логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Grujo.zaBigorski2.jpg

Слово
(Мат., зач.11/стр.12)

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух!
 

Би сакал сосема кусо да ви ја раскажам содржината на денешново Евангелие, за да ве потсетам на часовите што Великиот Учител, Господ Исус Христос ги имал со своите ученици, забележани од свети  апостол Матеј.
Откако им беше зборувал за многу работи, овојпат и конкретно им се обраќа на апостолите: прво, дека “се тие солта на земјата” и дека треба да внимаваат да ја задржат силата, а второ, учениците ги охрабрува, споредувајќи ги со “светлината на светот”. Па во таа смисла, Господ Исус Христос вели во Евангелието:
“Ви сте светлина на светот. Не може да се сокрие град што се наоѓа на врв планина. Ниту пак светилото се пали и клава под поклоп, туку на свешник и свети на сите в куќи. Така треба да светне пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прославата вашиот Отец небесен”.

Grujo.zaBigorski2.jpg
Ова обраќање е упатено конкретно кон апостолите, но индиректно и на нивните наследници: на црковната ерархија, на богословите, коишто треба да бидат солта меѓу христијаните, а христијаните меѓу луѓето.
Забележете, дека Господ Исус Христос  не ги моли ниту убедува своите ученици и не им вели ништо за обидот да се стане светлина на светот.  Тој едноставно го искажува фактот: “Вие сте светлина на светот”. Тоа е она што Бог избира да го направи со нас. Едноставно Бог ја употребува нашата послушност кон Него - за да светиме во темнината на светот. Со тоа очигледно, Господ Исус Христос  не сака од нас да ги импресионираме луѓето со нашата праведност, побожност и добри дела. Но, сепак н# предупредува дека не можеме да бидеме невидливи христијани, зашто такви нема. Или сме христијани или не сме.
Кога човек ќе стане ученик Христов, на некој начин  се посветува на живот што понекогаш штрчи како бодило. Дали со однесувањето кон другите луѓе, дали со своето чувство за вредностите од овој свет или заради други илјада начини и постапки, по кои  христијаните се разликуваат од другите. И, сето тоа бива, не затоа што сакаме да биде така; не затоа што се обидуваме да привлечеме внимание, туку само затоа што Бог н# повикува да бидеме послушни на начини што не можат да се сокријат. Како што не може да се сокрие град изграден на врв планина, така не може да се сокрие ни видот на послушноста што се бара од Христовите ученици. Тој едноставно ќе свети.
Дали е остварлива нашата послушност кон Учителот, Господ Исус Христос?  Да, браќа, послушноста  е остварлива затоа што е зададена “бидете свети”. Па зарем не беа послушни апостолите, наследниците, светителите откако ги добија заповедта и призивот за учество во светлината? А, и пред тоа зарем не беа тие слични на нас обичните луѓе?
Запомнете браќа, коренот на светоста е вграден во човекот уште при неговото создавање, бидејќи Бог сите живи суштества  ги создал “според нивните видови”, а само човекот го создал според “Божјиот образ”. И, како што ѕвездите добиваат светлина од сонцето, така и светителите светат со Светлината на незаодното Сонце - Христос. Разликата е само во тоа, што светлината на светителите ја надминува и онаа на сонцето и на ѕвездите. Не го велам тоа јас, туку го вели тоа Црковната  агиологија. Па така, во таа смисла Свети Климент Охридски ја велича Мајката на Светлината, особено во службите и каноните. Свети Јован Претеча бива споредуван со пресветла деница (која го навестува доаѓањето на Сонцето), а апостолот Павле, на пример, е наречен “сонце на светот, бидејќи е светлина на народот, според вистината” (Мт 5,14).

Grujo.zaBigorski2.jpg
Светителите се Божји плодови на земјата, којашто е сува и жедна заради гревовноста на нејзината обвивка. Светителите се кислород во атмосферата на светот. Тие се здрава (силна) сол.
Има светители кои Бог преку историјата на Црквата ги истакнува на виделина и ги става на свеќник за да светат на сите в куќи. Тоа се големите светии кои имале големи подвизи на духовна обнова, оставајќи длабоки траги на добри дела, љубов и вистина. Кога говориме за светите, тогаш говориме во најширока смисла на зборот, како што свети апостол Павле беше ги нарекол “сите возљубени од Бога, наречени светии” (Рим 1,7; Дела 9,13). Кога говориме за светоста и за светците, тогаш мислиме, исто така,  и на она мноштво на луѓе од различна возрасти и служби, татковци, мајки, млади, деца, кои во Црквата настојуваат да го живеат секој ден своето крштение и вера, надеж и љубов, верни на своите животни должности. Тие навидум  задскриени, но не и тајни за Божјото присуство во Црквата, во светот, во историјата, и тие даваат голем придонес з да оваа човечка историја има светли страници.
Ете, затоа денес си спомнуваме за сите македонски светии. Голем е нивниот број во Црквата, кои според мерката на својата вера и сопствениот живот во добродетели и лични подвизи, станале: чудотворци, христоносци, богоносци, светци. Тие се исполнето евангелие и се наши примери и патокази.
Но, сепак Оригиналот, е нашиот Господ Исус Христос. Од Него слушаме што Тој сака да бидеме. И, само  преку послушноста, преку благодатта и силата што Тој ни ја дава (кога се молиме и преку светите тајни) всушност го репродуцираме оригиналот во нашите животи колку е можно поверно.

         Grujo.zaBigorski2.jpg
Во едно општество што е толку широко и длабоко нехристијанско, нашиот Господ Бог очекува да живееме, според зборовите на светиот апостол Павле, како “прави и чисти, непорочни чеда Божји среде лош и расипан род, во кој светите како светила во светот” (Флп  2,15).
Не треба да му се приспособиме на грешниот свет околу нас. Туку, сме повикани да бидеме различни, приспособени на Бога во Христа. Не сме повикани да ги одразуваме нормите за однесување на нашата култура, туку на умот Христов. Повикани сме да создадеме “Христова” клима каде и да поминеме. Ние не сме само деловни луѓе, работници од различни струки, студенти, туку деца Божји и наследници на Неговото царство. Ние сме во овој свет, но не од овој свет, вели Господ Исус Христос.  Му припаѓаме на Бога.
Многу често слушаме дека има темнина и мрак во овој свет. Токму тука е нашиот предизвик. Повеќе од кога и да е порано, му требаме на Христос да ја замениме темнината со светлина на Неговата вистина и љубов. Амин!

Grujo.zaBigorski2.jpg

 

ДРУГО:

 

Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:

денарска жиро-сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител

500-000000-3835-65
Стопанска банка А.Д. Битола

 девизна жиро-сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
IBAN MK07500701000133139
Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола
SWIFT STBBMK22

Телефони за донација:
070 / 075 / 077  143 444



 

 

Посети: {moshits}

Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

11/05/2026 - понеделник

Св. апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира; Св. маченици Максим, Дада и Квинтилијан; Св. маченик Тибал;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная