Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 10:23-32
23. И кога погледна Исус, им рече на учениците Свои: „Колку е тешко за богатите да влезат во царството Божјо!”
24. А учениците се уплашија од зборовите Негови. Но Исус пак им одговори и рече: „Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо!
25. Полесно ? е на камила да влезе низ иглени уши, отколку на богат – да влезе во царството Божјо.”
26. А тие се чудеа многу и си велеа помеѓу себе: „Тогаш кој може да се спаси?”
27. Кога ги погледна Исус, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сe е можно!”
28. И Петар почна да му говори: „Ете, ние оставивме сe и по Тебе одиме.”
29. А Исус одговори и рече: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мене и Евангелието,
30. а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нивје, а во идниот век – и живот вечен.
31. И мнозина први ќе бидат последни, а последните – први.”
32. Кога беа на пат, искачувајќи се за Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие беа уплашени, па, врвејќи по Него, се боеја. И кога ги повика повторно дванаесетте, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него.
Апостол на денот: Соборно послание на светиот апостол Јаков 2:1-13
1. Браќа мои, држете ја верата во Исуса Христа, нашиот Господ на славата, и не гледајте кој е што.
2. Ако во собрание ваше влезе човек со златен прстен, во светли алишта, а влезе и сиромав со проста облека,
3. па погледате на облечениот во светли алишта и му речете: „Ти седни овде убаво!”, а на сиромашниот му речете: „Ти стој таму!” или „Седни овде, при подножјето мое!”
4. И не размисливте во себе, туку станавте судии на лоши помисли.
5. Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог сиромасите од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството, ветено од Него на оние, кои Го сакаат?
6. А вие го посрамивте сиромавиот. Не се ли тоа богатите што ве мачат и влечат по судови?
7. Не го хулат ли тие вашето добро име, со кое сте се нарекле?
8. Ако, пак, го извршувате царскиот Закон според Писмото: „Возљуби го ближниот како самиот себе” – добро правите.
9. Но, ако гледате на лице, грев правите; и Законот ве изобличува како престапници.
10. Оти, кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сe.
11. Зашто Оној, Кој рекол: „Не прави прељуба”, рекол и: „Не убивај!” Па затоа, ако не вршиш прељуба, а убиеш, ти ќе станеш престапник на Законот.
12. Зборувајте и постапувајте како оние, што ќе бидат судени според Законот на слободата.
13. Оти судот ќе биде безмилосен спрема оној, кој не покажал милост; милоста во судот се пофалува.
Поука на денот: Авва Доротеј
Во името на Исуса Христа, брате мој, ние немаме никакво право пред својот брат. И должни сме со љубов да преминеме преку незадоволството и да го проголтаме. И така, никој да не го прашува својот ближен ’зошто не ме сакаш?’, а самиот нека го нагонува на љубов, чинејќи го само она што е достојно за неа.