Скопје, 23ти јули 2023 год.- храм на св.пророк Илија, н.Аеродром
23. 07. Преподобен Антониј, Киево-печерски
Основоположник и татко на монаштвото во Русија. Роден е во малото место Љубеч близу Чернигов. Рано ја остави својата татковина и отиде на Света Гора, каде што се замонаши и се подвизуваше во манастирот Есфигмен. Според едно небесно јавување игуменот го упати во Русија за да создава таму монаштво. Тој си избра една пештера кај Киев. Кога околу него се собраа желните за монашки живот, тогаш тој им го постави за игумен Теодосиј, а самиот остана во пештерата во безмолвие. Со Божјиот благослов манастирот нарасна и стана матица на руското монаштво. Антониј претрпе многу злоба од луѓето и од демоните, но со својата кротост ги победи сите. Имаше голем дар на проѕорливост и на исцелување на болни. Се престави кај Господ во 1073 година, во деведесеттата година од својот живот и остави духовен расадник, којшто му носи добри плодови на рускиот православен народ со векови.
Тропар
Излегувајќи од световниот метеж и откажувајќи се од светот, евангелски Христос си Го следел: и живеејќи рамноангелен живот во тивкото пристаниште на Света Гора Атонска си пристигнал, откаде со благослов на отците во гората Киев си заминал, и таму трудољубиво животот твој завршувајќи го, татковината си ја просветил, и на мноштво монаси патеката која води кон Небесното Царство си им ја покажал, кон Христос нив приведувајќи ги. Него моли Го, Антоние преподобен, да ги спаси нашите души!
Светите четириесет и петмина маченици: Леонтиј, Маврикиј, Александар, Сисиниј и другите
23 јули /10 јули (по стар стил)
Во времето на свирепиот цар Ликиниј, којшто владееше со источниот дел на Византиското царство, имаше големо прогонство на христијаните. Во Никопол Ерменски на царскиот намесник Лисиј му се јави свети Леонтиј со уште неколкумина пријатели и за себе му рекоа дека се христијани. „А каде е вашиот Христос?“, ги праша Лисиј. „Нели Го распнаа и умре?“ На ова му одговори свети Леонтиј: „Кога знаеш дека нашиот Христос умре, знај дека и воскресна од мртвите и се вознесе на небото“. По долга препирка за верата Лисиј ги изнатепа и ги фрли во затвор, па не им даваа ни да јадат ни да пијат. Некоја благородна христијанка Василијана им носеше храна и им ја подаваше низ затворскиот прозорец. И во затворот им се јави ангел Божји, ги утеши и ги охрабри. Кога беше судењето, на Лисиј му се јавија и двајца од затворските чувари како новообратени христијани, и уште многумина други, вкупно на број четириесет и пет. Судијата сите ги осуди на смрт, но така што прво да им ги отсечат со секира рацете и нозете, па потоа да ги фрлат во оган. Оваа грозна казна беше целосно спроведена, а душите на овие свети маченици одлетаа при својот Господ во животот вечен. Чесно пострадаа и го наследија Царството небесно во 319 година.
Тропар на светите
четириесет и пет Христови
маченици Никополски
10 јули / 23 јули
Маченици свети кои на бојно поле побрзавте,
Христа го исповедавте и венец на спасение добивте.
Повикајте и денес за нас о младенци на Царството нетлено –
раце подавајќи на жртва, поради Оној Кој нив ги создаде,
ноѕе принесувајќи за да одиме по стапките на Неговите заповеди,
о Никополски маченици, молете се Христос сила да подари,
за спасение на нашите души.
Во седмата недела по Педесетница, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на Светите четириесет и петмина маченици: Леонтиј, Маврикиј, Александар, Сисиниј и другите, во храмот на св.пророк Илија во скопската населба Аеродром, старешината на храмот, отец Тино Стефковски во сослужение на ѓаконот Александар Брајановски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Premnportal.com.mk
(K.T.)
Друго:
✥Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија, Скопје (08.05.2023)
руго:
Друго:
Друго: