логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


vozdvizenie.jpg 

 †СТЕФАН

По милоста Божја
Архиепископ Охридски и Македонски,
заедно со Светиот архиерејски синод, до свештенослужителите,
монаштвото и до сите верни чеда на Македонската
православна црква,
а по повод Божикните празнувања,

ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И
ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

 

Христос се раѓа, славете Го!
Христос доаѓа од небесата, пресретнете го!

(Икос на I песна од божикниот Канон)

 

Возљубени чеда во Господа,

Со овие торжествени и преславни зборови се најавува величествениот и пресветол ден, денот на серадосната тајна, денот на неискажливото милосрдие Божјо, денот кога се измирија Небото и Земјата. Но, тие никогаш не се исти, никогаш не трепери еднакво нашето срце кога ги слуша, никогаш не се издигнува подеднакво нашиот дух кон висините... Радоста е секогаш поголема, зашто секогаш ги преживуваме со повеќе торжество, секогаш славословиме подолго и поблагодарно...

На овој ден се исполнија очекувањата на народите (1 Мој. 49, 10), се исполни копнежот на пророците и патријарсите, се исполни надежта на родот човечки, зашто дојде денот на слободата од гревот и смртта. На овој ден засветли во нашиот живот Светлината што не познава темнина, Изворот што не пресушува, Сонцето на правдата – Христос, нашиот Бог и Спасител, и го осветли патот на спасението.

А Тој – Христос, дојде во светот тивко, смирено, необично... Оној Кого вселената не Го собира, Оној Кого Го слави секое создание, Кој е Цар над царевите и Господар над господарите, дојде од вечноста во времето, слезе од престолот на славата и се роди во пештерата на пастирите, најде место во јасли и легна врз слама... Самиот себеси толку се понизи, што зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето (Филип. 2, 7). Сето тоа го поднесе од љубов кон своето создание, го изврши заради нас луѓето и заради нашето спасение. И, има ли помила и повистинска вистина од вистината за нашиот Спасител, Кој, иако Бог над сите и над сè, и неограничен и недостижен според Своето величие, не се двоумеше да ја прими нашата природа, за да ја обнови, не се колебаше да дојде и да го побара и спаси загубеното (Мат. 18, 11).

Возљубени Христољубци,

Смирението и послушноста се првите доблести на кои нè научи Богомладенецот Христос. Тој со својот пример ни ги покажа овие добродетели, раѓајќи се во најголема скромност... На непослушноста и горделивоста на Адам, нашиот прататко, кои се вселија преку неговиот грев во човечката природа, Тој – Христос, нашиот Бог, одговори со послушноста и смиреноста пред волјата на Отецот. Затоа, воскликнува црковниот проповедник: јас не знам на што повеќе да се чудам – на тоа што е толку голем, или на тоа што Он толку многу е смирен; на тоа што е толку богат, или на тоа што станал толку сиромав! Со овој чин Човекољубивиот Бог нè поучи дека секој човек е подеднакво вреден, сите сме еднакви, зашто ниту палатата го прави човекот подобар, ниту, пак, трошна куќа го прави помалку скапоцен и достоен за секоја радост.

Во она рано утро, на Спасителот на светот први Му се поклонија сиромашните пастири, тие први ја слушнаа и доживеаја радоста над радостите. Со тоа Господ ни покажа дека не гледа ниту на положба, ниту на ученост, ниту на богатство... Тој гледа на чистината на нашето срце (Дела 10, 34), гледа на нашата вера, гледа на нашата љубов кон Него и кон ближниот – тоа се особините што ги цени и бара нашиот Бог. На Новородениот во Витлеем Му се поклонија и богатите и учени мудреци од Исток, кои, водени од необичната ѕвезда, го најдоа местото каде што се роди Спасителот на светот. Ако во пастирите го гледаме еврејскиот народ, во мудреците го препознаваме тогашниот незнабожечки свет. Богочовекот Христос е Тој што секого и сè обединува и, според зборовите на апостолот, помирувајќи ги во едно тело обата народи (Еф. 2, 16), го создаде родот христијански, родот што ќе постои вечно.

Возљубени празникољубци,

На овој празник, преку песната на ангелите, кои радосно воскликнуваат слава на Бога во височините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја , ни е даден и покажан патот на постоењето, патот на надежта, дадена ни е единствената насока по која треба да чекориме. А, тој пат оди и води кон возвишени цели – во љубов кон Бога и во љубов кон ближните. Овие два пата оформуваат крст, а тоа е самостојниот подвиг на секој од нас, подвигот со кој се здобива внатрешниот мир. А кој е тој мир, на кој ангелите повикуваат? Тоа е измирувањето најпрво со самите себеси, со својата совест, со своето духовно поведение. Тој внатрешен мир се постигнува преку смирението, преку победата над страстите. Само оној човек што ќе се исполни со мирот што доаѓа одозгора, ќе ги упати своите нозе по патот на мирот (Лука 1, 79), тој ќе се смири и пред Бога и пред другите. Таквиот човек верува дека Бог постои и само Нему Му оддава слава, тој знае што значи не нам Господи, не нам, а на Твоето име дај слава (Ис. 52, 5). Таквиот човек ќе биде способен да шири мир, да сплотува, да помирува – да биде миротворец. А нам денес ни е најпотребен мирот меѓу нас, мирот и спокојството меѓу нашиот народ. Потребно ни е единство во македонскиот род, единство меѓу Македонците во Татковината и со сите распрснати по светот. Зашто, за жал, кога ни е најпотребно единството, во овие времиња со постојани искушенија, раздорот меѓу нас како да е сè поголем. Па, ако немаме постојано мир и љубов меѓу нас, како Го пречекуваме Христа и какви христијани сме? Витлеемската пештера го смести во своите јасли, а имаме ли ние место во своите срца за Него? Ние денес како да не сме подготвени ни пештера, ни јасли не Му дадеме. Сме го истерале од нашите животи и Тој не живее ни во нашите семејства, ни во нашиот брак, ни во нашиот дом, не живее ни во нашето училиште. Христос треба да биде единствената смисла на нашиот живот. Да го исполнуваме она на што Богомладенецот нè повикува: да го почитуваме и љубиме секого како самите себе, да го почитуваме човечкото достоинство и правото на живот, на слобода, на име, на посебност...

Денес родениот Богомладенец нè повика да стануваме сè повеќе небески луѓе, а тоа значи постојано да бидеме добри еден спрема друг, сочувствителни, да си проштеваме еден на друг, како што и Бог ни проштева во Христа (Еф. 4, 22-24; 24-29; 5, 1-2, 17), да не се грижиме само за себе, туку и за другите (Филип 2, 4).

Господ ни даде можност, а ние треба да собереме сили и како некогаш пастирите и мудреците, да застанеме еднодушно пред јаслите во кои лежи Богомладенецот, да застанеме со добра волја и љубов, за да обезбедиме мир меѓу нас.

Возљубени чеда на Новородениот Спасител

На овој ден, се облече Бог во нашето тело, сакајќи да нè обложи во своето божество , вели свети Климент Охридски. Светоста е идеалот кон кој треба да се стремиме. Тој идеал го следеле многумина и затоа е богат нашиот род со светии: имаме многу светли примери за подражавање, имаме на кого да се угледаме, кого да следиме и во верата, и во подвигот, и во љубовта кон Бога и ближните и во надежта во идното царство. Оваа година ќе одбележиме 1100 години од упокојувањето на нашиот голем просветител - свети Наум, охридскиот чудотворец, сотрудникот на свети Климент на нивата Господова по нашата македонска земја. Единаесет столетија живее споменот и не се заборава делото што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, што е добродетел, што е пофалба (сп. Филип. 4, 8-9).

Па, да се радуваме, да се усовршуваме, да се утешуваме, да бидеме едномислени, да живееме во мир и Бог на љубовта нека биде со сите (сп. 2 Кор. 13, 11). Амин !

Христос се роди!

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
†СТЕФАН

  заедно со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската православна црква

КИРИЛ, Митрополит Полошко - кумановски
ПЕТАР, Митрополит Преспанско - пелагониски и
администратор Австралиско - новозеландски
ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско - кичевски
НАУМ, Митрополит Струмички
АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
МЕТОДИЈ, Митрополит Американско - канадски
ПИМЕН, Митрополит Европски
ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски
ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски

 

На Рождество Христово - Божик,
2009/10 лето Господово.

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

21/04/2025 - понеделник

 ВЕЛИГДЕН (втор ден) Св. апостоли Ирoдиoн, Агав, Руф, Асинкрит, Флeгoнт и Eрмиј

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная