логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Bog.Tribina.jpg


Преводот на Библијата во секоја национална култура е важна работа

Bog.Tribina.jpg

Во рамките на манифестацијата „2008-Година на македонскиот јазик“, на 09. 12. 2008 година, во просториите Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ се одржа трибина на тема: „Македонскиот јазик во современиот превод на Библијата“.

На трибината со свои излагања учествуваа проф. д-р. Ѓорги Поп-Атанасов, кој се осврна на темата „Белешки кон јазикот на македонскиот превод на Библијата“ (Гавриловиот превод и ревидираната верзија), а проф. д-р Ацо Гиревски, говореше за „Употребата на македонскиот јазик во Црквата“.

Д-р Лилјана Макаријоска, во својата реч посветена на „Македонскиот јазик во изданијата на МПЦ“, меѓу другото рече: „Преводот на Библијата во секоја национална култура е важна и макотрпна работа која отвора и теолошки и јазични проблеми, а го претставува и односот на народот кон религијата, кон сопствениот јазик и традиционалната култура како најголеми духовни вредности. Целта на библискиот превод, продолжи Макаријоска, е непосредно со развојот на јазикот, да се осовремени преводот за полесно разбирање на содржината, па така и вклучувањето на македонскиот превод на Библијата во богослужбата се должи на заложбата за примена на македонскиот јазик во богослужбите и во црковната администрација.

 Односот на МПЦ кон македонскиот јазик, согледан и во изданијата, јасно ја потврдува свеста дека јазикот е непроценливо важен за историската и духовната судбина на православието на нашиве простори, а судбината на нашиот народ, на нашиот јазик низ вековите била и судбина на Црквата. Затоа да си ги чуваме нашата Света македонска православна црква, нашиот македонски јазик, нашето македонско име, зашто без нив нема ништо да бидеме.“

Bog.Tribina.jpg


  

Bog.Tribina.jpg


Протоереј проф. д-р Ацо ГИРЕВСКИ

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО СОВРЕМЕНИОТ
ПРЕВОД НА БИБЛИЈАТА
(Јавна трибина)


Ваше Блаженство, Ваши Високипреосвештенства, г-ин министре, почитуван претседателе на Македонската академија на науките и уметностите, драги академици, многупочитуван ректоре на Универзитетот “Свв. Кирил и Методиј” во Скопје, почитуван директоре на Комисијата за односи со верските заедници, драга г-ѓо претседател на Програмско-организациониот одбор, професори и научни дејци, високопречесни протоереи, чесни оци, драги студенти, браќа и сестри,
       Годинава, некаде кон средината на февруари, во МАНУ беше објавена  големата културна акција - 2008 да се прогласи за година на македонскиот јазик. Покровител на манифестацијата е Н.Е Никола Груевски, Претседател на Владата на Република Македонија. Ова се случува во годината кога и УНЕСКУ ја прогласи 2008 за година на јазиците. Некако, и двата настани, се совпаднаа со големиот јубилеј на Македонската православа црква - 50 години од својата самостојност, па како резултат на заедничко демократско живеење во Република Македонија се вклучуваме кон оваа исклучително благородна идеја. 
Во името на Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” од Скопје и Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков”, од Скопје, Ние, излагачите се усогласивме основната тема на денешнава трибина да биде од јазичен и црковен аспект. Односно, да бидат презентирани предавања врзани за македонскиот јазик во преводот на Библијата (Гавриловиот превод и ревидираната верзија); македонскиот јазик во изданијата на Македонската православна црква и воопшто употребата на македонскиот јазик во Црквата.
 Додека, пак, за да добие на значење оваа манифестација, во договор со Програмско-организациониот одбор датумот го доближивме до Светиклиментовите чествувања, веќе наш заеднички државен празник.
Се надевам дека произнесените реферати ќе фрлат нова светлина врз културното и научното живеење во Република Македонија, но и дека ќе предизвикат прашања и добронамерни полемики. Меѓутоа, пре да му дадам збор на проф. д-р Ѓорги Поп Атанасов, допуштете да извршам еден многу значаен чин: примопредавање на оригиналната скулптура во гипс на архиепископот Доситеј, возобновителот на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.
За тој чин има повеќе поводи, но јас ќе спомнам само два од нив: едниот е што салата на Богословскиот факултет го носи неговото име, а вториот е што денес на блаженоупокоениот архиепископ Доситеј му беше празникот домашен - преподобен Алимпиј Столпник, датум кој што се совпадна со денешнава наша научна трибина.
Православниот богословски факултет ова прекрасно дело го добива како спомен на вечноста од академик г. Томе Серафимов. Тој е неспорно најголемиот македонски скулптор на векот кој што измина, и дај Боже во новиот миленниум што започна, некој од неговите ученици и да го надмине.
Го поканувам многупо читуваниот академик г. Томе Серафимов да го откриеме образот на архиепископот Доситеј и да му заблагодариме!

Bog.Tribina.jpg

Bog.Tribina.jpg


Bog.Tribina.jpg

Bog.Tribina.jpg

Bog.Tribina.jpg

Bog.Tribina.jpg

Bog.Tribina.jpg

Посети: {moshits}

 

 

Текст: Утрински весник


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная