логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Се престави пред Господа Тоше Проески

 


                                                                                                     


„Ако даде Господ…. Ако сака Господ“

 


Ден пред последниот, од сегашнава временска случка,  проштален  концерт  на  Тоше Проевски одржан во Скопје, на прес конференцијата по тој повод, се сретнавме со него.

Во салата преполна  со новинари и  фоторепортери, неговото радосно  и мило лице зрачеше со особена топлина. На едно од поставените новинарски прашања, во врска со неговата кариера,  дали ќе  влезе во конкуренција на европскиот пазар, рече: „да, ако сака Господ“, но да го имаме на ум и тоа дека е македонец и дека секогаш  ќе остане македонец и ќе живее тука во Македонија и во неговото Крушево без оглед на се. При секој настап или концерт или било каква работа, тој бараше благослов од Бога, зашто длабоко во себе беше свесен  дека без Бога ништо не можеме, дека и неговиот глас, и харизма, и виртуозноста и моќта на комуникација со која ги пленуваше луѓето, се ретки дарови дадени одозгора, од нашиот Отец Небесен.

Со големо внимание го прими и прифати нашиот предлог за интервју, како да сме некоја скапоценост за него.... Штотуку беше пристигнал  од Австралија,  утредента  го чекаше напорен концерт, а сакаше на посетителите на Преминпортал да им подари поголемо внимание, толку својствено за него и неговата љубов.
Сите ги сакаше, на се се радуваше а секогаш и во секоја мисла, во секој свој двиг и во се Тоше се потпираше на Бога....постојано велеше... „Ако даде Господ...ако сака Господ...“

Неделава очекувавме, поточно  и требаше да се сретнеме во манастирот Св. Никола во Љубанци и да го направиме интервјуто  со нашата заедничка македонска скапоценост, нашиот Тоше.
Господ по својата промисла... го зеде..
И колку да ни е тешка разделбата со Тоше и колку да боли,...

...она што ние можеме да го направиме за Тоше, секој поединечно и сите заедно  е на Литургија да Му се помолиме на Господа, да му ги прости сите прегрешенија волни и неволни, извршени со збор, со дело, во знаење и незнаење и во Царството Небесно да ја насели неговата душа, на место светло, на место цветно, каде нема никаква тага и болка...

Свети Јован Битолски вели, дека ако сакаме да им помогнеме на нашите ближни кои се упокоиле, да се молиме за нив, да се отслужат 40 литургии за простување на гревовите и покој на нивните души, зашто нивните души не можат да ги слушнат надгробните говори и беседи, но затоа пак ја чувствуваат молитвата која е упатена за нив, пред престолот на Севишниот Бог.

Нашиот Бог е Бог на живите и во Него нека најдат успокојување сите праведни души.
Бог да го прости!
Вечнаја памјат!

 


 

ГО ЧЕКАМ ВОСКРЕСЕНИЕТО НА МРТВИТЕ И ЖИВОТОТ ВО ИДНИОТ ВЕК

TOШЕ


 

Почит за Тоше на плоштадот во Скопје

Скопје, 16 октомври (МИА) - Плоштадот „Македонија“  е полн со расплакани граѓани кои по веста за трагичната смрт на Тоше Проески спонтано се собираат во центарот на Скопје. Најбројни се младите, неговите обожаватели, кои палат свеќи во спомен на поп-ѕвездата.

Голем број ученици ја напуштија наставата за да му одадат почит на својот идол, кој утрово загина во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Отворени се неколку книги на жалост, а Македонската православна црква обезбеди бесплатни свеќи. Забележливо е и присуството на голем број лица од македонската музичка сцена.


toshe1.jpgМакедонија плаче за Тоше

Скопје /16/10/ 14:44

Македонија е во плач и тага за поп – кралот Тоше Проески, кој загина денеска на 26 годишна возраст.

Државната телевизија во директен пренос од плоштадот Македонија во Скопје прикажува илјадници граѓани како се собираат и палат свеќи пред плакатите и фотографиите на Тоше.

Во голем дел од основните и средните училишта, каде Тоше имаше најбројна публика, наставата претпладнето на кратко или на подолго била прекината, а децата и учениците биле во колективен плач.

Според информации до кои дојде Макфакс од неговата дописничка мрежа, траорна атмосфера владее и во другите градови и населени места во Македонија, а несреќата е главна тема на разговор меѓу луѓето.

На државната и на приватните телевизии истовремено се емитуваат снимки од концертите на Тоше. Во речиси сите ресторани или кафетерии, исто така, се пуштаат албумите на Тоше, а впечаток е дека целата нација е во грч.

Веста за загинувањето на Тоше Проески ја објавија најголемите светски новински агенции Ројтерс и ДПА и медиуми како Би Би Си, нарекувајќи го македонска и балканска поп икона, една од најголемите балкански ѕвезди или балканскиот Елвис Присли./крај/б

Посмртните останки на Тоше ќе бидат преземени од Хрватска денеска со хеликоптер на Армијата на Република Македонија. ли/хс/14:27


 

  toshe3.jpg

 

Тоше Проеки 1981-2007


Mакедонија се збогува од Тоше - замина ѕвезденото момче


Скопје, 17 октомври (МИА) - Тоше Проески - идолот, иконата, амбасадорот на Македонија, славејот со ангелски глас и хуманист попладнево со државни и верски почести е погребан на Градските гробишта во неговото родно Крушево.

Солзите на сите кои дојдоа да се збогуваат со Тоше и беспомошните лелеци на неговите најблиски не ја омекнаа реалноста. Тоше се врати во своето Крушево - засекогаш.

Почесната армиска гарда му го предаде знамето од ковчегот на Тоше на неговиот татко Никола. Во чест на Тоше беа испукани три плотуни.

Пред ковчегот со неговите посмртни останки се поклонија претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски. Присутни се членови на Владата, пратеници, архиепископот г.г. Стефан и владиците Петар и Ангелариј, претставници на дипломатскиот кор меѓу кои амбасадорката на САД Џилијан Миловановиќ, евроамбасадорот Ерван Фуере, делегации на АРМ, на политички партии, на локалните самуправи на Крушево и на Скопје. Последна почтит му оддадоа и претставници на македонската музичка сцена, соработници-композитори и естрадни имиња од соседството  - Аки Ракимовски, Тони Цетински, Светлана Цеца Ражњатовиќ, Владо Георгиев... и сите за кои пееше Тоше кој токму оваа година одбележуваше 10 години од својата плодна музичка кариера.  

Ковчегот со посмртните останки на македонската музичка ѕвезда  Тоше Проески изутрината од неговиот дом беше пренесен во црквата „Пресвета Богородица“ во Крушево каде што се одржа црковен обред, а крушевчани и граѓани од многу други градови во Македонија и надвор од неа му оддадоа почит.   

Со посмртни звуци на Воениот оркестар и со марш на почесниот вод на Армијата на Република Македонија ковчегот на Тоше беше донесен на Гумење пред „Македониумот“.

Расплакани лица на граѓани, деца со венци и многубројни делегации се поклонуваа пред посмртните останки на Тоше. Семејството, најблиските, роднините и пријателите потресени и со неверување ја допираа сликата на Тоше и неговиот ковчег прекриен со државното знаме. Во „Македониумот“ се одржа и комеморативна седница.


 

 

BanLuka
BANNED

Join Date: Oct 2007
Location: Banova Luka
Posts: 380
evo jedan dio posvete koji je mene posebno dojmio

Quote:
Na poslednjem tuzlanskom koncertu, Tose je mojoj supruzi Merimi koja je bolesnik od tumora mozga pjevao na moj mobitel "Zajdi, Zajdi" jer nije mogla doci na koncert...
On je pjevao a ja sam plakao..od tuge i srece...Stavio je osmijeh na lice moje supruge, na moje i nas mnogih to vece...
Nadao sam se da cu imati priliku da mu stisnem ruku i kazem:
"Hvala ti".....

Sada kazem:"Hvala ti"

I placem, i svi placemo..ujedinjeni u tuzi....


Neka ti je laka zemlja Makedonska Andjele
Spokoj vjecni dusi tvojoj

Porodici, duboka sucut..

S postovanjem i tugom,

Тоше го разубавил краткиот живот на Милена
Големиот пејач откако слушнал дека малечката Милена, која била тешко болна, има желба да се сретне со него, повеќепати ја посетувал во Неготино и во болницата во Скопје, раскажуваат нејзините родители
Смртта на Тоше ја доживеавме болно како и смртта на нашата седумгодишна ќерка Милена, на која ангелот од Крушево и' го разубавуваше краткиот живот, со солзи завчера зборуваа неготинците Светлана и Бранко Димови. Тие низ плач раскажуваа за хуманоста на Тоше, кој откако слушнал за тешката болест на малечката Милена и за нејзината желба да се сретне со него, повеќепати ја посетувал во нејзиниот дом во Неготино и во болницата во Скопје.
Милена, која починала во 2000 година, уште на тригодишна возраст гледајќи го Тоше на телевизија изразила желба да се сретне со него. Девојчето, поради проблеми со белите дробови, било секогаш поврзано со боца за кислород и немало начин како да и' биде исполнета желбата да отиде на концерт. Тоше дознал за големата желба на малото немоќно девојче и, како во бајките, еден ден се појавил на вратата од нивниот дом во Неготино.
- Се здрвив од возбуда и восхит кога го видов на влезот во нашиот скромен дом. Тоше, извикав, а Милена не внимавајќи на цревото преку кое го вдишуваше кислородот, се стрча за да го прегрне - се сеќава нејзиниот татко Бранко.

Милена за момент била пресреќна. Таа не го симнувала погледот од гостинот, кого толку посакувала да го види. Тоше, раскажуваат Димови, веднаш му понудил помош на семејството. Рекол дека ќе одржи и хуманитарен концерт ако треба.

- Лек за Милена нема во светот, му рековме. Доволно е што дојде, зашто тоа многу и' значи на нашата ќерка - бил одговорот на родителите на болното девојче.
Димови раскажуваат дека ангелот од Крушево, како што го нарекуваат, продолжил да ја посетува својата малечка пријателка секогаш кога можел. Средбите со него, велат тие, и' го продолжувале животот на Милена.
- Душичке, секогаш кога ќе можам, ќе дојдам да те видам. Ќе пораснеш голема, Господ ќе ти помогне, ќе оздравиш - ја тешел Тоше, ја гушкал и и' давал сила и оптимизам на Милена.
Димови велат дека познатиот пејач доаѓал секогаш кога можел, макар и на неколку минути. Милена во него го гледала својот принц од бајките. Бил нејзиниот најдобар другар, бидејќи детството и' било украдено и никогаш не си поиграла со другите деца.
- Се сеќавам кога еднаш Милена беше во шок-соба во болницата во Козле во Скопје. Беше во критична состојба. Телото и' беше скоро безживотно. Тоше снимал спот, но нашол време и дојде да ја види. Пред тоа таа не ги отвораше очите и со никого не разговараше. Кога дојде Тоше таа се насмевна. Не можеше да зборува, но на прашањата му одговараше со насмевки и со климање на главата - раскажуваат родителите на Милена.
Тие тагуваа во 2000 година, кога почина нивната ќеркичка, а вчера тагуваа поради смртта на нејзиниот принц.
- Беше хуман и со огромна позитивна енергија. И го продолжи животот на мојата Милена за четири години. Кога доаѓаше носеше чоколадо и една коцка кршеше за нејзе, една за него. Јадеше само од него, од нас не сакаше. Кога слушнав дека загинал, се чувствувам како на денот кога ми умре Милена. Како да изгубив свое дете - со плач зборуваше Светлана.
Родителите велат дека добродетелот сакал да го плати и скапиот апарат што бил неопходен за девојчето, но тие се заблагодариле и го информирале дека тие трошоци ги покрила државата.
- Животот тече понатаму, можеби Милена му била многу мила и на Господ - им рекол Тоше, кога ги сретнал по нејзината смрт во Неготино.
Големиот пејач со хумано срце и по нејзината смрт не ја заборавил својата малечка пријателка. Родителите велат дека тој повеќепати го посетил малечкиот гроб на Милена.

Мамо, како сега јас да му помогнам на Тоше?
Се мора да биде во ред кога Тоше ќе пее за Тоше, им велел пред хуманитарниот концерт во Кочани Тоше Проески на родителите на осумгодишното момче кое со шесте илјади марки, кои биле собрани, заминало на операција на тумор на мозок во Ханов

"Мамо, како сега јас да му помогнам. Тој мене ми даде живот, што да направам јас за него". Вака реагирал сега петнаесетгодишниот Тоше Илиев од Кочани, обраќајќи и се на мајка си Евгенија (32), кога слушнал дека Тоше Проески загинал во сообраќајна несреќа во Хрватска.
Во декември 2000 година кај малиот кочанчанец Тоше (тогаш на осум години) бил откриен тумор на мозокот. Операцијата во Скопје била неуспешна. На Илиеви им било кажано да бараат спас во Германија. Операцијата чинела многу пари, кои тие ги немале. Со помош на членовите на кочанската група “Калифорнија”, таткото Миле (36) стапил во контакт со Тоше Проески. Му објаснил за што станува збор. Проески на еден збор прифатил. Пеел на хуманитарен концерт во Кочани и неколку дена потоа биле собрани 6.000 марки.

“Миле му нудеше на Тоше да земе дел од парите да си ги покрие трошоците, ама тој не сакаше да слушне за такво нешто. Дојде пред концертот кај нас дома. Си играше со нашиот Тоше и со неговиот помал брат Симеон. Ни велеше дека се мора да биде во ред кога Тоше ќе пее за Тоше”, ни раскажа Невенка, баба на Тоше Илиев, со солзи во очите и не испуштајќи ја сликата на Проески од раце.

Операцијата била извршена во Хановер, Германија. Се поминало во најдобар ред. Проески постојано се јавувал да праша како е неговиот имењак од Кочани.

Тоше Илиев со родителите и едниот брат вчера не беше во својот дом. Уште рано изутрина сите беа тргнати за Крушево, да му оддадат последна почит на Проески, кој со неговото широко срце им помогна пред седум години .

“Што да ви кажам. Тој му помогна на моето дете. Таков човек повторно не се раѓа. Мораме да бидеме во Крушево, потресени сме сите. За нас ова е трагедија која тешко ја доживуваме. Што и да кажам, џабе е”, плачејќи ни рече по телефон Миле Илиев, татко на Тоше од Кочани, кој сега е прва година во Средното економско училиште. Одличен ученик е, иако видот му е значително оштетен од туморот.
Како што ни рече Миле, неговиот син со Проески постојано се слушал на телефон. И кога го менувал бројот, им го давал на Илиеви да го имаат за секој случај, а неговиот штитеник од Кочани го предупредувал да не им го дава на девојчињата.

Семејството Илиеви неколкупати го посетиле домот на Проески во Крушево. Им ги честитале домашните слави и имендени. Тоше од Кочани и Тоше од Крушево имале посебен однос. Последен пат се слушнале пред еден-два месеа. Договарале средба кога македонската мегаsвезда ќе се ослободи од обврските.

За жал, двајцата Тошевци повеќе никогаш нема да се сретнат. Останува помладиот, овде во Кочани, да ги негува спомените за човекот што несебично му помогнал, во кого се колнел и го обожавал.

Музеј на Тоше во Крушево
На иницијатива на Андријана Будимир, а со поддршка на неговото семејство во план е во Крушево да се отвори музеј во спомен на Тоше. Во него би биле сместени многу негови лини работи, гитарите и разни подароци кои тој ги добивал на концерти низ целиот

Dijana -
SEKOGAS KE TE SAKAM ANGELU MOJ


 

Last Updated: Tuesday, 16 October 2007, 15:47 GMT 16:47 UK

Balkan pop star dies in car crash
Tose Proeski
Proeski's fame transcended ethnic divisions in the Balkans
Macedonian pop star Tose Proeski, a hugely popular singer in the Balkans, has died in a car crash in Croatia.

Proeski sang for Macedonia in the 2004 Eurovision Song Contest and won many awards in former Yugoslavia.

Police said the 26-year-old's car was in a collision with a lorry on a motorway near the eastern Croatian town of Nova Gradiska.

In the Macedonian capital Skopje people wept in the streets. A day of national mourning will be held on Wednesday.

Local radio stations started playing Proeski's songs back-to-back.

"We all have been blessed with such a great singer and with his immense soul filled with love," Macedonian President Branko Crvenkovski said.

Tose Proeski's smashed car
When the car crashed Proeski was asleep in the passenger seat

"Macedonia and the Balkans lost an angel," said the head of the Macedonian Orthodox Church, Archbishop Stefan.

Two other people in Proeski's car were injured.

Proeski started his career aged 15, releasing his first album at 18.

He had several number one hits in four former Yugoslav republics - Macedonia, Serbia, Bosnia-Hercegovina and Croatia.

HAVE YOUR SAY
I'm in shock. Macedonia has lost its greatest cultural ambassador
Vojo Mihajloski, Tetovo, Macedonia

Among Proeski's hits were Cija Si (Whose Are You?) and Ako me poglednes vo oci (If You Look Me In The Eyes).

He sang both in Macedonian and in Serbian and was seen as a bridge between people in a region often divided by ethnic hatreds, correspondents say.


 

Пoсети: {moshits}

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная