evpraksija.oso4.jpg

Глас први:

Богоносен оче наш Јоакиме, си се јавил како жител на пустината, ангел во тело и чудотворец.Откако преку пост, бдение и молитва прими небесни дарови, ти ги лекуваш болните и душите на оние што со вера ти пристапуваат. Слава на Оној што ти дал сила; слава на Оној што те овенчал; слава на Оној што преку тебе сите ги лекува.

evpraksija.oso.jpg


  evpraksija.oso1.jpg

На празникот на Неракотворната икона на Господ Исус Христос и преподобен Јоаким Осоговски, во манастирот на св. Никола сде отслужи Божествена Литургија. Вениот народ се причести со Светите Тајни Христови.

evpraksija.oso3.jpg

evpraksija.oso5.jpg

evpraksija.oso2.jpg

evpraksija.oso6.jpg

Неракотворната икона на Господ Исус Христос

evpraksija.oso7.jpgВо она време кога Господ го проповедаше Евангелието и исцелуваше секаква болест и мака кај луѓето, во градот Едеса на брегот на реката Еуфрат живееше кнезот Авгар, сиот прокажан од лепра. Тој чу за Христос, исцелителот од сите болести и неволји, па испрати некој иконописец Ананија во Палестина со писмо за Христос, во коешто го молеше Господ да дојде во Едеса и да го исцели. Во случај Господ да не може да дојде, му нареди кнезот на Ананија да го иконописа Неговиот лик и да му го донесе, верувајќи дека тој лик ќе му го поврати здравјето. Господ одговори дека не може да дојде, зашто се приближуваше времето на Неговото страдање. Но Самиот зеде крпа, го избриша Своето лице од неа и врз крпата совршено се впиша Неговиот пречист лик. Таа крпа му ја предаде Господ на Ананија, со порака дека од неа кнезот ќе се исцели, но не сосем, заради што Он нему ќе му испрати подоцна пратеник којшто ќе го избрише и остатокот од неговтата болест. Кога ја прими крпата кнезот Авгар ја целива и лепрата падна од неговото тело, но му остана малку на лицето. Подоцна проповедајќи го Евангелието кај Авгар отиде апостолот Тадеј, тајно го исцели и го крсти. Тогаш кнезот ги искрши идолите што стоеја на градската порта и над портата ја стави онаа крпа со Хрисотвиот лик, откако претходно ја залепи на дрво и ја вглави во златна рамка накитена со бисери. Уште кнезот под иконата на портата го напиша и ова: „Христе Боже, никој којшто се надева на Тебе нема да се посрами.“ Подоцна еден од правнуците на Авгар го обнови идолопоклонството. И епископот на тој град дојде ноќе и ја заѕида иконата над портата. Оттогаш поминаа векови. Во времето на царот Јустинијан Едеса беше нападната од персискиот цар Хозрој и градот беше во голема неволја. Тогаш епископот Евлавиј имаше видение на Пресвета Богородица, Којашто му ја јави тајната за заѕиданата и заборавена икона. Ја пронајдоа иконата и со нејзината сила персиската војска беше победена. ( Од Верскиот календар на МПЦ)

 

evpraksija.oso8.jpgПреподобен Јоаким Осоговски

Се подвизуваше во втората половина на 11 век на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор во една пештера. На тоа место подоцна подигна црква еден друг подвижник, Теодор од Овче Поле, на кого Свети Јоаким му се јави во сон. Од моштите на преподобен Јоаким потоа низ вековите се случуваа многубројни чуда.

 

evpraksija.oso9.jpg

 

 


 

{flv}EvpraksijaOsogovski{/flv}

 

Посети:{moshits}