_mg_1741

_mg_1742

_mg_1745

_mg_1746

На 06. 12. 2010, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, присуствуваше на Вечерна богослужба во храмот Вознесение Христово, во село Драчево, а потоа и на Свечена академија која традиционално се одржува во Македонската Православна Богословија. „Свети Климент Охридски“ по повод чествувањето на патронот на Богословијата.

На Вечерната богослужба на која покрај Архиепископот присутни беа и митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, митрополитот Повардарски г. Агатангел -  ректор на Богословијата, и митрополитот Брегалнички г. Иларион, чиноначалствуваше митрополитот Преспанско-пелагониски г.Петар, во сослужение на многубројно свештенство и ѓаконство.

По завршувањето на вечерната богослужба, архиеререите и верниот народ се упатија кон Богословијата, за да присуствуваат на Свечена академија. Таму им се придружија и митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил и митрополитот Струмички г. Наум. На Свечената академија пофално слово кон патронот на Богословијата упати професор г. Александар Крстаноски. Потоа хорот при Богословијата под диригенство на проф.ѓакон Зоран Димовски исполни неколку црковни песни отпеани со македонски црковен напев. На свечениот собор се доделија неколку награди. Имено, Наставничкиот совет за првенец на генерацијата го прогласи богословот Александар Димоски, кој победи и на традиционалниот анонимен конкурс за најдобра поетска творба. Награди беа доделени и за најдобар богословски научен труд, при што првото место го добија богословите Александар Петкоски и Божин Трпевски за трудот: „Догматиката на првите четири Вселенски собори“. На крајот, ректорот на Богословијата, митрополитот г. Агатангел, ја затвори Свечената академија, заблагодарувајќи им се на сите добронамерни богоугодници, кои го помагаат добробитот на Македонската православна богословија, и ги покани присутните на вечера.

 _mg_1749

_mg_1753

_mg_1766

_mg_1767

 _mg_1772

_mg_1776

Извор: Скопсла епархија