логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

40denaMT 1

„Христе, Ти си рекол дека оние кои веруваат во Тебе нема да видат смрт; но, како што сум Јас Светлина од Светлината, така и вие ќе се просветите со Мене во славата Моја; зашто Јас, вистинскиот Бог, дојдов да ги спасам оние кои во вистинско православие Ме почитуваат како единствен Господ Бог: двоен по природа, Бог и Човек, а еден по ипостас. Затоа Твојот верен раб, кој така Те исповедаше, упокој го со светиите во светлината на Твоето лице, како човекољубив“ (самогласна стихира Дамаскинова од опело на свештеник).

40denaMT 7

Ништо така лесно не се заборава како разделбата на човек со човек, зашто ако некое време и го спомнуваме, на смртта веднаш забораваме - ете вака пее црковниот песник, потврдувајќи ја таа човечка нарав да заборави дека сите еден ден ќе се претставиме пред страшниот, но и милостив Судија, нашиот Бог и Отец. Некои, пак, луѓе, истакнати во верата и љубовта, тешко се забораваат, особено ако поживеале во побожност и добрина, според Божествената заповед, самите живеејќи, а со тоа учејќи ги и другите да живеат според Божјата волја. Ете таков беше и нашиот Митрополит Тимотеј, кој сиот свој живот го посвети на Црквата Христова и на Црквата Македонска, не штедејќи се ниту во моментите кога надоаѓаа големи искушенија, ниту пред самата смртна постела. Ете се навршија и четириесет дена од неговото блажено упокојување, од неговото блажено претставување пред Милостивиот Бог, од каде сега сигурно цврсто се застапува за таа своја Црква, за која дишеше и живееше. Сѐ е суета, сѐ човечко што по смртта не останува е суета, зашто сѐ се уништува, но вистинската љубов никогаш не умира. А таа љубов на нашиот Митрополит Тимотеј ни дава задача, ни дава задолжение, аманет, но и смелост да Му извикаме на бесмртниот Цар: Господи, удостој го Твојот раб, блажено упокоениот Митрополит Тимотеј, за Твоите вечни блага, упокојувајќи го во вечен живот.

40denaMT 10

40denaMT 11

40denaMT 12

По повод четириесетте дена од упокојувањето на Митрополитот Тимотеј, на 03 јануари 2025 година, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде што е и вечното негово почивалиште, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Стобиски г. Јаков, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Хритсоски, протоереите Стевче Тошевски и Васко Голабоски, еромонахот Никодим, протоѓаконите Александар Димитријов и Драган Иванов и ѓаконот Марко Мантов. На Литургијата молитвено присуствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Администратор Дебарско-кичевски и Австралиско-сиднејски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, како и Митрополитите: Петар, Агатангел, Пимен и Јосиф, и Епископите Партениј и Никола. По завршувањето на Литургијата, Епископот Јаков се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, а потоа беше отслужен и Парастос на гробот на Митрополитот Тимотеј. На Парастасот чиноначалствуваше Архиепископот Стефан, во сослужение на Митрополитите Петар и Агатангел, како и на гореспоменатите свештенослужители. По завршувањето на Парастасот, Архиепископот Стефан се обрати со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

40denaMT 15

† Стефан,

Архиепископ Охридски и Македонски

ВЕРЕН И НЕУМОРЕН СЛЕДБЕНИК НА ХРИСТА[1]

Блажени се оние коишто умираат во Господа!... Нека се одморат од трудот свој, оти делата нивни ги следат![2], запишал свети Јован Богослов во Откровението. Навистина, блажени се оние коишто се упокојуваат во Господа, зашто се здобиваат со вечен живот и се стекнуваат со она кон коешто се стремеле преку сиот свој живот. Блажени се зашто нивната вера ги довела пред Господа, зашто нивната љубов кон Бога, со која биле исполнети живеејќи на земјата, им донесува неопислива убавина, зашто нивната надеж се исполнила, а секоја исполнета надеж донесува бескрајна радост. Блажени се оние коишто се упокојуваат во Господа, зашто делата на нивната вера, на нивната љубов и на нивната надеж застануваат пред Господа!

Блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј сиот свој живот се стремеше да Му служи на Бога, знаејќи, како што поучува апостолот, дека е потребно усрдно да се грижиме за да Му бидеме угодни, било кога живееме во телото, било кога го напуштаме, зашто сите треба да се јавиме пред Христовиот суд[3].

Па, целокупниот животен пат на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј беше исполнување на Христовите зборови упатени до светиот апостол Петар: и при првата средба со апостолот, крај Галилејското езеро, на почетокот од Своето спасоносно делување, и при последната средба со Него, тогаш веќе воскреснатиот Господ му се обраќа на свети Петра со истите зборови – Врви по Мене[4]. И како што свети Петар ги беше разбрал тие неверојатни зборови и ги беше исполнувал до крајот на својот живот, така и Дедо Тимотеј од најрана возраст го слушнал Христовиот глас и тргнал по Него.

А повикот – Врви по Мене, Митрополитот Тимотеј најнапред, уште како 15 годишно дете, го довел да биде ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“; истиот повик го однел на Православниот богословски факултет во Белград, а потоа и на последипломските студии во Рим.

Тој ист повик: Врви по Мене, потоа ќе го води младиот теолог и на местото ректор на Богословијата и предавач на новоотворениот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, за, конечно, во есента 1981 година, кога наближил до својата триесетта година, возраста којашто ја имал и Христос, кога ја започнал својата тригодишна проповедничка домостроителна служба, да биде потстрижен за монах и да го исполни до самиот крај, односно да се откаже од себеси, за потполно да се облече во Христа и да се замонаши и, набрзо потоа, од страна на Светиот архијерејски синод на нашата Света Црква, тогаш предводен од блаженоупокоениот возобновител – Архиепископот Доситеј, да биде избран за Архијереј!

Возљубени во Господа, пред четириесет дена заврши овоземното следење на Dедо Тимотеј на тој Христов повик, и еве, денес, тој повторно нѐ собра за уште еднаш, молејќи се за неговата душа, да го посведочиме неговото одење по Господа. Дојдовме да се помолиме за него, но и да му заблагодариме за сѐ што направи како Архијереј за Македонската Православна Црква. Го помоливме милостивиот Бог, Кому тој Му се посвети, неуморно и ревносно следејќи Го во сиот свој живот, да го награди за неговиот труд на нивата Господова! Зашто, сведоци сме сите, Митрополитот Тимотеј со сиот свој живот и со сите свои дела посведочи дека живееше за Господа и се упокои во Господа!

А Бог го беше дарувал со многу дарби: и со дарба на знаење и со дарба за организирање и со дарба на неимарство, со дарба и на слово и на дело. Израз на неговите многуразлични дарби беше неговото служење: непоколебливо, благоугодно, со почит и во страв Божји, како што истакнува светиот апостол Павле[5]. Тој Му служеше на Бога неуморно, упатувајќи од амвонот пораки и поуки за секој празник, или објаснувања на воскресните евангелија. Дарба од Бога му беше желбата почесто да богослужи или молитвено да присуствува на светите богослужби, со што, како псалмопејачот, да порачуваше: влегувајте во Божјите порти со славословие, а во Неговите дворови со песна[6].

Тој со особена радост и грижа се подготвуваше да го проповеда Светото Евангелие, по примерот на апостолот, богослужејќи преку молитвата се вдахновуваше и себеси и другите[7]. Резултат на тоа се бројните книги со неговите објавени слова што ни ги остави како негов вреден прилог во нашето скромно црковно проповедништво. А пак неговата неимарска, неговата дарба и грижа за сакралните објекти во Дебарско-кичевската епархија се пример на кој треба да се угледаме сите! Навистина, тој раководеше со духовно и сакрално најбогатата наша епархија – и по бројноста на храмовите и манастирите и по нивната вредност. Под негова јурисдикција беа и овој возобновен Светиклиментов манастир на Плаошник, и Светинаумовиот манастир, и Света Софија и Перивлепта, и Бигорски и Пречиста, и базилики со древни мозаици, и храмови и манастири со вонредно вредни фрески и икони... И голема е заслугата на Митрополитот Тимотеј за нивното преображение од состојбата во којашто тие беа, во состојбата во којашто тој ги остави! Во сиот свој архијерејски живот тој беше неуморен во обновата и заштитата на древните и во градењето на нови храмови и манастири. Со сѐ што направи и ѝ остави на нашата Света Црква, тој си обезбеди заслужно место во нашата црковна и национална историја.

По годините не поживеа долго, но по делата, за тие години – направи многу! И навистина, не е важно колку живееме, туку, поважно е, како живееме, односно какви дела оставаме по нас. А блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј направи бројни дела по кои ќе остане во сеќавањето и на ова и на идните македонски поколенија. И, што е најважно, во Господа заслужи вечен спомен, заслужи вечнују памјат, заслужи вечно да се споменува, заслужи вечен живот во Царството небесно!

Дедо Тимотеје, ти наш возљубен собрате и сослужителу, ти благодариме за сѐ што направи за богомдоверените ти епархии и народ и за сета наша Света Македонска Црква.

Нека ти е вечен споменот и моли Го Бога за нас! Амин!

[1] Слово на 40-дневниот Парастос на Митрополит Тимотеј, над неговиот гроб на Плаошник, на 3.1.2025 година.

[2] Сп. Откр 14, 13.

[3] Сп. 2 Кор 5, 9.

[4] Јн 21, 19 и Сп. Мт 4, 20.

[5] Сп. Евр 12, 27-28.

[6] Сп. Пс 99, 4.

[7] Сп. Дела 20, 24.

https://www.dke.org.mk/index.php/3713-40-4

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

« »

Православен календар

 

25/04/2025 - петок

 Источен петок – Балаклија; Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 25 април/12 април  2025

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 25 април/12 април 2025

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски  24 април/11 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 24 април/11 април 2025

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април  2025

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април 2025

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная