логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Balaklija-2020-Prechista-1

Balaklija-2020-Prechista-2

Како што во црковните богослужби секое песнопение завршува со воспевање на Мајката на Животот, со Онаа Која е причина за спасението наше, така и Светлата воскресенска седмица како свој венец го има празникот на Пречистата Богомајка, наречен Живоносен Источник – Балаклија. Историјата на овој празник започнува со истоимениот чудотворен извор во Цариград, во средината на 5 век, но во духовна смисла, тој ја открива вечната тајна на Исцелитеката на смртните рани на човечкиот род. „На оние што пристапуваат со љубов“, пее денес Црквата „животочниот кладенец на бесмртниот Извор изобилно им дава неисцрпни исцеленија. Затоа, ние коишто сме осквернети од страсти, да притрчаме кон Отроковица и да ги измиеме“.

Balaklija-2020-Prechista-3

Преку Богородица ние ја чувствуваме воскресенската радост; преку Неа ја вкусуваме сладоста на невечерниот Ден; преку Неа се облекуваме во слава; преку Неа влегуваме низ дверите на вечната радост. Таа ни е икона на спасението, Таа ни е причастие со Божествената убавина. Затоа, секој нејзин празник со особена чест и благодарност го празнуваме. Величието, пак, на денешното нејзино славје е посебно, затоа што тоа е озарено со серадосните зраци од славното Воскресение. Оттука и неизмерната радост што денес нашето монашко семејство, собрано околу својот Старец, Архимандрит Партениј, ја чувствуваше на Литургијата и на Пасхалната литија во Манастирот на Пречистата Дева во Кичево. Молитвениот и благодарствен изблик на нашите души за време на Светата Евхаристија, на Литијата и на водосветот на местото Господинец, каде што за Христа – вечната Вистина и Победа, пострадале Светите Пречистански Преподобномаченици, беше дар од Мајката на Светлината, од Онаа од Која ни доаѓа секоја небесна милост.

Balaklija-2020-Prechista-7

Дар, но истовремено и уверување дека љубовта и мајчинската заштита на Пресвета Богородица се над секое страдание, над секоја тага и над секоја болест, вклучително и на оваа последнава, како и над сите лаги, злобни завери и поигрувања со човечката несреќа. Уште еднаш Таа, Родителката на Божјата Премудрост, ги потврди Божјите зборови, искажани преку мудриот Соломон: слушајте, цареви и разберете, поучете се, судии, од краиштата на земјата. Внимавајте вие што владеете со множествата и кои се фалите со бројноста на вашите народи! Господ е Оној, Кој ви ја подари власта, а силата е од Севишниот; Тој ги проучува вашите дела и ги проверува вашите намери… (Мудр. 6,1-3).

Затоа, трогнати од денешната нежна Богородична прегратка, ние со восхит воскликнуваме:

„Радувај се, извору на радост непрестајна! Радувај се, потопување на секакви страсти! Радувај се брану, кој лекуваш различни болести! Радувај се, од Бога излеана бањо и нектару! Радувај се, водо спасителна! Радувај се, на светот Владетелке!“

 Balaklija-2020-Prechista-8

 Balaklija-2020-Prechista-11

 Balaklija-2020-Prechista-12

Balaklija-2020-Prechista-15

Balaklija-2020-Prechista-16

Balaklija-2020-Prechista-17

 Balaklija-2020-Prechista-19

Balaklija-2020-Prechista-20

 Balaklija-2020-Prechista-21

 Balaklija-2020-Prechista-22

 Balaklija-2020-Prechista-28

 Balaklija-2020-Prechista-31

 Balaklija-2020-Prechista-33

 Balaklija-2020-Prechista-34

 Balaklija-2020-Prechista-36

Balaklija-2020-Prechista-35

Balaklija-2020-Prechista-39

3.angeli.so.truba

Balaklija-2020-Prechista-47

Balaklija-2020-Prechista-55

Повеќе

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

15/06/2026 - понеделник

Петровденски пости; (строг пост)

Свети Никифор Исповедник, патријарх Цариградски; Светиот новомаченик Константин; Свети Јован Нов Сочавски; +Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски; Светите дваесет илјади маченици Охридски;;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная