goce.justinijana.jpg

15. мај 2009 год. - храм Рождество на Пресвета Богородица, Скопје

goce.justinijana.jpg

На 15 мај во соборниот храм на град Скопје се одржа промоција на  нова книга и ЦД со источно - црковно пеење. Проектот кој се состои од два дела: Книга во која од источниот невматски нотен систем се преведени на современата западна нотација сите литургиски химни кои се пејат на трите Литургии во Православната Црква (Златоустова, Василиева и Преждеосвештена), пропратени со музички диск на кој се снимени пове’е композиции од книгата. Тоа за прв пат кај нас, во Македонија, прави исклучителен чекор напред во развојот и приближувањето на оваа псалтикијна црковна уметност до обичниот верник и научната јавност.

goce.justinijana.jpg

Korica.sv.Liturgija.jpg Korica.sv.Liturgija.jpg

 goce.justinijana.jpg

За Проектот Книга и ЦД „Света Литургија” говореа протопсалтите Александар Гулевски и Ристо Солунчев при што беше истакната важноста и потребата од еден ваков стручен и сериозен проект од областа на црковното пеење, проект кој ке биде значаен и прифатен од соседните сестрински Помесни Цркви.

 goce.justinijana.jpg

Промоцијата на Книгата и музичкиот диск на Протопсалтот Георгиј Секулоски беше одржана во рамките на Фестивалот за Источно Пеење кој веке четврта година се одржува како дел од Манифестацијата Денови на Јустинијан Први. Оваа година учесниците на Фестивалот, т.е. хорските ансамбли кои беа поканети да земат учество покачаа висок степен на интерпретација и квалитет. Со тоа се создадоа услови, како беше најавено од селекторот на Програмата на Фестивалот, Георгиј Секулоски, за следната година истиот да прерасне во меѓународна манифестација и место каде хорските ансамбли од Балканските земји ке можат да разменуваат искуства и да ја споделат нивната уметност со сите искрени љубители на источно-црковното пеење.

goce.justinijana.jpg

goce.justinijana.jpg

 goce.justinijana.jpg

 goce.justinijana.jpg

 goce.justinijana.jpg

 goce.justinijana.jpg

 goce.justinijana.jpg

   goce.justinijana.jpg

Посети: {moshits}

 

 Друго: