На 07. 12. 2009. год. во Етнографскиот музеј во Загреб, беше отворена изложба "Македонски Божик", во соработка со Македонскиот Музеј од Скопје.
На изложбата се прикажани Божикни обичаи на православни македонци, која е од извонредно значение како за македонците кои живеат во овој град, така и за градот, на која бројните посетители ке можат да се информираат за културата на нашиот народ.
Изложбата, која ке трае до 31. 01. 2010. год. ја отвори Н. Е. Данчо Марковски, амбасадор на Р. Македонија во Р. Хрватска.
Меѓу многубројните гости, на отворањето беше и парохискиот свештеник, протоереј Кирко Велински.
Од Загреб: Стојанка Тежак