логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

prommandke2021 1

„На ликот направен со рака откако не сакавте да му се поклоните, а заштитени од неискажливото присуство (на Бога), триблажени, со подвигот во огнот се прославивте и, стоејќи среде неподнесливиот оган, Го призивавте Бога: Побрзај, Штедре, и како Милостив на помош дојди ни, бидејќи можеш да направиш сѐ што ќе посакаш“ (кондак на Утрена во Неделата на светите праотци).

 prommandke2021 2

Драги наши верни чеда. Како подостојно да се заврши една голема јубилејна година за сите нас, година во која нашиот духовен татко, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, прославува историски јубилеј за нашата света Македонска црква, за нашата света Епархија, но и за сите нас, кои 40 години сме водени од неговата света десница со мудрост, љубов и секојдневна пожртвуваност. Како поинаку, освен со она на што Митрополитот неуморно се дава себеси веќе полни 40 години, со служење и поучување. И да не зборуваме ние - делата (и камењата) ќе прозборат. Зашто секој еден кој ја посетил нашата Епархија, нашиот славен Охрид, не може а да не го забележи богоугодниот труд на Митрополитот, 40 години вложуван во разубавувањето, духовното и материјалното, на сите наши цркви и манастири - без исклучок. Кој може а да не ја забележи и да не се восхитува на литерарната преродба на Епархијата. А денеска, тој труд, а и оваа јубилејна година, беа крунисани со издавањето на уште една прекрасна монографија, насловена „Манастирите во дебарско-кичевската епархија“, во која се опфатени петнаесет поголеми и позначајни духовни светилишта од нашата епархија, светилишта возобновувани во изминатите години, преродени и во нивниот надворешен изглед, но и во нивниот внатрешен, духовен живот.

 prommandke2021 4

prommandke2021 6

prommandke2021 9

prommandke2021 10

prommandke2021 11

prommandke2021 12

Токму овој голем повод, оваа круна на јубилејните изданија, нѐ собра денеска, на 26.12.2021 година, во Дваесет и седмата недела по Педесетница, во Неделата на светите праотци и на празникот на св. мч-ци Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, каде најпрво беше отслужена света архиерејска Литургија, на која во присуство на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Епископот Хераклејски г. Климент, Епископот Антаниски г. Партениј, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Александар Матески и Александар Димоски, ероѓаконот Никодим, протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Драган Ѓорѓиевски, ѓаконите Драган Иванов и Марко Спасовски и ероѓаконот Порфириј. На Литургијата присуствуваа и г-дин д-р Кирил Пецаков, Градоначалник на општина Охрид, како и г-дин Сашо Донев, претседател на советот на општина Охрид. По завршувањето на Литургијата, Епископот Партениј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. На самиот крај, Архиепископот г.г. Стефан ја промовираше монографијата „Манастирите во ДКЕ“, а неговото промотивно слово интегрално дополнително ќе ви го пренесеме. Оваа прилика ја користиме и да им се заблагодариме на сите кои вложија свој труд во изработувањето на монографијата, а Господ нека си спомне за нивната несебична љубов и вложен напор. Од името на свештенството, монаштвото и сите верни чеда на нашата Епархија, уште еднаш испраќаме топли и искрени честитки за овој монументален труд, и се молиме на Господа, Он да ни го умножи ваквите јубилеи, да му дава мудрост, здравје, сила и љубов на нашиот Митрополит Тимотеј, а тој уште долги години да Му служи на Господа и да нѐ води сите нас по патот на спасението. На многаја лета!  

 prommandke2021 16

Епископ Антаниски г. Партениј

 prommandke2021 19

Верата на Праотците и Вечерата на Бога


Слово на Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, изговорено во Неделата на Светите Праотци, на Светата Литургија во храмот на Св. Климент Охридски на Плаошник, 26 декември 2021 лето Спасителово

Ваше Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан,

Ваше Високопреосвештенство, почитуван Владико на оваа богочувана епархија, Митрополите г. Тимотеј,

Ваше Високопреосвештенство и Ваше Преосвештенство,
Ваше Високопреподобие,

Сечесни отци,

Возљубени во Христа браќа и сестри,

По милоста Божја, наближуваме веќе кон Светото Рождество Христово и нашата Света Црква нè подготвува за тој голем, серадосен Господов празник, за таа совршена можност нашиот живот да се исполни со значење и со смисла; за таа најсуштествена прилика Христос да се роди во нас, та да го доживееме Божик на вистински начин, дејствително, а ќе го доживееме така само доколку просторот во нашето срце се претвори во смирените и гостољубиви јасли од Витлеем.

Денешнава недела литургиски е посветена на Светите Праотци, односно на оние кои од веки Му угодиле на Бога, кои пророкувале и го очекувале јавувањето во плот на Синот и Словото Божјо, исполнувањето на Стариот Завет и доаѓањето на благодатта. Црковната химнографија на оваа втора препразнична недела до Раѓањето на Спасителот ги воспева сите патријарси, судии, пророци и праведници од епохата на Стариот Завет, почнувајќи од провосоздадените Адам и Ева, сè до Свети Јован Претеча и Крстител и ни го открива нивниот копнеж, очекување и надеж во доаѓањето на Месијата на светот. Свештениот поет со божествени пофалби ги истакнува и ги чествува предците по тело на Богочовекот Христос и праведниците коишто го прифатиле Божјиот призив да станат соработници во тајната на Христовото спасение на човечкиот род. Станува збор, всушност, за луѓе кои, иако суштествувале пред Христа, во времето на законот а не на благодатта, во еден особено тежок и безнадежен свет, во свет на духовна нејаснотија и мрак, на мачно исчекување, на едно очајно и долго очекување на ветениот Месија – тие, сепак, со својата непоколеблива вера во Бога и во Божјото ветување и откровение, живееле со праведен и честит живот, насочен кон доаѓањето на Избавителот, и на тој начин тие духовно обитавале во Христа, иако временски пребивале пред Неговото вочовечување.

Затоа, ние сега со восхит и со чудење ја набљудуваме и се поучуваме од кроткоста и храброста на Мојсеј, од трпението на Јов, од верата на Авраам, од боговидението на Јаков, од страданието на Трите момчиња во Вавилонската печка и од надежта, трпението и копнежот на сите тие старозаветни херои на верата кои Го очекувале Ослободителот на човечките души – Христос Бог.

Ако за нив, за Светите Праотци до Христовото Рождество, духовниот живот беше навистина еден мачен подвиг и агонија, исполнет со многу страданија, со нејасни слики и тегобни очекувања, бидејќи се наоѓале под игото на законот, сега за нас, кои живееме во времето на благодатта, спасението и обожението се многу полесно достижни. Тие Го немаа Христа помеѓу нив како човек, а ние, преку светите тајни на Црквата, постојано го чувствуваме Неговото присуство меѓу нас и се соединуваме со Него. Тие немаа чиста и разбирлива претстава за духовниот свет и за тајните на љубовта и милоста Божја, а сепак, го примија со вера ветувањето и го достигнаа спасението. Денес ние ја живееме отворената покана за царската вечера на обожението, на Божјата красота и совршенство. Но, прашање е колку ние седиме со Бога на Неговата раскошна вечера.

Токму затоа, во непосредна врска со Тајната на Воплотувањето е и денешната Христова Парабола за големата вечера.

Еден човек, вели Христос во Евангелието што го слушнавме пред малку, приготви голема вечера и покани мнозина (Лука 14,16). Во своите вдахновени толкувања богоносните Отци на Црквата тука под еден човек Го подразбираат Бог Отецот, Кој Го испрати Својот Единороден Син да стане човек, за да го приведе човекот кон Божјата висина, односно да го сотвори бог по благодат. Вечерата ја означува Божествената Евхаристија, Светата Литургија, како и севкупниот светотаински живот во Црквата, каде како на голема гозба бесплатно ни се дарува Божјата љубов, Самиот Бог преку Светата Причест, очистувањето од гревовите, смирението на совеста и на помислите, внатрешниот бесценет мир, радоста на духот, спокојството на срцето, насладата на душата, спасението и обожението.

Покани мнозина, се вели во евангелскиот расказ, што всушност значи дека ги покани сите. Никој не е изоставен од Божјиот призив. Сите ние, бедни, блудни, лоши, недостојни, лукави, злобни, сите сме поканети на вечера со Синот Божји, Кој дојде да нè исправи, да нè поправи, да ни даде можност повторно да станеме човечни во првобитна смисла на зборот, да станеме Нему подобни, Негови собеседници и сотрпезници, Негови браќа и сестри кои седат заедно со Него на гозбата на светоста. Он преку Црквата Своја, преку духовенството во неа, нè повикува такви кави што сме, нечисти и грешни, за да нè очисти и оправда, за да нè направи Свои, да нè освети и да нè обожи.

Меѓутоа, забележете што говори Христос: во параболата вели покани, а не присили, што значи дека Бог не нè принудува да тргнеме кон Него, нè ја прекршува нашата слобода, туку само со љубов нè повикува. Нè поканува, за со добра и слободна волја да Му се приближиме и со наше сакање да ја соблечеме нечистотијата на душата, да го отфрлиме гревот и злото од себеси, лукавоста на мислите, студенилото на егоизмот. Со добри дела, со милосрдие, со простување и широчина, со љубов за ближните да ја облечеме својата душа со облека достојна за царската вечера. Сигурно го помните Светилниот од првите денови на Страсната Седмица кој вели: „Твојата свадбена одаја, Спасителе мој, ја гледам украсена, но облека немам да влезам во неа". Облеката достојна за влез во одајата на Христовото величие е исткаена од љубовта кон Бога и кон ближните, од великодишноста и духовното благородство. Следствено, за да седнеме достојно на трпеза со Бога потребно е егоизмот да го направиме заедница, индивидуализмот да го претвориме во врска, фобиите и анксиозноста да ги преобразиме во благотворност и трудољубие, омразата во простување и тесноградоста и фанатизмот во простор за сопосотоење и соработка во доброто; да ги отфрлиме несигурноста и безнадежноста и на нивно место да ги поставиме верата и надежта, засновани на расудливоста, на молитвениот подвиг и на трудот.

Тогаш ќе можеме да го почувствуваме благословот од тоа да се присуствува на Господовата вечера, од тоа реално да се живее светотаинскиот живот во Црквата. Тогаш ќе можеме вистински да го вкусиме менито, содржината на рајската вечера. А Свети Кирил Александриски вели дека оваа трпеза се состои од четири оброци, има четири јастија, со кои човекот може духовно да се нахрани, наслади и спаси. Првиот оброк е простувањето на гревовите. Вториот, посинувањето, тоа дека стануваме синови Божји по благодат. Третиот оброк е општењето со Светиот Дух, зашто само со учество во евхаристиската вечера, само со одговор на поканата што ја испраќа Христос, можеме да станеме причесници со Светиот Дух, со Неговите несоздадени енергии кои нè просветуваат и обожуваат. И четвртиот оброк е Царството Небесно, вистинскиот, вечен живот. Сето ова ни се принесува на дар, без никаква наша заслуга. Затоа Христос во Евангелието нè повикува: Дојдете, зашто веќе сè е подготвено! Сè е подготвено од Негова страна, на нас останува само со љубов, благодарност и смирение да одговориме на Неговото повикување.

Мили мои, ни претстојат денови во кои ни се дава можност да се подготвиме за нашето заедничарење со Христа, на славната трпеза на Неговата обилна дарежливост. Он снисходи од Небото на Земјата, за да нè возвиши во нашата првобитна убавина и достоинство. Затоа Црквата преку Катавасијата за Рождеството през овој период нè повикува: „Христос се раѓа – славете! Христос од Небесата – пресретнете Го! Христос на Земјата – вознесете се!" Следствено, да не бидеме неблагодарни и немарни на слаткиот Христов повик, на ненаметливата Божја покана да вечераме заедно со Него во атмосферата на Неговата убавина и добрина. Да не се покажеме како неодговорните поканети во денешното Евангелие, кои прилепени за нештата од овој свет, било да се тоа имотот, богатството, комфорот и телесните задоволства, или пак, опсесивната и душевно нездрава приврзаност за работата, семејството, брачниот сопатник, општествената положба – заради привременото го изгубиле вечното, заради привидно привлечното го изгубиле вистински убавото. Да ги исползуваме овие денови не за медиумски наметнатиот консумеризам и површната атрактивност на потрошувачкото општество, ами за сочувство и љубовна грижа кон нашиот со-човек, нашиот ближен, нашиот сосед, кон човекот што сме го осудувале, сме го потценувале, навредувале и омаловажувале; кон сиромашните, болните, немоќните и осамените кои ги има многу во овој свет; кон оние на кои досега не сме им простиле и кон оние за кои не сме нашле простор во сопственото срце; кон оние што предрасудите на нашето опкружување ги оцрниле како грешни, недостојни, мизерни, маргинални, безначајни – зашто Љубовта Која на Божик ќе прими човечко тело не поставува граници и ограничувања, не знае за предрасуди и поделби, туку ги прегрнува подеднакво сите, ги опфаќа сите, без разлика на времето и на просторот, на народноста и на социјалниот статус. Ангелот на Рождеството на Витлеемските пастири им навести голема радост, која ќе биде за сите луѓе (Лука 2,10). Па така, овој Божик да го поминеме не само со убави слики по социјалните мрежи, со раскошни облеки, украси и трпези, ами пред сè, со тоа што ќе ја видиме сликата, образот Божји во нашиот ближен.

prommandke2021 21

Накрај, би сакал срдечно да му се заблагодарам на мојот почитуван надлежен Митрополит и духовен татко на оваа епархија, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки, за неговата покана да сослужувам денеска овде со нашиот уважен Архиепископ и со моите браќа архиереи и останати свештенослужители. Истовремено, сакам искрено да му честитам за излегувањето од печат на книгата „Манастирите во Дебарско-кичевската епархија", за која сметам дека ќе прерасне во едно значајно литературно обележје за нашите манастири. Впрочем, грижата на Митрополитот Тимотеј и неговата монахољубивост придонесоа во нашата епархија да се создаде и развие богат монашки и манастирски живот, за што на Митрополитот му ја искажуваме нашата должна благодарност. Нека му бидат годините многубројни и крепки!

Ви благодарам на сите и Ви посакувам добро Рождество Христово.

prommandke2021 22

 

 prommandke2021 25

 prommandke2021 29

 prommandke2021 30

 

http://www.dke.org.mk/index.php/3419-2021-12-26-11-18-04

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная