с.Љубанци,26ти јули 2023 г.- манастир на св. Никола, на празникот на Светиот Архангел Гавриил
26.07 Светиот Архангел Гавриил
Овој голем Божји архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој архангел во една келија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа келија и денес се нарекува келијата „Достојно ест“.
Во оваа прилика се приспомнуваат и останатите јавувања на архангелот Гавриил: кога му се јави на Мојсеј кој во свое време го чуваше стадото Јоторово, а нему архангелот како на Божји избраник му соопшти како е создаден светот, кое Мојсеј подоцна и го запиша во Книгата на Постанокот; кога му се јави на пророкот Даниил и му ја објави тајната за идните царства и за доаѓањето на Спасителот; јавувањето на Света Ана кога ѝ благовестеше со ветувањето дека ќе Ја роди преблагословената и Пречиста Дева Марија; многукратното јавување на Пресветата Дева додека Таа пребиваше во храмот ерусалимски; кога му се јави на првосвештеникот Захариј и го извести за раѓањето на Св. Јован Предвесник и за казната на немост што ќе го постигне Свети Захариј затоа што не им поверува на зборовите на архангелот; кога повторно ѝ се јави на Пресветата Дева во Назарет и Ѝ благовестеше за зачнувањето и раѓањето на Господ Исус Христос; јавувањето на праведниот Јосиф; јавувањето на пастирите кај Витлеем;
Му се јави и на Самиот Господ во Гетсиманската градина, кога Господ како човек беше поткрепуван од овој архангел пред страдањето; кога им се јави на жените Мироносици итн.
Кондак, глас 2.
На небесата гледајќи ја Божјата слава, а на земјата давајќи благодат од висините, началнику на ангелите, мудри Гаврииле, на Боќјата слава служителу, и на светото божествен бранителу, спасувај и чувај ги оние што ти викаат: Самиот три биди ни помошник, и никој ништо не ни може.
На 26ти јули 2023 година, во седмата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија-Јустинијана Прима молитвено го прослави споменот на Светиот Архангел Гавриил, во манастирот на св.Никола во скопското село Љубанци, свештеникот Горан Димевски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал (к.т.)
Друго: