логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


† Стефан
 Архиепископ Охридски и Македонски


ПРИЗНАНИЕ ЗА СИТЕ И ЗА СЕ


 

 Во годината во која одбележуваме 40 години од возобновената автокефалност на Охридската архиепископија како темел на Македонска православна црква, еве, примајќи го Орденот на Република Македонија - највисокото државно одликување, доживуваме несекојдневна и ретка радост.

 Ова признание го примаме и разбираме како скапоцен прилог во одбележувањето на годишнината, но и како признание за местото и дејноста на нашата Света Црква и, воопшто, за нејзината улога во животот на македонскиот православен народ низ вековите и денес.

 - Ако некој народ има причини да и биде благодарен на својата Црква за својот развиток и опстојување, македонскиот народ има многу причини за тоа. - Нашата национална е и црковна, и црковната - национална историја!

 Преку Црквата сме се осознале и растеле како народ; таа, како вистинска мајка, не водела кон добро и не насочувала кон подобро; во несреќите тешела и во опасностите и неизвесностите бдеела над својот народ. Не образувала и како благочестиви христијани и како осознаен народ, постојано оснажувајќи не со своите благодатни дарови и со своето Слово.

 Црквата, која ја има оваа историска привилегија да го прими ова одличје, е родена врз проповедта на светиот апостол Павле и врз богољубието на мудриот цар Јустинијан, растена преку делото на светите Кирил и Методиј, утврдена преку неуморното пастирување на свети Климента и подвизанието на свети Наума, чувана преку грижата на многубројните од Бога избрани духовници и свештенослужители од нашиот род. - Тоа е Црквата, на која, по Божја милост - вековите и го мерат опстојувањето и вечноста и е огледало! Токму на неа, од раката на Неговата Екселенција господинот Претседател на Република Македонија - и се даде највисокото одликување на Татковината!

 - Возљубени, можеме ли да ги замислиме јаремот на долгите ропства и туѓински владеења без надежта, вербата и утехата што на својот народ може да му го даде само мајката Црква?! А нам, во времињата кога немавме држава, таа наша Црква ни беше и Црква и држава, ни беше се! Со векови храмовите и манастирите ни беа источници и сејачи на писменоста и книжнината, на просветата и културата, ни беа и училишта и лечилишта, ни беа и ни останаа и дом и покров за сиот наш народ.

 Оваа наша славна охридска „Света Софија", оваа наша тврдина за тагување и радување, е жив сведок на многу несреќни и трагични, но и радосни мигови. Овој храм на охридските архиепископи во себе напластил многу народни премрежија и е вистински хроничар за многу неправди што ни ги задале - и истоверни и друговерни. Како никаде на друго место, овде се видливи нашите македонски народни и духовни лузни! Овој храм на Божјата Премудрост, е израснат врз подвизите и благословот на многубројни светии и црнорисци, потпрен врз неовенливите спомени за Самоила и за доблесните чувари на Охридскиот трон, и за сите коишто достојно Му служеле на Бога и во овој град, и по сета македонска земја.

 Денешново примено одликување го разбираме и како признание на сите коишто на свој начин се вградиле во најцврстата небоземна и богодарувана градба во душата на сите македонски генерации. Овој Орден им припаѓа на сите коишто живееја со сите славни и тешки денови на Црквата во Македонија. Ова одличје им припаѓа на сите коишто преку подвигот и служењето во Црквата, од Македонија направија да биде земја небесна и небо на земјата. Овој Орден им припаѓа на сите коишто поднесоа или беа жртви заради верата и Црквата наша, на оние кои глава дадоа, а вера не менија, и на оние кои таа Црква за мајчина клетва и за татков аманет ја имаа. Овој Орден му припаѓа и на Арсениј Архиепископот, принудениот и непомирлив троногубец, им припаѓа на сите што тагуваа по славната Охридска архиепископија, на сите што се обидуваа да ја обноват, на оние што пееја и се молеа за таа своја Црква, на оние што неправдата од Стамбол ја разгласија до Петроград и потаму, на оние кои по поразите во востанијата и буните остануваа простум, на оние кои за ништо не ја менуваа слободата на Татковината и Црквата, на оние коишто беа принудени на поделби и преселби и на сите на коишто понудените слободи за туѓи интереси им беа рамни на нови ропства. Овој Орден им приличи и на Прличев и на Партениј, и на Теодосиј и Натанаил, и на Мисирков и на сите истомисленици, како и на собраните во Издеглавје уште во 1943, на соборјаните во Скопје во 1945 и 1946, на оние коишто во овој свет град ги биеја камбаните на Соборот во 1958-та, и, конечно, на оние коишто по милоста Божја и по молитвите на светите Климент и Наум, во 1967 година, и ја вратија целосната слава на древната Охридска архиепископија.

Затоа овој Орден, пред се и над се, го разбираме како признание и на блаженоупокоениот Доситеј и на сите учесници на Соборот пред 40 години, коишто едногласно и еднодушно ја прифатија Синодската одлука за целосно возобновување на Охридската архиепископија како Македонска православна црква. Таа наша Света Црква, по токму две столетија, како вистинска мајка се погрижи за своите чеда, и во Татковината и ширум по светот: во Австралија, САД, Канада, Европа... Отвори Богословија и Богословски факултет, се обнови монаштвото, се градат нови и се обновуваат стари цркви и манастири. И само таа наша Црква, со Божја помош, води грижа за Црквата во душите на својот народ!

Одликувањево е орден кој како своја заслуга и радост треба да го доживееме сите заедно - со сите чеда на Македонската право¬славна црква. Тој и се дава на институцијата Македонска православна црква, но во суштина одликувањето им припаѓа на сите нејзини членови, бидејќи таа не е просто институција, туку жив организам - Тело Христово, кое го сочинуваат сите припадници на Црквата.

- Ете, на таа и таква Црква денес и се доделува Орденот на Република Македонија - највисокото државно одликување.  Затоа, дозволете ми да заблагодарам од името на сите кои во овие скоро дваесет столетија се вградија во Црквата Павлова и Јустинијанова, Климентова и Доситеева, во Црквата Охридска и Македонска - во Црквата Божја во Македонија! Од името на сите нив ќе речам: „Не нам, Господи, не нам, туку на Своето име дај Му слава, заради Твојата милост и заради Твојата вистина" (Псал. 113, 9), зашто наше е да ја извршуваме волјата Твоја (сп: Евр. 10, 7). Амин!
 


Слово при примањето на Орденот на Република Македонија, во храмот „Света Софија" во Охрид, на 10 јуни 2007 г.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная