логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Излезе сејач да сее   

Рече Господ во приказна: „Ете, излезе сејач да сее; и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот; долетаа птици и ги исколваа.

Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, оти земјата не беше длабока. Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, како немаа корен, се исушија.

Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши.

Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод: едно сто, друго шеесет, а друго триесет. Кој има уши да слуша, нека чуе!“ (Матеј 13, 3-9).

Почвата на којашто Богочовекот Исус Христос го сее своето семе, односно словото, е човечкото срце. Го сее преку оние луѓе коишто вистински Го сведочат. А тие, пак го сеат преку своето изговорено или пишано слово.

Се сеќавате од минатата беседа дека ‘ловец на луѓе’ може да се нарече само човек со омолитвено просветлен ум, човек со слово што извира од неговото очистено срце и кое допира до длабочината на срцето на ближниот и човек со присуство во сила. Во негово присуство страстите се парализираат, демонот бега далеку, а неговото слово внесува светлина, сила и надеж во срцето на другиот човек. Но и кога таквиот ќе се оддалечи од својот ближен и кога страста повторно ќе живне и кога демонот повторно ќе се врати, тој не го остава сам. Тој со молитвата во своето срце ги одржува светлината, силата и надежта, односно семето што го посеал во срцето на својот ближен. Семето кое во содејство со слободната волја на оној во кој е посеано и со помош на благодатта на Светиот Дух може да из’рти, да порасне и да донесе плод – ослободување на срцето од страстите.

Читајќи го денешното евангелие со приказната за сејачот, најповеќе ми привлече внимание делот за семето што паднало во трње, па си помислив: како што трњето е пречка за нивата да донесе добар плод, така и гревовите се пречка за нашето срце да донесе добар плод на добродетелта. Притоа, си велам, боцките од трњето ми личат на грев со сторено дело, листот – на грев со зборови, гранките – на грев со помислите.

Трњето на нивата од нашето срце, односно нашите гревови што ги правиме со дело, со збор и со мисла, сигурно има и корен. Што би бил друго коренот на гревот ако не страстите вгнездени во нашето срце (главната – самољубие, односно трите подгрупи: славољубие, среброљубие и сластољубие). Заробеноста на срцето од страстите не ѝ дава на благодатта на Крштението да се пројави и слободно да делува надвор од нашето срце, низ целото наше битие и надвор од нас. Не му дава простор на словото посеано во нашето срце да порасне и да донесе плод на покајание, или преумување.

Ако сакаме зрното да донесе плод, треба земјата да ја очистиме од трњето. А трњето да го извадиме со корен. Но, за да стигнеме до коренот, трњето треба да почнеме да го уништуваме од врвот. Значи, треба да престанеме да грешиме со дело, потоа со збор и на крај со мисла. Монахот, освен што е должен да не греши со дело и со збор, должен е да не прима и да не се согласува со ниту една лоша помисла, затоа што за него помислата има тежина на сторено дело. Зборувам за оние монаси што се трудат да го достигнат степенот на просветлување на умот, како и за оние што сакаат да преминат во совршенството возможно овде.

Непрестаjното усно повикување на името Христово, соединето со внимание и со плач, неизоставно ќе ги открие и страстите, што се сокриени во нас. Секој пат кога доволно јасно ги гледаме нашите страсти, треба да знаеме дека енергијата на умот е соодветно очистена. Тогаш гледаме и колку многу тие нè оддалечуваат од Бог и како сите други луѓе се подобри од нас. И тогаш уште повеќе сакаме да ги искорениме страстите и уште поревносно ја кажуваме молитвата, сè додека да биде прифатена од умот а тој да се наоѓа во постојано прво гледање на несоздадената светлина. За ова сум ви говорел порано. Во умот се обидуваме да ја кажуваме молитвата постојано, а таа за тоа време невидливо го чисти срцето од страстите. И кога, преку подвигот на молитвата, срцето доволно ќе се очисти, се пројавува благодатта дадена на Крштението и молитвата заедно со умот се симнува во срцето. Тогаш умот во содејство со благодатта може слободно да делува внатре во срцето, чистејќи ги страстите (корењата) до крај.

Отвореното срце е плодна земја, за вториот степен од духовниот раст, а зрното паднато на неа веќе слободно може да даде добар плод. За првиот степен од духовниот раст, тоа е послушанието. За оние, пак, што живеат во светот, тоа е конкретно помагање на оние што страдаат.

Не значи сето ова дека во нашето срце, во процесот на очистување од страстите, нема еден дел кој е добра земја, друг дел кој претставува место покрај пат, трет дел кој претставува каменито земјиште, и дел кој претставува трње. Трњето се појавува кога немаме истрајност во подвигот. Или сме во подвиг или грешиме, трето нема. Делот покрај пат, значи дека немаме опит во подвигот. Јас ви кажувам, но демонот доаѓа и ви го брише кажаното затоа што тоа активно се памти само ако се спроведува во дело. Каменито место е просторот каде што сè уште владеат страстите, самољубието. Добра земја е верата во Богочовекот Исус Христос преточена во послушание.

Сакам само да ви кажам дека секоја од ситуациите со семето може посебно да се толкува за секој од степените на духовниот развој. Како и секоја посебно за самата себе. На пример, семето паднато на каменито место, кое брзо расте и брзо се суши, се однесува на луѓето кои понесени од првата благодат преземаат дури и прекумерни подвизи, но при првиот посериозен испит на скривање на благодатта се случува да отпаднат дури и од заедницата на Црквата. За семето паднато покрај патот не сакам јас да зборувам, тоа ви го оставам на вас.

Лошо е што заеднички крај на првите три ситуации со семето е немањето плод. За монасите тој плод е умносрдечната молитва. Да не речам, за сите. И воопшто, не може да стане збор за духовен живот, во права смисла на зборот, без дарот на молитвата во срцето. Можеме да збориме за етика, за bon ton, но не и за православен духовен живот. За тоа, во потенцијал, можеме да збориме и на првиот степен, но само ако го восогласиме начинот на нашиот живот со степенот на очистување на срцето од страстите.

Кој има уши да слуша, нека чуе! Што значи: кој верува, нека спроведе во дело! Што мислите сега, што значи семето паднато покрај пат?

Митрополит Струмички Наум

 

 

Посети: {moshits}

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

21/07/2024 - недела

Светиот великомаченик Прокопиј; Свети Прокопиј Јуродив; Преподобен Теофил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 9 јули / 22 јули 2024

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 9 јули / 22 јули 2024

Да вокресне Господ, и да се разбегаат Неговите непријатели,повикуваше ти о свети Панкратие, испитувајќи се себеси, благодатта Христова сите страсти...

Тропар на св. Христов великомаченик Прокопиј 8 јули / 21 јули 2024

Тропар на св. Христов великомаченик Прокопиј 8 јули / 21 јули 2024

Прокопие, Прокопие, дожду небесен за верните,благодатта Христова преку тебе мноштво ангели со тело раѓаше,исповедувањето постојано на вистината нов сјај и...

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 7 јули / 20 јули 2024

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 7 јули / 20 јули 2024

Лекувајќи ја душата твоја Бог те умудри,о света великомаченица Недело,времето за тебе запре кога со вистината се украси,без Љубов маките...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная