Соборен храм Св. Климент Охридски - Скопје
Во денот кога светата црква го слави споменот на свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски и светата маченичка Еликонида, во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Архиерејска Божествена Литургија.
Божествената Литургија не е символ, туку чин(дело) на Црквата Христова, низ кој таа потполно ја остварува и развива својата природа. Литургијата е сеопфатна Тајна на спасението, Света Тајна на единството, љубовта, осветувањето, жртвопринесувањето, обожувањето. Сето тоа, нас како христијани не прави живи.
(Шмеман)
подготви: М.З./К.Т./Гаштарски Драги
|
|