Veligden.Evp.jpg

Во Лос Ангелес деновиве гостуваше најдоброто од Македонија-Симон Трпчевски
Не е првпат овој најголем амбасадор на културата од Македонија да присуствува во Лос Ангелес. Но денес беше нешто посебно, засто најде време и да се дружи со Македонците кои живет во овој град.

 Veligden.Evp.jpg


По завршувањето на светата Литургија на која присуствуваше и генералниот конзул на Република Македонија Господинот Јовица Палашевски заедно со Претседателот на Обединетата Македонска дијаспора Господинот Методија Коловски, вечерта со почеток во 18 часот во хотелот Омни кој се наоѓа во строгиот центар на Лос Ангелес се одржа посебна средба на која присуствуваа повеќе од 200 Македонци.
Имаше и зошто. Денес во посебна пригода се озваничи работата на новата канцеларија на Обединетата Македонска Дисјаспора за Калифорнија со седиште во Лос Ангелес. Средбата беше искористена и да му се оддаде посебно признание на несекојдневниот гостин, светски познатиот пијанист Симон Трпчевски кој на најдобар начин ја представува македонската држава, култура и нација.

 Veligden.Evp.jpg

 Veligden.Evp.jpg

За Преминпортал, од Лос Анџелес: отец Ристо Ристовски