логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Охрид-Плаошник

          проф. д-р Митко Б. Панов
Беседа за Свети Климент: Животот на Словото и светилникот на светот

Охрид-Плаошник


Можно ли е воопшто со збор да се произнесе величието на човекoт, кој ја „надминува силината на словото”? На Oтецот, кoj со своите учители Кирил и Методиј „без да свијат колено пред никого“, станале „светилници на светот, имајќи го Словото на животот“ (Теофилакт Охридски).

3.angeli.so.truba          

          Почитта кон Словото на животот, апостолски поставено преку Филипјаните (Фил. 2.15-16) како библиска должност за христијаните, со Свети Климент и неговата книжевна школа во Охрид станува Живот на Словото. Слово создадено од рамноапостолните Кирил и Методиј, изнедрено од говорот на македонските Словени, коешто Климент продолжил да го заживува, давајќи смисла на зборот со кој ја вдахнувал христијанската вера на своите сонародници во Кутмичевица, меѓу Охриѓаните, кај Брегалница. Бидејќи Климент најдобро ги знаел потребите на својот народ, самиот потекнувајќи од Македонија, кадешто „уште од рани години“ го придружувал својот учител Методиј во неговата иницијалната мисија како управник на „словенско кнежевство“ во поранешната Склавинија, лоцирана на тогашната граница на Византија, наспроти Бугарската држава.
           Климентовиот житиеписец, Теофилакт Охридски, ќе спомене дека Методиј бил духовен отец на бугарскиот кнез Михаил-Борис. Меѓутоа, Методиј тоа не бил, бидејќи како и братот Константин-Кирил, немал никакви релации со бугарскиот владетел, ниту тие некогаш ја посетиле Бугарија. Со житијната наративна стратегија, Теофилакт во суштина настојувал да ја демонстрира Методиевата доминатна позиција во однос на тогашните словенски световни елити, со крајна цел истата да ја пренесе на неговиот ученик – Климент, а преку него и на Охридската архиепископија. Затоа, Теофилакт потенцирал дека Климент го поставил „великиот Методиј како пример за сопствениот живот“, се поистоветувал со делата на својот учител, настојувајќи како опитен уметник „да се наслика себеси според него“.
           Теофилакт верно го насликал Климент како следбеник на Методиј и „Христов служител“, а неговото испраќање за учител во Кутмичевица, како „промисла која Бог му ја внел на Михаил-Борис“, за да му се овозможат „сите услови за вршење на Божјото дело“. Оттаму и Климентовата надредена позиција над световните власти, манифестирана и преку „послушноста“ на управникот на областа во која делувал, а кој му служел како помошник „во реализирањето на неговите одлуки“. Неговите ученици не плаќале ништо на кнезот, бидејќи, тие преку Климент „му служеле на Бога и биле поставени Нему да му платат, поточно да му се оддолжат“ на Бога (Теофилакт Охридски).
           Световните почести, за Климент немале вредност, туку биле само средство за „иницијација на неговиот подвиг во поучувањето и во проповедничката ревност“. И епископската функција која ја извршувал од 893 година, била за „црквата Божја“. Бидејќи, како што Климент лично му предочил на Симеон, „Бог самиот ми ја довери, служејќи се со твојата власт, како со своја рака“. Оттаму, наспроти противењето на Симеон, остарениот Климент се вратил во својот манастир, избирајќи го Охрид за свое вечно почивалиште, откако „увидел дека Небесниот цар е согласен со неговата намера“.
           Теофилакт го насликал портретот на Климент, како охридски светител, кому учителското и епископското делување му било доверено од самиот Бог и тој Нему достојно му служел и му одговарал за своите дела. Тој ја претворил „грижата за народот во своја наслада“ и „станал сѐ за секого“ (Теофилакт Охридски).
           Подоцна, охридскиот архиепископ Димитрија Хоматијан, во житието за Климент, наведува дека тој го добил епископското достоинство над цел Илирик од самиот Методиј, што му овозможило лично да го „обнови со бањата на крштевањето“ кнезот Борис, а потоа и син му Симеон, „убедувајќи ги да се управуваат според христијанскиот обичај“. Toa несомнено не било случај, но Хоматијан, како и Теофилакт, претендирал преку житието да ја демонстрира независноста и доминацијата на Климент над световните владетели. Затоа, Хоматијан чувствувал за потребно да потенцира дека Климент бил „придружникот на водачите и водач на целиот мизиски народ во побожноста, откако заедно со отците и учителите ги претрпел истите искушенија од тогашните еретици на власт“. Преку Климент, како светител на Охридската архиепископија, Хоматијан ја проектирал идеолошката доминација и престиж
на својата Архиепископија, во услови на новонастанатите односи на Балканот во првите децении на 13 век и судирот со српската и бугарската црква.

sv.kliment.ohridski.jpg

TViTer673             Климент бил вистинскиот водач, двигател на својот народ и пастир на својата Црква, поради што и бил сметан за светител на Охридската архиепископија. „Тој нѐ направи поблиски од другите и ние секогаш бевме со него“ - ќе истакне Теофилакт – поставувајќи се во улога на Климентов ученик и следбеник на традициите. Тоа го објаснува и проектирањето на востановената терминологија во времето на Теофилакт и Хоматијан, во Климентовата епоха, а кој од термините користел единствено „словенски“ и „наш“.
            Климент бил продолжувачот на светото кирило-методиево дело, и како што ќе каже Конески, го развил нивното Слово „во реченица на словенскиот јазик“. Реченица толку потребна за тогашните луѓе во Охрид и во Македонија, за да можат да го чујат, прочитаат и осознаат Словото на Животот, за самите потоа да го пренесуваат испишувајќи ги македонските текстови на Асемановото евангелие, Синајскиот псалтир и евхолохиј ...
            Климент самиот станал извор на Словото за илјадниците ученици во неговата Охридска книжевна школа и за верниците во својата епископија, поставувајќи ги со тоа темелите на генерацискиот произнес на себе-спознанието. Традиции, кои се вградиле во основите на Самуиловата црква – Охридската архиепископија, која го одржала споменот за својот светител и за неговите учители низ вековните премрежија, во времиња кога од другите бил подложен на заборавот.
         И денес, моќно одекнуваат зборовите на Хоматијан за охридскиот светец, како со небесна светлина ги шири зраците на учењето, оставајќи го неговиот „свет гроб како непроценливо богатство на своето паство и како имот вреден колку сиот свет“. Климент „ни ги остави спомениците и светите книги во Охрид - сопствени дела на неговата возвишена мисла и рака - кои се почитувани и уважувани од целиот народ како плочите на Мојсеј напишани од Бога.“
Затоа и архиепископот Доситеј, возобновителот на древната Охридска архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, го вброил охридскиот светител Климент, меѓу „големите Божји угодници, учители и
просветители на својот македонски народ“, кој вечно блеска над македонското небо меѓу „јарките
ѕвезди на нашиот духовно-национален небосклон“.
        Од аспект на нашата сегашност, секој треба да се запраша дали вистински го осознава и почитува непроценливото богатство кое Климент му го оставил во наследство на своето паство и дали прави доволно за да се оддолжи на учителот и водачoт на народот. Ако досега не проникнал во сознанието, нега го слушне громкиот восклик на Хоматијан: „О водачу на слепите, без оглед какво слепило и лидерство некој би можел да има предвид! О, ти кој му подготви на Господа избран народ, ревносен во добрите дела кои ги виде во тебе!“.
Да! Климент е неповторлива личност за словенскиот свет и затоа многумина сакале и сакаат да биде нивен, иако со време го заборавиле, без да го одржат споменот за него. Затоа, пак, Климент живеел и живее во градот Охрид – кој е неговото презиме - нераздвојната идентитетска врска и трајно сведоштво за традициите и наследството за секое генерациско современие.


3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

Бидејќи Климент е Охридската школа.
Климент е манастирот и црквата во Охрид.
Климент е Охридската архиепископија.
Климент е заштитникот на Охрид.
Климент е световниот и духовен водач на својот народ и црква.
Климент е нашето спознание, Тој сме ние.
Климент бил, е, и во иднина ќе биде Охридски, наш, македонски и сесловенски. Бидејќи тој со смртта „го поставил крајот кој одговарал на почетокот и кровот кој во целост одговарал на темелот“ (Теофилакт Охридски).
Затоа и вечно ќе го почитуваме, бидејќи тој е создателот на неговиот и нашиот дом, вечниот светилник на нашата црква и на нашиот свет.
Затоа, ти должиме вечна благодарност, наш Клименте, која денес и со векови ти ја оддаваме!

 TViTer672

8ми декември 2022 лето Господово

 

 

 

 Друго:

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Православен календар

 

18/05/2024 - сабота

Светата великомаченичка Ирина; Светите Мартин и Ираклиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Твоето срце миомирисно семе Христово постана,О, Ирино света девственичке,од него Господ за себе мноштво народ подигна,душата ти, палмина гранка на...

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Девице света, Пелагио Христова,вистината го озари умот твој и исполни срцето,со неа се излечи душата твоја,радувај се сега во небесните...

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Тропар на светите Христови маченици Тимотеј и Мавра 3 мај / 16 мај 2024

Главите наши денес пред вас ги приклонуваме,о, свети маченици Тимотее и Мавро,за да по вашите молитви измолимемилост голема, од Оној...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная