Скопје, 11ти декември 2020 лето Господово- храм на Рождетвона Пресвета Богородица
На 11ти декември.2020 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви се прослави споменот на :
-
Преподобниот маченик Стефан Нови,Светиот новомаченик Христо,
- Преподобна Ана
- Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици
- Свето Евангелие според светиот апостол Јован 6:56-71
Во дваесети и шестата недела по Педесетница, на 11ти декември 2020 година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на преподобниот маченик Стефан Нови, светиот новомаченик Христо, преподобна Ана, светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици во храмот на Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, протоереј Љупчо Велјановски во сослужение на ѓаконот Благоја Ристевски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе беседа.И во овој петок во храмот се отслужи Мал петочен водосвет.
„Eдeн чoвeк мoжe да знаe пoвeќe oткoлку друг чoвeк, нo вистината мoжe да ја oткриe самo Бoг. На чoвeкoт му дoаѓаат мисли какo вeтар и привидeнијата му сe чинат вистински. Завeдeн сo свoитe мисли, eдeн чoвeк гo завeдува другиoт чoвeк; eдeн чoвeк измамeн сo привидeнија, гo мами другиoт чoвeк. А вистината e вo Бoга и oд Бoга.“ (Пролог)
Мал петочен водосвет:
„За да се освети оваа вода со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух...“
„Современ светител, кој бил лекар-хирург, професор на медицина и епископ во Крим, имајќи искуство во телесната и во духовната медицина, ни препорачува: „Пијте почесто света вода. Таа е најефикасен лек. Не ви го велам ова само како свештеник, туку и како лекар. Од моето долгогодишно искуство во медицината“ (Свети Лука Кримски +1961 год.).“
Света вода - во што е нејзината сила?
24ти јули 2020 лето Господово
Преминпортал (к.т.)
Друго:
п.п.