логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

   


Куќа на камен

Рече Господ: „Секој што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе го вподобам на благоразумен маж, кој си направил куќа на камен. И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена на камен.

А секој што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа на песок. И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа, и таа падна, и паѓањето ѝ беше страшно“ (Матеј 7, 24-28).

Што обично и најчесто си помислуваат христијаните кога го читаат овој дел од Евангелието? Или што обично си помислуваме сите ние? Нормално е да мислиме, кога се спомнува камен на кој се прави куќа, дека се работи за нешто цврсто и сигурно. И најчесто си помислуваме дека тука се збори за Христос, и Неговото Тело – Црквата, на Кого сме втемелени. Потоа си помислуваме дека можеби станува збор за вистинската вера – православната, а можеби и за првото и за второто заедно. И толку, нашиот ум не оди подалеку. Точна е и таа мисла, но не е најконкретна.

Тоа, дека се идентификуваме како православни христијани, уште ништо не мора да значи, ниту пред Господ ниту за животот и спасението на другите луѓе. Ниту, пак, за стабилноста на нашиот духовен живот. Има многу само по форма (формални) или по име (номинални) христијани чиј живот не е согласен со Христовите заповеди. Светите Отци на Црквата поставиле друг критериум за нешто цврсто, сигурно и постојано во духовниот живот. Тој критериум е внатрешен и на почетокот се темели на реченото од  Христос: „Секој што ги слуша и исполнува овие Мои зборови“. Слушањето и исполнувањето заедно ги опфаќа и ги содржи зборот послушание. Послушанието е подвиг за восогласување на начинот на нашиот живот соодветен на првото ниво од духовниот раст на кое се наоѓаме. Послушанието е сигурност и стабилност, но кои се засноваат на духовниот отец и неговото раководство.

Вистинското прашање е: на кое ниво од духовниот развој ние ја стекнуваме личната цврстина, стабилност или постојаност во духовниот живот на кои можеме да надградуваме нешто сигурно и вредно? Или, на кои нашите ближни можат да надградуваат нешто сигурно и вредно, особено оние што се во наше послушание?

Светите Отци (на пример старец Ефрем Филотејски) велат: „Умот лесно се осквернува, но лесно и се чисти. Срцето тешко се чисти, но тешко и се осквернува“. Значи, еднаш отворено и очистено срце, односно доволно очистена суштина на умот, потоа тешко се валка. Толкаво и такво валкање или затворање на срцето може да предизвика само голем грев. Доволно очистено и отворено срце, молитва на умот внатре во срцето и просветлен ум се карактеристики за второто ниво од духовниот развој. На ова ниво ние ја стекнуваме личната цврстина, стабилност или постојаност во духовниот живот.

Стабилноста и цврстината на духовниот живот можат да се испитаат, проверат,  видат, или разјаснат и преку видот на искушенијата што ги доживуваме. Затоа што реките и ветровите што навалуваат не се ништо друго туку телесните и духовните искушенија. Постојат различни искушенија на секој од степените.

На првиот степен, додека е срцето заробено од страстите, демонот има директен пристап од внатре. Доволно е да уфрли некоја помисла, да поттикне некоја желба, однатре да побуди некоја страст за да го наведе човекот на пад. На вториот степен, кога е достигнато одредено очистување од страстите, доволно за да се пројави благодатта на Крштението во срцето и да се привлече умот во срцето, демонот нема толку сила за да предизвика пад кај монахот однатре преку страстите и тој мора да нападне однадвор. Тоа значи дека оној мал дел недопреобразени страсти мора да биде поттикнат со голем предизвик. На вториот степен, демонот мора да причини реален предизвик, наместо блудна помисла за лице од спротивниот пол тој мора да обезбеди негово реално присуство. Потребен му е токму реален предизвик за да се обиде да предизвика пад кај подвижникот. На третиот степен, што може да се види во житијата на Светиите, демонот и лично се појавува, но за тоа друг пат.

Но, нели Господ не допушта искушенија поголеми од оние што можеме да ги поднесеме? И нели искушенијата се дозирани и допуштени за наше самопознание, очистување, растење и восовршување, а не за наш пад? Така е, но постојат и друг вид искушенија – поголеми од нашите сили. Тоа се искушенијата што ние самите си ги предизвикуваме затоа што заземаме позиции, и во Црквата и општо во опшеството, кои не се соодветни на нашето внатрешно духовно покритие. Тоа се искушенија кои ни се случуваат затоа што не го восогласуваме начинот на нашиот живот и подвиг согласно нивото на нашиот духовен развој.

Грабањето и заземањето позиции без внатрешно духовно покритие е бестемелна позиција или градба подложна на пад од надојдените искушенија. Големината на искушенијата зависи од соодносот на внатрешната духовна состојба и позицијата која ја заземаме. Што поголема позиција а помало внатрешно покритие, толку поголеми искушенија. Не говорам толку за видот на искушението колку за силата со која тоа нè погодува внатре во нас. На пример: човек со епископски чин и со духовна состојба од прво ниво, можат да го срушат во пад само обични помисли. Тука силна река и силен ветер се помислите. Но, има ли поголем пад од самопопречување на нашиот духовен развој?

И да заклучиме: цврста подлога на која може да го надградуваме нашиот духовен живот за првото ниво од духовниот раст е подвигот на апсолутното целосрдечно послушание, а за второто ниво е подвигот на аскетската умносрдечна молитва и љубовта кон непријателите. Ова е, не мое туку, светоотечко учење и Предание и треба да бидеме многу внимателни затоа што: „кој падне врз тој камен, ќе се разбие; а тој врз кого падне, ќе го здроби“. Паѓа врз каменот и се разбива тој што го прогонува, а каменот паѓа врз оној што погрешно ги учи луѓето, и го здробува.

Богочовекот Христос нè повикува да не приличиме на човек глупав кој изградил куќа на песок, туку да приличиме на благоразумен маж кој изградил куќа на камен, затоа што секако нема да нè одбегне денот кога цврстината на нашата градба ќе се провери.

Пресвета Богородице спаси нè!

Митрополит Струмички Наум

 

Посети: {moshits}

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная