рече, кога беше уште во Галилеја,
7 говорејќи, дека Синот Човечки треба да биде предаден на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да воскресне.”
8 И се сетија на Неговите зборови.
9 Па штом се вратија од гробот. им го соопштија сето тоа на единаесетте и на сите други.
10 А тие беа Марија Магдалена, и Јоана, и Марија Јаковова и други со нив, што им го кажаа тоа на апостолите.
11 И невните зборови им изгледаа како лага, и не им поверуваа.
12 Но Петар стана и отиде бргу до гробот, и кога се наведна, го виде внатре само покровот и се врати, чудејќи се сам на себе за она што станало.
13 Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беш оддалечено од Ерусалим шеесет стадии;
14 и зборуваа помеѓу себе за сите овие настани.
15 И кога разговараа и се запрашуваа еден со друг, Сам Исус се приближи и одеше со нив;
16 но очите им се замрежија за да не Го познаат.
17 А Он им рече: “какви се тие зборови што ги разменувате помеѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?”
18 Едниот од нивм по име Клеопа, Му одговори и рече: “Единствен туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал, што стана во него овие дни?”
19 И го праша: “што?” Тие Му одговорија: “Она што стана со Исуса назареецот, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред сиот народ;
20 дека нашите првосвештеници и управници Го предадоа на биде осуден на смрт и Го распнаа;
21 а ние се надевавме оти Он е Оној што треба да го избави Израилот; но и покрај сето тоа, денес е веќе трети ден, откако стана ова.
22 А и некои жени од нашите не исплашија; тие биле рано на гробот,
23 и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ангели и дека им кажале оти е Он жив.
24 Отидоа на гробот и некои од нашите и најдоа исто така, како што рекоа; но Него не Го виделе.”
25 Тогаш им рече: “о, безумни и тврди по срце, да верувате во се што рекле пророците!
26 Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во ?Својата слава?”
27 Па, кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им зборуваше за Него во целото Писмо.
28 И тие се приближија до селото, во кое одеа; а Он се направи како да сака да продолжи.
29 Но тие Го задржаа, велејќи: “Остани со нас, оти денот превали и наскоро ќе се стемни!” Он влезе и остана со нив.
30 А кога седеше со нив на трпеза, зеде леб, го благослови, го прекрши и им го подаде;
31 тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Он стана невидлив за нив.
32 И си рекоа еден на друг: “Зар не гореа срцата наши, кога ни зборуваа по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?”
33 Па во истиот час станаа, се братија во Ерусалим и ги најдоа собрани единаесетте и оние ќто беа со нив,
34 каде што говореа дека Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симона.
35 И тие кажа за она, што им се случи на патот и како Го познаа, кога го прекршувал лебот.
36 Додека тие уште зборуваа за тоа, Ам Исус застана среде нив и им рече: “Мир вам!”
37 А тие, така збунети и уплашени, помислија оти гледаат дух.
38 Но Он им рече: “Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши?
39 Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.”
40 А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.
41 Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Он им рече: “Имате ли овде нешто за јадење?”
42 Тие му дадоа парче риба печена и мед со саќе.
43 И кога зеде, јадеше пред нив.
44 Па им рече: “Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, оти треба да се исполни се што е напишано за Мене во Законот Мојсев и кај Пророците, и во Псалмите.”
45 Тогаш им го отвори умот за ги разберат Писмата,
46 и им рече: “Така е напишано и така требаше да пострада Христос и са воскресне од мртвите на третиот ден,
47 и да биде проповедано во Негово име покајание и проштевање на гревовите на сите народи, почнувајќи од Ерусалим;
48 а вие сте сведоци за ова.
49 И ете, Јас ќе го испратам врз вас ветувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, дури не се облечете со сила одозгора.”
50 И ги изведе надвор од Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови.
51 А кога ги благослуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото;
52 тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.
53 И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога. Амин!

   

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная