логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

8 декември 2010 год.

На свеченоста по повод чествувањето на државниот празник - св. Климент Охридски, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан се обрати во Домот на АРМ со пригодно слово кое интегрално го пренесуваме.
 

 

 

Архиепископ охридски и македонски

С Т Е Ф А Н

 

НАЈСВЕТЛИОТ ДАР ОД НЕБОТО

 

Возљубени празникољупци,

 

Пред 11 столетија, по нашава земја чекорел исклучителен човек – просветител, учител и архиереј, човек светител – личност која засветила со таква светлина во животот, дејноста и подвигот, личност каква ни пред тоа ни потоа не сме имале во родот наш. Токму затоа, секогаш кога треба да говорам за него, ме обзема мислата што да издвојам од неговиот живот и дело, за да го кажам и најважното за него и најзначајното за нас!?

Кога станува збор за светител, каков што е нашиов славеник, навистина е тешко да се направи и редослед и избор од она што тој го направил и оставил за нас, но и за други народи и Цркви; живот исполнет со богопросветни дела и подвизи, што насочуваат кон патот на спасението, односно живот и дело положени длабоко во темелите на нашата Света Црква, на нашата култура и просвета.

Затоа, во меморијата на нашиот народ, свети Климент бил и останува личност која вистински го продолжила спасоносното дело на св. ап. Павле, дејноста на Јустинијана Прима и, секако, на светите Солунски браќа и на сите кои фалејќи Го Бога, постанаа омилени кај нашиот народ (Дела 2, 47). Свети Климент е меѓу повиканите од нашиот род, од оние кои ги познал Господ (сп. II Тим. 2, 19), од оние што живеејќи според евангелските добродетели, се стекнале со заслужена небоземна почит. Подражавајќи Го Господа Христа, преку сите страданија и неизвесности, и чувствувајќи се апостолски призван, го утврдил во добриот подвиг на верата (сп. I Тим. 6, 12), и го извел и својот род од ропството на темнината и незнаењето. Свети Климент ја потчинил својата волја на волјата Божја, посветувајќи се целосно во служба Нему и на својот народ. Секој народ има духовно призвание, кое се остварува преку дејноста на духовните гении, преку светителите, кои во своите активности секогаш поаѓале и биле во служба на потребите на Светата Црква. Само народ, поучуван од духовно просветените, можел да ја остварува евангелската порака – да живее согласно со законите и заповедите Божји, исполнувајќи ја и пораката за еднаквост меѓу народите и рамноправност меѓу јазиците, односно секое колено и секој јазик да Го исповеда Бога (сп. Рим 14, 11, види I Кор 14, 19), како што порачува св. ап. Павле.

Во тропарот на светителот, во кој, меѓу другото, се вели дека свети Климент со зборови упатувал кон верата Божја, со дела се издигнал и со чудеса ги просветил оние кои со вера му пристапувале, накратко се објаснува начинот и средствата со кои тој успеал да го исполни просветителското и спасоносно дело.

Возљубени, кај мисионерите и просветителите сè е важно и потребно. Но словото, разбирливиот збор – е пред сè! Зборот, тој словесен дар, што единствено човекот го поседува, бил волшебниот клуч во големата историска мисија, раководена од Светите браќа од Солун, во втората половина на IX век, во Средна Европа, мисија во која учествувал и, секако, свое место и улога имал и нашиот славеник.

Зборот бил најсилното оружје со кое била совладана спротивставената заблуда на тријазичниците и токму благодарение нему, на зборот, како преносител на словото Божјо, со чест биле дочекани, и во Рим влегле и од Рим излегле, испратени со достојна почит и признание, како и потоа во Константинопол на царскиот двор. Зборот бил и продолжува да биде најцврстиот бедем во одбраната на големото дело и по упокојувањето на великите учители. И потоа, со зборот и околу зборот, се собирало духовното стадо и се обучувало богољубивото духовенство, се отворило училиште, се создавала книжнина пак со силата на тој разбирлив збор. И сето тоа под будното око на својот молитвеник, духовен пастир и архиереј – рамноапостолот свети Климент, и под закрилата на својата Црква – Охридската Архиепископија.

Благодарение на зборот се создало највредното, најтрајното и најспасоносното, и во Охрид и по сета наша земја. Со зборот се посеало најплодоносното семе и преку зборот ни се открило најнеисцрпното духовно богатство, кое просветителот го положил во душата на нашиот народ: и за тогаш и за потоа, и за до ден денешен и за до навек! И токму преку зборот, благословен и осветен преку личноста и делото на свети Климент, го имаме историскиот континуитет. Тој е живата алка и духовна снага за нашиот народ и Црква и затоа во него можеме да најдеме одговор и за сите наши современи предизвици. Затоа, имајќи го како жива и света закрила, како морална и духовна величина, свети Климент и денес би можел да ни биде од полза во барањето излез од тешкотиите и да ни биде незаменлива поткрепа во сегашниве и идни искушенија.

Светителите се вистинските просветители! Вистинска просвета е само онаа која човечката душа ја просветува со вечната Вистина. Затоа, никогаш не е доволно да се прославува оној кој нè прославил пред Бога и никогаш не е доволно да се пофалува оној кој нè извлекол од духовното мртвило. И со што друго можеме да се пофалиме како со свети Климента? – Тој е нашиот најголем дар за небото и најсветол дар за нас од небото!

Возљубени чеда на свети Климента,

Светлина на светот (сп. Мат 5, 14) се сите оние што го примиле просвештението од Божјото откровение, и продолжиле да го предаваат на други. Оттаму и ние, како рожби на свети Климент, должни сме да Му благодариме на Бога Отецот, Кој нè направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината (Колос 1, 12). Тој дар, виден во неговата личност, како богосоздаден орган на Духот и неизмерно море на сила и чудеса свети и просветува и ден денес. Преку тоа богодадено незаодно светило и ние постанавме сожители на светиите и свои на Бога (Ефес 2, 19) и сме повикани кон свето звање (II Тим 1, 9). Кон таа светост, којашто е полнота на животот во Бога, повикани сме сите; затоа да го подражаваме тој наш богоугодник и да ја прославуваме светлината којашто, благодарение на него, ја примивме и, еве, ја чуваме како најскапоцен дар од небото.

Годинава одбележуваме 1100 години од блаженото упокојување на свети Наум, охридскиот чудотворец, братот и сотрудникот на свети Климент - годишнина која нè потсетува на духовните височини кон кои треба да се стремиме. Тоа нè потсетува и при оваа прилика да ги повикаме сите кои не сакаат да разберат дека не сме од вчера, туку сме народ со вековна Црква, народ со историско име, со јазик благословен и осветен, народ со своја култура и книжнина, со свој идентитет и посебност. Впрочем, личноста и делото на свети Климент биле и остануваат постојано отворена книга, училница за сите и збор – аманет кон сите македонски генерации: чувајте ја Црквата и Татковината, зборот – јазикот и името свое, за да се зачувате себеси и пред Бога и пред народите! Амин!

Извор: Скопска епархија 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

12/05/2026 - вторник

+Свети Василиј Острошки; Светите девет маченици во Кизик; Преподобен Мемнон Чудотворец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная