Од Предговорот на авторот:
Предложениот труд претставува современ превод на западна музичка нотација од и сточно невматско музичко писмо, кое во Македонија беше во богослужбена и образовна употреба до 20- те години на 20 век .
Литургиските Химни во предложениот краток зборник се дел од богатата ризница на црковната химно- музикографија на Светата Православна Црква.
„ Во време кога во Република Македонија издавањето на музички изданија со црковно пеење од источна традиција е вистинска реткост, појавувањето на второто по ред музичко остварување, на веќе потврдениот и исклучително талентиран ангелогласен протопсалт од Прилеп, Георгиј Секуловски, претставува навистина несекојдневен настан. Дотолку повеќе, што ова негово вешто вообличено второ остварување, претставува, всушност, заокружена целина на неговата долгогодишна пејачка и музичко-педагошка дејност на нашите простори.
Протопсалтот Георгиј Секуловски е високообразован, млад, македонски музичар, кој својот професионален профил го вообличил на Музичката академија во Скопје, на вокално - инструменталниот отсек, во класата на проф. д-р Благој Ангеловски, во периодот од 1996 до 2000 година. Со неговата интимна, лична пасија, црковно пеење од источна традиција, почнал да се занимава за време на неговиот студентски престој во Скопје, некаде кон средината на 1996 година.“
Повеќе:
Протопсалт Милош Дрпа | |
Протопсалт Георгиј Секулоски |