логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Повод: Интервјуто со Љубомир Цуцуловски „Веронауката може да заврши како марксизмот - со потсмев” од понеделник, 15. 09. 2008 година.

 

Почитувани!

 

Со години, ако не и повеќе од една декада, ги слушаме и читаме ставовите на г. Цуцуловски во однос на воведувањето на веронауката во образовниот систем на Р. Македонија. Досега, не памтам некој да спорел со него на оваа тема, од проста причина што ние кои мислиме поинаку сме повеќе од свесни дека во светот и во општеството во кое живееме, нормално е да постојат луѓе со различни мислења и дека, од демократски аспект погледнато, е сосема во ред секој да има право да си го каже своето мислење. Овој пат, во последното интервју дадено за вашиот ценет весник, дури и г. Цуцуловски се надмина самиот себе. Понесен од својата погазена гордост и суета, овој веќе докажан богоборец со стаж, манифестираше невидена омраза и безобразлук кон православното свештенство во Р. Македонија и кон библиската мудрост и христијанска теологија воопшто. Во целост погледнато, интервјуто се одликуваше со бројни контрадикторности, приземни „бабини” предрасуди - несфатливи за еден универзитетски професор и „интелектуалец” и непознавање на суштината на темата за која се зборува, со што, творецот на овој галиматијас од зборови се етаблираше себеси како редок примерок на индоктриниран рецидив од минатото и музејски експонат со самосвојна лаичка неграмотност.

На почетокот од своето интервју овој типичен кабинетски конформист се жалеше на некакви притисоци кои ги трпеле неговите поранешни студенти, а сега учители, предизвикани од немањето учебник, скроен според неговиот непристрасен план и програма за изучување на историјата на религијата. Изгледа и самиот не е свесен што значи во суштина притисок на дело, кој ние како верски организации ги трпевме во последните 60-тина години и тоа во својата татковина. Се прашал ли како ли се чувствувале нашите вероучители и во 2002 г., при првиот обид за воведување на веронауката во училиштата и сега при одбивниот став на некои директори и наставници при нивната појава во училиштата и какви ли сé погрдни зборови и понижувања не се изнаслушале во училишните канцеларии. За организираната хајка од медиумите по ова прашање нема потреба ни да спомнувам. Изгледа за претходнореченово никој му се нема јавено. Немањето учебник по овие два предмета е секако проблем пред кој не треба да се зазмижува, но да се претставува ова како притисок, мене ми личи само како лажно измислување на некаква жртва, која бара сожалување од општеството. На г. Цуцуловски никој му нема кажано дека во некои училишта во Повардарскиот регион директорите, раководени од својата лична или политичка предрасуда воопшто немаа спроведено анкета во своите училишта, или, и ако имаа свикано родителски состанок отворено агитираа во полза на историјата на религиите, психолошки делувајќи им на родителите дека е подобро да изберат да изучуваат историја на религијата бидејќи со тоа нема да ги „делат” децата, а некаде воопшто не биле консултирани родителите, туку по лично „мнение” или незнаење децата биле 100% запишувани како дека веќе избрале историја на религијата. Ова сигурно го дознале во Министерството, па затоа на некои места, во интерес на праведното информирање била спроведена втора анкета, која дала поинакви резултати, од оние кои првично сакале да ги прикажат споменативе директори. Ние, како МПЦ, воопшто не се мешавме во спроведувањето на тие анкети, впрочем и не знаевме кога и во кое време тие ќе се спроведуваат.

Во вториот, поголем дел од интервјуто г. Цуцуловски почнува себеси да се претставува како заштитиник на секуларноста и науката и покажува загриженост за правата на помалите верски заедници во Р. Македонија.

Темата за секуларноста и нејзиното нарушување со воведувањето на веронауката во училиштата е доволно обработена и повеќепати е докажано дека со овој проект секуларноста на македонското општество не се напушта, бидејќи и понатаму Црквата е одвоена од државата, што во принцип и значи секуларно општество. Во нашиов случај државата одлучила да ги искористи добрите „ресурси” кои Црквата ги има во својата духовна ризница, со цел да постигне поквалитетен културолошки, етички и цивилизациски напредок за своите граѓани, по примерот на сите цивилизирани држави од ЕУ кои без никаква предрасуда ова го прават и спроведуваат во своите општества. Овде вредно е да се спомене дека визијата за религиско образование која ни ја нуди г. Цуцуловски не постои никаде и не е проверена од никој во современиот цивилизиран свет, кон кој ние како држава се стремиме да се доближиме. Инаку правата на помалите верски заедници во овој поглед е повеќе техничко прашање, бидејќи споменативе заедници не се компактна целина, туку се конфронтираат меѓу себе на теолошки план и во своите редови немаат доволно деца за создавање на училишна паралелка, а покрај гореспоменатово, исто така немаат ниту квалификуван наставнички кадар, кој ќе ја спроведува оваа програма. Да не бидам погрешно разбран, немам ништо против нив на личен план, туку само се трудам да ги изложам фактите.

Што се однесува до односот на науката и теологијата и нивната методологија, пак, која од уста не ја испушта г Цуцуловски би сакал исто така, без големо образлагање, да споменам дека тој овде апсолутно не е во право. Ако Френсис Бекон ја одвоил науката од теологијата, тогаш истото тоа одвојување го направиле и многу современи филозофи во однос на науката и филозофијата, па тоа не може да биде доказ дека филозофијата не треба да се изучува во училиштата или пак да им биде забранета на децата, туку напротив и науката и филозофијата и теологијата, секоја на свој начин, со сета нивна методологија и мудрост можат да помогнат во интелектуалниот и образовниот развој на човекот. Ова мое тврдење го поткрепувам со фактот дека мнозина користејќи се и воспитувајќи се од духовното богатство на споменативе дисциплини на светот му подариле огромни духовни и интелектуални вредности како што се достигнувањата во физиката, математиката, лингвистиката, механиката, филозофијата, уметноста и т.н. Декарт, Пастер, Паскал, Њутн, Кант, Ајнштајн, Тесла, Достоевски, Толстој... сите овие  прекрасни историски личности се докажани стручњаци во својата научна и уметничка област, но во исто време активно живееле на религиозен план и честопати му се заблагодарувале на Бога за нивната прониклива мисла и за своите научни достигнувања. Според нивните сведочења, верата од нив направила длабоко освестени личности, а религиозното воспитание и морал помогнало да остават печат во историјата на човештвото. Потребно ли е да правам паралела меѓу науката и теологијата со наши домашни примери, потребно ли е да ги спомнувам светиот цар Јустинијан I, св. Кирил и Методиј (прочитајте го нивното житие г. Цуцуловски, сепак работите во институција која го носи нивното име, и која себеси се преставува за продолжителка на нивното дело), св. Климент, св. Наум, славните личности од поновата македонска преродба Партениј Зографски, Кирил Пејчинович, Теодосиј Синаитски, Теодосиј Гологанов, епископот Гаврил Велички, Јоаким од Ракотинци. Сите тие на свој начин биле вероучители, кои активно работеле на описменување и духовно воздигнување на својот македонски православен народ, честопати соединувајќи ги научните и богословските методи. Колку за потсетување историските личности кои ги красела слична омраза и предрасуда во однос на религијата и теологијата како и г. Цуцуловски, на светот и на своите народи неповратно му нанеле повеќе зло отколку добро. Маркс и Енгелс, како идејни творци на комунизмот и нивните следбеници Ленин, Сталин, Тито, Чаушеску, Ким Ил Сунг, Кастро ..., кои само демагошки ја користат и ја користеле етиката, а на терен спроведувале невидени ѕверства. Тогаш за каква тоа идеологија зборуваме г. Цуцуловски? Што кај овие личности паметниот човек ќе може да распознае? Што е утопија, демагогија и реалност? Жртвата за својот народ и човечноста која со помош на религиозното воспитание безрезервно се спроведува или лагата, демагогијата која раѓа страдање. Што да избере еден обичен необразован човек? Зошто да биде толку опасно „христијанизирањето на општеството” кога реално токму христијаните низ сите човечки општества во историјата (па, и во нашево современо македонско општество) најповеќе придонесувале за нивното цивилизациско воздигнување? Не разбирам... омразата не смее и не може да биде патеводителка во нашите одлучувања за другите. Тоа ни добриот Бог нема да го дозволи.

На крајот стигнавме и до најбезобразниот дел од интервјуто на г. Цуцуловски. Овој дел може да се користи и како школски пример за тоа зошто е потребна веронауката во образованието. Воспитанието е основната цел на веронауката, а г. Цуцуловски, кој и самиот работи во образование, покажува недостаток во бон-тонот и однесувањето спрема оние кои поинаку мислат од него. Колку за негова лична информација свештенството не престанало да го подучува народот во верата и тогаш кога Црквата била жестоко прогонувана, црквите низ Македонија не зјаат празни кога во нив се богослужи. Потоа, самиот јас, формирав и раководам три црковно-народни кујни (две во Скопје и една во Велес), каде со натчовечки напори, со огромна помош на повеќе наши благочестиви христијани (за што сум им бескрајно благодарен) се обезбедува секојдневно по барем еден топол оброк за стотици наши несреќни браќа и сестри. Верувам користите интернет, па затоа прочитајте за нашата активност и разгледајте ги нашите литературни изданија и прочитајте за нашата организирана борба против најновите зла во современието, како што е на пример наркоманијата. Црквата не само дели совети, туку, реално работи на терен, меѓу својот народ. Добротворните акции на Црквата не престануваат само тука, тие продолжуваат и на личен план и покрај целата немаштија која владее во општеството. На нас веронауката не ни е потребна за да агитираме и да „освојуваме” луѓе, бидејќи сме повеќе од свесни дека доброто наметнато со сила се претвора во зло - оваа светоотечка максима нé раководи 2000 години и нема ниту една причина сега да постапуваме спротивно од ова евангелско начело. Ние веронауката не ја наметнуваме, туку ја нудиме на општеството за тоа да може непречено да црпи за своите потреби и за своето духовно здравје од овој извор на живата мудрост, добрина и убавина. Она што за вас изгледа смешно за другите изгледа сосема нормално и спасително, зашто и покрај сите медиумски напади во последните 15-тина години насочени кон забрана за верско образование во училиштата, сепак 2/3 од населението во Македонија одлучи за себе дека е корисно и праведно да се воспитуваат нивните деца и од религиозната наука. И покрај овој факт, вие сепак високо мислите за себе тврдејќи дека народот не слушајќи ги вашите добропознати ставови и препораки еден ден ќе се кае за својата одлука како што тоа сега го прави за марксизмот, кого вие го исмејувате, а сепак веројатно (не ве познавам лично!) треба да му бидете благодарен за својата професорска и филозофска кариера. Би сакал да ви препорачам да ги изнесете своите ставови и планови за спроведување на религиозното образование надвор од Македонија, па да видете дали таму ќе бидете сфатен или, пак, исмеан.

На крајот г. Цуцуловски најтопло ве замолувам да нé оставите нас христијаните слободно да се подучуваме и да веруваме дека Мајката наша Богородица Марија зачнала преку Светиот Дух, да веруваме дека Христос се предаде себеси за животот на светот, дека страдаше и беше погребан и дека воскресна и се вознесе, воздигнувајќи ја и сместувајќи ја човечката природа од десната страна на Отецот. Врз тоа се темели и нашата надеж и целото верување на сите христијани низ вековите, кои праведно живеејќи, токму според овие начела, го задолжиле човештвото со делата на своите раце, а вие слободно можете да ја одгатнувате тајната на животот по свое убедување и да ја барате смислата на животот во бесмислата на атеистичкото постоење.

 

Со почит,

     

Митрополит Повардарски

       †Агатангел   

Посети:{moshits} 

 

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

07/07/2024 -среда

Света Ана; Света Олимпијада, ѓакониса; Преподобната девица Евпраксија; Спомен на Петтиот Вселенски Собор;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 26 јули / 8 август 2024

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 26 јули / 8 август 2024

 Параскево света девственичке,Словото Божјо во тебе сила покажа,нагазувајќи на змии и шкорпии и на сета дрскост демонска,

Тропар на светата Богомајка Ана 25 јули / 7 август 2024

Тропар на светата Богомајка Ана 25 јули / 7 август 2024

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство,каде што...

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Верата твоја света Христино,помести тројца мачители, како три планини обременети,телото кое во парчиња човечката злоба го раздроби,Животот него ќе го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная