логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Скопје, 16 ноември (МИА) -  Триесетина експерти од Македонија и од повеќе европски земји учествуваат на дводневната научна конференција „Меморија и интерпретација“, која ја организира  Македонската академија на науките и уметностите со финансиска поддршка на УНЕСКО.

manu.jazici1.jpg

- Во склад со вредносните и програмските начела на УНЕСКО, како нејзин покровител, целта на конференцијата е да ги афирмира принципите на разбирањето, а за  тоа ја нуди поткрепата на научните сознанија. Таа, верувам, ќе покаже дека е доблест да се хармонизира научната мисла со културната мисија, истакна на отворањето академик Ката Ќулавкова, член на Организацискиот одбор на конференцијата. Таа додаде дека културната меморија е пресек на колективниот и индивидуалниот дух кој го поттикнува процесот на универзализација, како услов без кој не може да се формира вкупната слика на светот на човештвото.

Претседателот на МАНУ, академик Цветан Грозданов во својот поздравен говор рече дека задоволство му е што научниот собир се одржува во годината кога МАНУ одбележува 40 години постоење и подвлече дека трудовите на еминентните учесници на конференцијата се гаранција за нејзината успешност. Во врска со темата на конференцијата, Грозданов, кој е историчар на уметност и византолог со полувековна практика, рече дека секогаш имал дилема дали старите зографи во својата дејност имале визуелизирани потсетници или се потпирале на меморијата и, ако е така, како успевале да ја транспонираат сликата.

Научниот собир беше поздравен и од ректорот на Скопскиот универзитет Ѓорѓи Мартиновски кој посочи дека меморијата и интерпретацијата е мошне актуелна тема и податлива за поширока научна елаборација. - Меморијата како способност на човечкиот род му овозможува со повторување на зборови и реченици, со репродукција на слики и идеи да ги зачува од заборав настаните низ историјата. Интерпретацијата, односно толкувањето, објаснувањето на литературното дело и воопшто на делата на човечкиот дух, го облагородува и го доближува до крајниот корисник, рече Мартиновски.

Конференцијата со телеграма ја поздрави и Мари-Пол Родил, раководител на Одделот за култура во Канцеларијата на УНЕСКО во Венеција - BRESCE, која беше најавена, но не пристигна на собирот.  Поттеми на конференцијата се „Поетика на меморијата“, „Уметност на меморијата - Меморија на уметноста“, „Меморија, историја и традиција“, „Меморија и литература“ и „Меморијата и балканскиот роман“.

manu.jazici2.jpgСфатен како комплекс на културни стратегии и практики на помнење, на сеќавање и на заборав, поимот меморија евоцира херменевтичка парадигма која го одбележува толкувањето на книжевноста и на уметноста во втората половина на 20 век. Таа парадигма е многу развиена и би можело да се идентификува како специфичен мнемолошки интерпретативен метод и да се зборува за мнемологија како посебна научна дисциплина.

Комплексноста на темата учесниците ќе ја разгледуваат од перспектива на хуманистичките и културолошките науки и ќе ја толкуваат низ призма на јазикот, митот и митските слики, фолклорот, усната традиција, книжевноста, театарот, филмот, ликовните уметности и медиумите. Нивните излагања ќе бидат публикувани во зборник на англиски и, веројатно, на француски јазик.  хс/паг/11:40

 



                                       НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „МЕМОРИЈА И ИНТЕРПРЕТАЦИЈА“ ВО МАНУ
Има живи култури дури има живи мемории
Потребата да се толкува меморијата е потреба да се прочита секоја одделна култура, што ги ослободува народите од клаустрофобија и значи почеток на разбирањето, рече академик Катица Ќулавкова, во чија организација се одржува меѓународниот научен собир „Меморија и интерпретација“ во МАНУ. Важноста на оваа тема, како што рече Ќулавкова, е особено истакната во ова време на глобализација, кога нејзините најекстремни влијанија дејствуваат погубно на малите земји и народи. - Има живи култури, додека има живи мемории - истакна Ќулавкова, зборувајќи меѓу другото и за значењето на уметноста како инструмент на меморијата. Секој уметник, рече таа, создавајќи не се сеќава само лично туку преку него се сеќава и целиот колектив. - Заборавот, пак, може да биде стихиен и патолошки, но и смислен проект. Македонскиот народ има заборавено многу настани од историјата, што во крајна линија претставува и своевидно губење на идентитетот. Самосвесните држави, преку своите институции, не го дозволуваат тоа - рече Ќулавкова. Академикот Зденко Лешиќ од Сараево зборуваше и за заборавноста како друга страна на меморијата. - За еден човек можеме да судиме не само по тоа што тој го помни, туку исто така и по тоа што го заборава. За историите и за нивните креативни интерпретации во уметноста судиме по тоа што го евоцираат, но и по тоа што не го изнесуваат - вели Лешиќ. Точката во која се вкрстуваат човечката меморија (или човечката историја) и нејзината интерпретација е толкувањето, рече ак. Георги Старделов. - Ако книжевното дело претставува сублимирана меморија, интерпретацијата треба секогаш да поаѓа од него. Тогаш кога интерпретацијата ќе ги надмине артистичките вредности и ќе ги достигне метафизичките квалитети на делото, добива објективност зашто таа како интерпретација на делото е, истовремено, и интерпретација на светот во смисла на стихот на Рилке „Пеењето е човековиот опстанок“ - вели Старделов. Целта на собирот, кој под покровителството на УНЕСКО продолжува и утре, е во согласност со вредностите на оваа организација да се придонесе во разбирањето и хармонизирањето на научната мисла и секојдневниот живот.

Ј. Ф.Време


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная