vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 81)

Рече Господ во приказна: верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив. Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското? И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето? Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамона.“ Сето тоа го слушаа фарисеите, што беа среброљупци, и Му се потсмеваа. И им рече: „Вие се прикажувате пред луѓето за праведни, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост. 3аконот и Пророците беа до Јована; а оттогаш царството Божјо се благовествува и секој со сила влегува во него. Но полесно им е на небото и на земјата да преминат, отколку една црта од Законот да пропадне.
Секој, што ја остава жената своја и се жени со друга, прељубодејствува, и секој, што се жени со напуштена, прави прељуба.

vozdvizenie.jpg

Денес, во триесет и втората недела по Пердесетница, кога Светата Црка го слави празникот на  Собор на светите седумдесет aпостоли, и преподобниот маченик Онуфриј Хилендарец,  во храмот на св.вмч. Димитриј во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот  народ се причести со Светите Христови Тајни.

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

 vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg


vozdvizenie.jpg