логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


08.12.2010 год.

(четврток)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

12-ден

 

Tome.sv.Ekaterina3.jpg


12 ден: Лука 8-11
8 | 9 | 10 | 11

8
1 Потоа Он одеше по градовите и селата, проповедајќи и благовестувајќи го царството Божјо; а со Него беа дванаесетте,
2 и некои жени, што без излекувани од зли духови и болести: Марија, наречена Магдалена, од која беа излегле седум демони;
3 И Јоана, жената на Хуса, настојникот Иродов, и Сузана, и многу други, кои Му служеа со своите имоти.
4 А кога се собра многу народ, и кога жителите од сите градови приоѓаа кај Него, Он ја кажа оваа парабола:
5 ”Излезе сејач да сее семе; и кога сееше, едно падна покрај патот и беше згазено, и птиците небески го исколваа;
6 а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, оти немаше влага;
7 едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши;
8 а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.” Откако го рече ова, извика: “Кој има уши да слуша, нека чуе!”
9 А учениците Негови Го прашаа, велејќи: “Што значи таа парабола?”
10 Он рече: “Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се зборува во параболи, та гледајќи да не виѓаваат, и слушајќи да не разбираат.
11 А оваа парабола значи: семето е словото Божјо.
12 Она, што падна покрај патот, се оние, кои слушаат; но потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од срцата нивни, за да не поверуваат и да не се спасат;
13 а она на камен - се оние, кои, кога ќе го чујат словото, со расост го примаат; но немаат корен и веруваат одредено време, па штом дојдат искушенија, тие се откажуваат;
14 тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние, што го слушаат словото, но кога отидат, се подаваат на грижи, богатства и наслади од овој живот и не донесуваат плод;
15 а оние на добра земја, се тие што го слушаат словото и го пазат во добро и чисто срце, и принесуваат плос со трпение. “Штом го рече тоа, извика: “Кој има уши да слуша, нека чуе!
16 Никој, кога запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под одар, туку ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат.
17 Оти нема тајно, што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено, што не ќе се разбере и излезе на видело.
18 Па, пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она, што мисли дека го има.”
19 Дојдоа кај Него мајка Му, и браќата Негови, и не можеа да се приближат до него поради народот.
20 И Му јавија, велејќи: “Макја Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.”
21 А он им одговори и рече: “Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.”
22 Еден ден влезе Он во кораб со учениците Свои и им рече: “Да минеме на другата страна од езерото!” и појдоа.
23 Кога, пак, пловеа, Он заспа, А над езерото се појави силен ветар, па ги плискаше водата и тие беа во опасност.
24 Пристапија и Го разбудија, говорејќи: “Наставниче, Наставниче, загинуваме!” А Он, штом се разбуди, им забрани на ветрот и на брановите; и тие се смирија и настана тишина.
25 И им рече: “Каде е верата ваша? А тие се уплашија и се чудеа, велејќи си еден на друг: “Кој е Овој шти и на ветровите и на водата им заповеда и Го слушаат?”
26 И пристигна во Гадаринскиот крај, спроти Галилеја.
27 А кога излезе Он на суво, Го сретна еден човек од градот, кој имаше бесови од многу години, и не облекуваше алишта, и не живееше дома, туку по гробовите.
28 Кога го виде Исуса, извика и падна пред Него, и гласно рече: “Што имаш со мене, Ти, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Ти се молам, не мачиме!”
29 Зашто Исус му беше заповедал на нечистиот дух да излезе од човекот; оти долго време го мачеше, и бесеше во окови, и со вериги го врзуваа, чувајќи го; но тој ги раскинуваше оковите и бесот го тераше да оди по пусти места.
30 А Исус го праша, ве;ејќи: “Како ти е името?” Тој одговори: “Легион”, зашто многу бесови беа влегле во него.
31 И го молеа Исуса да не им наредува да одат во бездната.
32 А таму, по ридот, пасеа многу свињи, па, Го молеа да им позволи да влезат во нив. И им позволи.
33 И откако излегоа бесовите од човекот, влегоа во свињите; Исус се гргнаа свињите низ стрмнината и се издавија во езерото.
34 Свињарите, кога видоа што се случи, избегаа и раскажаа по градот и околината.
35 И излегоа да видат што станало; па како дојдоа кај Исуса, го најдоа човекот, од кого беа излегле нечистите духови, како седи пред нозете Исусови, облечен и со здрав разум; и се уплашија.
36 А оние, што беа виделе, им кажаа како се исцели бедниот човек.
37 И сиот народ од Гадаринскиот крај Го молеше да си отиде од нив; зашто се беа уплашиле многу. И Он влезе во коработ и се врати.
38 Човекот, пак, од кого беа излегле демоните , Го замоли да биде со Него; но Исус го отпушти, велејќи:
39 “Врати се од домот свој и раскажувај што ти направи Бог!” Тој си отиде и расправаше по целиот град, што му направи Исус.
40 А кога се врати Исус, народот го пресретна, оти сите го очекуваа.
41 И ете, дојде еден човек, по име Јаир, кој беше управник на синагогата. Па кога падна пред нозете Исусови, Го молеше да појде во домот негов,
42 зашто имаше една единствена ќерка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус народот, се туркаше во Него.
43 И една жена, која страдаше дванаесет дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, и ниеден не можел да ја излекува,
44 пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш и престана крвотечението.
45 И рече Исус: “Кој се допре до Мене?” А кога сите се откажуваа, Му рече Петар и оние што беа со Него: “Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: ‘Кој се допре до Мене?”
46 Но Исус рече: “Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.”
47 Жената, штом виде оти не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела.
48 А Он и рече: “Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир!”
49 Додека Он уште зборуваше, дојде некој од управникот од синагогата и Му рече: “Ќерката ти умре; не мачи Го учителот!”
50 Но Исус, штом го чу тоа, одговорајќи, му рече: “Не бој се! Само верувај и ќе бидеш спасена!”
51 А кога стигна во куќата, некому не му позволи да влезе, освен на Петра, Јована и Јакова, и на таткото и мајката на девојката.
52 Сите плачеа и ридаа по неа. Но он им рече: “Не плачете, таа не е умрена, туку спие.”
53 И Му се подсмеваа, знаејќи дека е умрена.
54 А Он откако ги истера сите, ја фати за рака и извика, велејќи: “Девојко, стани!”
55 И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и заповеда да и дадат да јаде.
56 И се зачудија родителите нејзини. А Он им заповеда, никуму да не кажуваат за тоа што стана.
9
1 Па, откако ги повика дванаесетте, им даде сила и власт над нечисти духови, и да лекуваат болести,
2 и ги прати да го проповедаат царството Божјо и да лекуваат болни.
3 И им рече: “Не земајте нешто за по пат: ни стап, ни торба, не леб, не сребро, ниту по две облеки да имате!
4 Но, во која куќа да влезете, тука останувајте, и оттаму тргнувајте на пат.
5 А, ако некои не ве примат, излегувајќи до тој град, истресете го и правот од нозете свои, ним на сведоштво.”
6 А кога излегоа, тие одеа по селата, проповедајќи го Евангелието и лекувајќи насекаде.
7 Ирод четворовласникот, кога чу што прави Он, беше во недоумение, зашто некои велеа дека Јован воскреснал од мртвите;
8 други, пак, дека се дигнал од мртвите еден од старите пророци.
9 И рече Ирод: “На Јована јас му ја отсеков главата; но кој ќе е Овој, за Кого што слушам толку?” И сакаше да го види.
10 А апостолите, кога се вратија, Му кажаа што направиле. Па, откако ги зеде, отиде насамо во пусто место до градот, што се викаше Витсаида.
11 Но народот, штом разбра - тргна по Него. И кога ги прими, им зборуваше за царството Божјо, и ги лекуваше оние што имаа потреба од лекување.
12 А денот почна да се намалува. И се приближија до него дванаесетте и Му рекоа: “Отпушти го народот да оди по околните села и колиби на ноќевање и да си најде храна; оти овде сме во пусто место.”
13 Но Он им рече: “Дајте им вие да јадат!” Тие одговорија: “Ние немаме повеќе од пет лебови и две риби, освен ако отидеме и купиме храна за сите овие луѓе.”
14 А тие беа околу пет илјади души. Но Он им рече на учениците Свои: “Кажете им да поседнат на купчиња по педесет.”
15 И направија така, и ги поредија сите.
16 А Он, кога ги зеде петте лебови и девете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и им ги даде на учениците, за да ги стават пред народот.
17 И јадеа, и се наситија сите; и кренаа од останатите парчиња дванаесет кошеви.
18 Еднаш, кога Исус се молеше насамо и учениците негови беа со Него, Он ги праша: “За кого Ме мисли народот?”
19 Тие одговорија и рекоа: “Едни за Јована Крстител, други за Илија, а некои, пак, дека воскреснал еден од старите пророци.”
20 Он им рече: “А вие, за кого Ме мислите?” Петар одговори и рече: “За Христа Божји.”
21 И строго им заповеда никому да не кажуваат за тоа,
22 велејќи, дека Синот Човечки треба да пострада многу, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и грешниците, и дека ќе биде убиен, и дека на третиот ден ќе воскресне.
23 А на сите им зборуваше: “Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече до себе, нека го земе крстот свој и нека оди по Мене!
24 Оти, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја изгуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене, тој ќе ја спаси.
25 Зашто, каква му е ползата на човека, ако го придобие целиот свет, а себе погуби или си направи з;о?
26 Бидејќи, кој се срами од Мене и од зборовите Мои, он него ќе се засрами и Синот Човечки, кога ќе дојде во славата Своја, и на Отецот и на светите ангели.
27 Вистина ви велам, овде стојат некои, што нема да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо.”
28 На осум дена по овие зборови, ги зеде со Себе Петра, Јована и Јакова, и се качи на гората да се помоли.
29 И кога се молеше, видот на лицето Негово се измени, и облеката Му стана бела и светла.
30 И ете, два човека разговараа со Него; а тие без Мојсеј и Илија.
31 Па, кога се јавија во слава, тие зборуваа за Неговата смрт, со која требаше да заврши во Ерусалим.
32 А Петар и оние, што без со Него, беше ги совладал сон; но штом се разбудија, ја видоа славата Негова, и двајцата што стоеја со Него.
33 И кога се одделуваа од Него, Петар Му рече на Исуса: “Наставниче, добро ни е овде; да направиме три сеници: за Тебе една, за Мојсеја една, и за Илија една!” - не знаејќи што зборува.
34 Кога го велеше тоа, оддеднаш се јави облак и ги засени; и се уплашија, штом влегоа во облакот.
35 И се чу глас од облакот, кој велеше: “Овој е Мојот возљубен Син; Него послушајте Го!”
36 А кога се чу тој глас, Исус беше останал Сам. И тие премолчаа и николу не кажаа во тие дни за она што беа виделе.
37 А на другиот ден, кога слегнаа од гората, Го пресретна многу народ.
38 И ете, некој од народот извика: “Учителе, Ти се молам, погледни на мојот син! Тој ми е единец!
39 Го прифаќа дух и тој наеднаш вриска; го крши силно, така што пена му се појавува; и кога ќе го измачи, одвај го напушта.
40 Ги помолив учениците Твои да го истераат, но тие не можеа.”
41 Одговори Исус и рече: “О, роде неверен и развратен! До кога ќе бидам со вас и до кога ќе ве трпам? Доведи го твојот син тука!”
42 И додека тој уште приоѓаше, бесот го кутна и почна да го крши. Но Исус му заповеда на нечистиот дух, и го излекува момчето, и го предаде на татка му.
43 И Сите се чудеа на величнината Божја. И додека се чудеа сите на се, што правеше Исус, Он им рече на учениците Свои:
44 “Сложете ги во ушите свои овие зборови: Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки.”
45 Но тие не го разбраа овој збор, зашто беше сокриен од нив да не го разберат, а се плашеа да Го прашаат за негобото значење.
46 И им дојде мисла: кој од нив е најголем.
47 А Исус знаејќи ја мислата на нивните срца, зеде едно дете и го постави пред Себе,
48 па им рече: “Кој го прима ова дете во Мое име, Мене ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што ме пратил; зашто кој е меѓу вас, тој ќе биде најголем.”
49 Одговори Јован и рече: “Наставниче, видовте еден човек, кој во Твои име изгонува бесови, па му забранивме, бедејќи не оди со нас.”
50 Исус му рече: “Не забранувајте! Оти, кој не е против вас, тој е со вас.”
51 А кога се приближија деновите на Неговата смрт, Он тргна по патот за Ерусалим’
52 и испрати пред себе гласници; тие отидоа и влегоа во едно самаријанско село да приготват за Него.
53 Но не Го примија, зашто имаше изглед за патник, што оди во Ерусалим.
54 Кога го видоа тоа учениците Негови, Јаков и Јован, рекоа: “Господи сакаш ли да кажеме да падне оган од небото и да ги истреби, како што направи Илија?”
55 Но Он се сврте кон нив, ги искара и рече: “Не занете од каков дух сте вие;
56 зашто Синот Човечки дојде, не да погубува човечки души, туку да спаси.” И отидоа во друго село.
57 А кога одеа по патот, некој Му рече: “Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.”
58 Исус му рече: “Лисиците имаат легла и птиците небески - гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да засолни.”
59 На друг, пак, му рече: “Врви по Мене!” А тој одговори: “Господи, позволи најнапред да отидам да го погребам татка ми!”
60 Но Исус му рече: “Остави ги мртвите да ги закопуваат своите мртовци, а ти врви по Мене и проповедај го царството Божјо!”
61 А друг еден рече: “Господи, ќе одам по Тебе, но позволи ми најнапред да се простам со своите домашни.”
62 Исус, пак, му рече: “Никој, што ја ставил раката своја на ралото и погледува назад, не е достоен за царството Божјо.”
10
1 Потоа Господ и други седумдесет ученици и ги испрати пред Себе по двајца во секој град и место, каде што и Сам сакаше да оди,
2 и им рече: “Жетвата е голема, а работниците се малку; затоа молете Го Господарот од жетвата да испрати работници на жетвата Своја.
3 Одете! Ете, Јас ве праќам како јаганца меѓу волци.
4 Не носете со себе ни ќесе, ни торба, ниту обувки и никого патем не поздравувајте!
5 И во која куќа влезете, прво кажете: ‘Мир на таа куќа!”
6 Па, ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе остане на него; ако ли не, тој ќе се врати во вас;
7 и во таа куќа останете, јадете и пијте што ќе ви дадат; зашто работникот ја заслужува својата награда. Не преоѓајте од куќа в куќа.
8 И во кој град влезете, и ве примат, јадете што ќе ви принесат пред вас;
9 лекувајте ги болните што се во него и говорете им: ‘Се приближи до вас царството Божјо.’
10 А во кој, пак, град влезете и не ве примат, излезете по раскрсниците негови и кажете:
11 ‘И правот од вашиот град, што се прилепил на нас, ви го истресуваме; но знајте го ова, дека се приближи до вас царството Божјо.’
12 Ви велам, дека во оној ден на Содом ќе му биде полесно, отколку на тој град.
13 Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Оти, ако во Тир и Сидон се беа извршиле чудесата што станаа кај вас, тие одамна, седејќи во вреќи и пепел, ќе се беа покајале.
14 Но на Тир и Сидон ќе им биде полесно на судот, отколку вам.
15 И ти, Капернауме, што си се издигнал до небото, до пеколот ќе паднеш.
16 Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил.”
17 Се вратија, пак, седумдесетте со радост и велеа: “Господи, во Твое име и бесовите ни се покоруваат.”
18 А Он им рече: “Го видов сатаната дека падна од небото како молња!
19 Еве, ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ва повреди;
20 но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, а радувајте се, што се имињата ваши напишани на небесата.”
21 Во тој час се возрадува Исус во духот и рече: “Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, оти таква беше волјата Твоја.”
22 Па откако се сврте кон учениците, им рече: “Се Ми е предено од Мојот Отец, и кој е Синот не знае никој, освен Отецот; и кој е Отецот, не знае никој, освен Синот, и - кому што сака Синот да му открие.”
23 И кога се обрна кон учениците, им рече тивко: “Блажени се очите, кои го гледаат ова што го гледате вие.
24 Зашто ви велам, многу пророци и цареви сакаа да видат што гледате вие, и не видоа; и да чујат, што слушате вие, и не чуја.”
25 И ете, стана еден законик и, искушувајќи Го, рече: “Учителе, што да направам за да добијам живот вечен?”
26 А Он му рече: “Што е напишано во Законот? Како читаш?”
27 Тој одговори и рече: “Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси!”
28 Му кажа пак: “Добро одговори; тоа прави го и ќе бидеш жив.”
29 Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исуса: “А кој е мојот ближен?”
30 Исус му одговори и рече: “Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му направија рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов.
31 Во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, си замина.
32 Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, се приближи, погледна и си отиде.
33 Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали.
34 И кога се приближи, му ги преврза раните, поливајќи ги со елеј и со вино; па, откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и се погрижи за него.
35 А утредента, на кинисување, извади два динарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: ‘Припази го; а ако потроши нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.’
36 Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што падна во рацете на разбојниците?”
37 А тој одговори: “Оној што му направи милост.” Исус му рече: “Оди и ти прави така!”
38 И кога одеа, влезе Он во едно село; една жена по име Марта, Го прими во својот дом.
39 А таа имаше сестра по име Марија, која седна при нозете Исусови и го слушаше словото Негово.
40 Марта се беше, пак, зафатила со многу работи и, кога застана, рече: “Господи, зар нејќеш да знаеш дека сестра ми ме остави да служам сама? Кажи и да ми помогне.”
41 А Исус и одговори и рече: “Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи.
42 Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да и се одземе.”
11
1 Еднаш беше Он на едно место и се молеше, и кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: “Господи, научи не да се молиме, како што ги научи Јован учениците свои.”
2 А Он им рече: “Кога се молите, говорете: ‘Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата:
3 лебот наш насушен дај ни го денес;
4 и прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштаваме на секој наш должник; и не не воведуј во искушение, но избави не од лукавиот!”
5 И им рече: “Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, па му каже: ‘Пријателе, дај ми назаем три леба;
6 оти ми дојде еден пријател од пат и немам што да му принесам;
7 а оној однатре да му одговори и рече: ‘Не ме обеспокојувај; портата е веќе затворена и децата се со мене во постела; не можам да станам да ти дадам.’
8 Но ви велам, макар и да не стане да му даде затоа што му е пријател, но ќе стане заради неговото настојување и ќе му даде, колку што му треба.
9 И Јас ви велам: сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.
10 Зашто секој што сака - добива, и кој бара - наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори.
11 И кој татко од вас, ако синот негов му побара леб, ќе му даде камен? Или ако побара риба, па да му даде змија место риба?
12 Или ако побара јајце, да му даде скорпија?
13 И така, значи, ако вие, бидејќи лукави, умеете да давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние, што Му бараат?”
14 Еднаш истера Он еден без, кој беше нем, и кога нечистиот дух ислезе, немиот проговори; и народот се чудеше,
15 А некои од нив рекоа: “Он го изгонува духовите преку Велзсвува, кнезот на бесовите.”
16 А други, искошувајќи Го, Му бараа знак од небото.
17 Но Он, знаејќ ги нивните помисли, им рече: “Секое царство разделено на две поковени, едно против друго, запустува; и дом - на групи, една против друга, пропаѓа;
18 и, ако сатаната се разделил сам против себе, како ќе го одржи царството негово? Оти велите дека Јас преку Велезевува ги истерувам бесовите.
19 И, ако Јас, пак, преку Велзевува ги истерувам бесовите, тогаш синовите ваши преку кого ги истеруваат? Затоа, тие ќе ви бидат судии.
20 Ако, Јас, пак, со прст Божји ги изгонувам бесовите, тоа значи дека до вас дошло царството Божо.
21 Кога силен човек се вооружи и го прпази домот свој, тогаш имотот негов е во опасност.
22 Но, ако некој посилен од него го нападне и го победи, тој ќе му го земе сето оружје, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде.
23 Кој не е со Мене, тој е против Мене, тој растура.
24 Кога нечист дух ќе излезе од човека, тој оди преку безводни места и бара покој; и не наоѓајќи вели: ’Ќе се вратам во домот свој, од каде што излегов.’
25 Па штом дојде, го наоѓа изметен и уреден.
26 Тогаш оди и доведува груги седум духови, полоши од себе, и кога ќе влезат, живеат таму; и последната состојба на тој човек ќе му биде полоша од првата.”
27 А кога го зборуваше тоа, една жена извика од народот и му рече: “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!”
28 А Он рече: “Д, но блажени се оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат.”
29 А на народот, што се собираше, почна да му зборува: “Лукав е овој род; бара знаци, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона;
30 зашто, како што Јона беше знак на Ниневијќите, така и Синот Човечки ќе биде за овој род.
31 Јужната царица ќе стане на суд со луѓето од овој град и ќе го осуди, оти таа дојде од крај земја да ја чуе мудроста на Соломона; а ете, тука е поголем од Соломона.
32 И Ниневијците ќе излезат на суд со луѓето од овој род и ќе го осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона.
33 Никој, пак, не клава запалено светлило на сокриено место, ниту под поклоп, туку на свеќник, за да ја видат светлината оние што влегуваат.
34 Светило на телото е окото; ако твоето око е чисто, и целото твое тело ќе биде светло; а ако биде лукаво, и твоето тело ќе биде темно;
35 затоа гледај светлината, што е во тебе, да не биде темнина.
36 Ако, пак, целото твое тело е светло и нема ниеден темен дел, тогаш тоа ќе биде, како кога светлило те осветлува со светлина.”
37 И кога зборуваше Он, еден фарисеј Го помоли да руча кај Него. Он отиде и седна на трпеза.
38 И фарисејот се зачуди, кога виде, дека Он не ги изми рацете пред јадење.
39 Но Господ му рече: “Ете, вие фарисеите ја миете чашата и чинијата однадвор, а пак внатрешноста ви е полна со грабеж и лукавство.
40 Безумни, не е и ист Оној што ја создаде и надворешноста и внетрешноста?
41 Но, давајте милостиња според своите сили, тогаш се во вас ќе биде чисто.
42 Но тешко вам, фарисеи, оти давате десеток од нане и рута, и од секаков зелен, а преминувате преку судот и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го оставате.
43 Тешко вам, фарисеи! Оти сакате да сте на првите место во синагогите и да не поздравуваат по плоштадите!
46 Но Он рече: “Тешко и на вас закониците, што ги натоварувате луѓето со тешки бремиња за носење, а вие самите ни со еден прст не се допирате до тие бремиња.
47 Тешко вам, оти им ѕидате грибници на пророците, што ги убија вашите татковци;
48 Со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, бедијќи тие ги убија пророците, а вие им ѕидате гробници.
49 Затоа и Божјата премудрост рече: ‘Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги прогонат’;
50 за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот;
51 од крвта на Авела па се до крвта на Захарија, кое е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род.
52 Тешко вам, законици, оти го зедовте клучот на спознаниети; сами не влеговте, и на оние што сакаа да влезат, им попречивте.”
53 А кого го зборуваше тоа, книжниците и фарисеите почнаа силно да се гневат на Него и да Го прашуваат за разни работи;
54 Го напаѓаа, сакајќи да уловат нешто од Неговата уста, за да Го обвинат.

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

 

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http://www.mkbible.net/biblija/index.php

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная