логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Радувај се, апостолско седиште, радувај се, престоле Охридски;
    радувај се, и пак ќе речам радувај се, далеку прочуена катедро,
    зашто стекна утврдување, и основа богоположена,
    Седмочислениот хор од служители богомудри
    и Јована Владимира, маченикот божествен,
    заедно со петнаесетте од Тивериопол маченици
    и Никодим кој во последно време се подвизуваше во Белоград,
    а имињата на непознатите нема да ги кажам,
    чии мошти за тебе се заштита и слава,
    та затоа, праведно е – радувај се, сребрено искован престоле!  

    (Козма, епископ Китијски)

 



Охрид – окото на славјанското Христијанство, светилникот од каде што засветија најсилните зраци на светоста среде славјанските народи, но и кивотот од каде започна благоухананието на славјанското монашко опшежитие, вчера и денес блесна со неискажлива духовна красота и величие. Градот крај Белото Езеро повторно беше средиште на еден свештен, торжествен собор, пред чиешто благородство едно нескротливо трепетно чувство ја обземаше несомнено сечија душа.

Соборот беше величествен, но многу повозвишен беше поводот за него: илјада години од основањето на светата и богопрославена Охридска архиепископија, чијашто автокефалност е возобновена денес во лицето на Македонската православна црква. Илјада лета откако византискиот василевс Василиј II го поставил „најблагочестивиот монах“ – како што стои во неговата царска грамота – Јован од Дебар за Архиепископ на Охридската столица и го посведочил како „најсвет Архиепископ“.

Се чини дека нема ништо толку блескаво, толку свето и богодостојно во нашата историја, од споменот за нашето сенародно црковно свештеноначалие – Охридската архиепископија, за која нејзините проучувачи пишуваат дека таа „имала морален авторитет, пред кој се приклонувале, со ретки исклучоци, сите нејзини членови, зашто тие верувале дека таа е патот кој ги води кон земна благосостојба и кон најважното – небесното идеално суштествување…“.



И навистина, оваа длабока историска согледба, но и заветна порака, денес во полнота се остварува преку светотаинскиот, христоподобен живот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Црквата на сите православни народи во Република Македонија, но и низ нејзината дијацеза надвор од границите на државата. Историски, наследството на оваа црковна јерархија, како дел од Едната, Света, Соборна и Апостолска Црка, чиишто темели почиваат на спасителната Крв Христова, им припаѓа на сите православни народи што биле или живееле во нејзината диецеза или, пак, биле во допир со неа. Но, исто така, треба да се одбележи и особено да се истакне дека по нејзиното неканонско укинување во 1767 година, македонското население било она што лавовски се борело за нејзино повторно востановување. Кој би можел да го занемари копнежот по таа народна Црква, што со незгаслив пламен горел во срцата на нашиот народ и на нашите преродбеници?! И ете, сенародната мечта за својата, за славната Архиепископија, која никогаш не престана силно да тлее во срцето на православниот народ од Македонија, по долготрајни и макотрпни борби, најпосле се реализира со возобновувањето на автокефалната охридската столица во 1967 година, точно двесте години од нејзиното укинување, со блаженоупокоениот и секогаш споменуваниот г. Доситеј како нејзин возглавител. И така, името на Охридската архиепископија воскреснува најпрво во уставот на Македонската помесна православна црква, уште во далечната 1958 година. И, ете, таа и деновиве, прва од сите, но несебично – заедно со сите, го слави нејзиното илјадалетие…

Затоа, бивајќи сведок за светлина што илјада лета свети и мракот не ја опфати, чудесниот храм „Света Софија“ – тој паметник на величието на Охридската црква, трепетно возгласи: „Овој ден го создаде Господ, да се зарадуваме и да се развеселиме во него…“

Но најнапред, како што и доликуваше, благослов за тоа сенародно славје, нашите архиереи зедоа од патронот на Архиепископијата и првосветителот Охридски, Свети Климент Чудотворец, отслужувајќи благодарствен молебен во неговиот храм на Плаошник, каде до денес непрестајно чудотворат неговите свети мошти.

Потоа, торжеството се префрли во древната „Света Софија“, каде во присуство на многубројни гости, претставници на државната и локалната власт, на општествената и културната сфера, но и гости однадвор, се одржа свечена духовна Академија по повод уникатниот јубилеј. На неа најпрво словеше Претстојателот на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православана црква, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а потоа и надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, домаќинот на јубилејното собитие. Во продолжение, од солеата на историскиот храм, за значењето за Охридската архиепископија говореа и Претседателот на Владата на Р. Македонија, г. Зоран Заев, како и Претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорге Иванов, кој е воедно и покровител на чествувањата за илјадалетието.

Посебна убавина на целата свеченост ѝ даде настапот на монашките хорови од нашите Свештени Обители Бигорски, Рајчица и Пречиста, во симфонија со камерниот оркестар на Македонската филхармонија. Прекрасното созвучие започна најпрво со славословието за Педесетницата, односно, роденденот на Светата Православна Црква – тропарот на празникот: „Благословен си Христе, Боже наш…“. „Сѐ што дише, нека Го фали Господа“, беше следниот повик кон верниот народ за сеопфатна пофалба кон Христа и кон Неговата Црква. Со складниот сплет на мелодија и умилни гласови, прозвучи и вековната поука што нашиот Господ, одејќи кон Ерусалим, им ја упатил на Своите ученици – Апостолите – учејќи ги да не се грижат за земното туку за небесното. Така и ние, собрани во славјанскиот Ерусалим и издигнати над земните поделби, го упативме својот поглед кон духовните височини, каде што блеска славата на нашата света Охридска архиепископија. Со радосна надеж, преку стихирата „Денес адот, стенкајќи, вика…“, слушнавме за славната победа над адот, што на сите нам Христос ни ја даде со Своето Воскресение. Така и Охридската Архиепископија, која засветли со првиот Архиепископ Јован Дебранин и згасна неправедно со последниот Арсениј, повторно воскресна со богопросветлениот Доситеј, возобновена во лицето на Македонската православна црква, упатувајќи ни ја повторно, на разбирлив јазик, живоносната евангелска порака за спасението во Христа. Потоа, нашите хорови, заедно со филхармонијата, ја воспеаја и Сепречистата Владичица наша Богородица, „Сесветската слава“, „песната на Бесплотните и украсот на верните“. Торжеството заврши со истиот воскресенски дух со којшто и започна, торжествено возгласувајќи го Воскресението на нашиот Господ и на нашата света Охридска архиепископија. И на самиот крај, достојно го чествуваме, преку величанието за него, и споменот на благодушниот и кроток наш Архиепископ Јован Дебранин, првиот пастироначалник на славната Охридска архиепископска столица.

Дводневното торжествено ликување беше заокружено денес со најсветото нешто – Света Божествена Литургија во храмот „Света Софија“, чиноначалствувана од нашиот Архиепископ, во сослужение со архиереите од Синодот на МПЦ-ОА и бројното духовенство од сите епархии на нашата Црква. На крајот од Литургијата, Архиепископот г. Стефан, упати говор кон многубројните присутни, за таинствената суштина на Црквата Божја, како и за величието на Охридската архиепископија, како нераскинлив дел од неа.

Завршуваме со надеж дека православниот народ и Православната црква на овие простори, по милоста Божја, ќе се радуваат на уште многу јубилеи и годишнини на плоден духовен живот. Нека ова одбележување „1000 години Охридска архиепископија“ биде доволен наш показател пред светот за нашиот континуиран духовен живот и сведоштво дека на овие простори црковно организирано се живеело и дејствувало, кога на други простори сè уште Христијанството не било ни проповедано. Но најмногу од сè посакуваме – оваа нашата црковна милениумска реалност, започната од светиот апостол Павле, продолжена од светите Климент и Наум, објавена и потврдена од Охрид до Москва и од Јадранското до Црното Море од страна на Охридската архиепископија, а денес продолжена од Македонската православна црква – од сите православни народи да биде прифатена и рамо до рамо поставена во сеправославното семејство.

Нека биде така! На многаја и благаја лета!
Слово на Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, изговорено на духовната Академија во храмот „Света Софија“ во Охрид, по повод 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија
Слово на Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, изговорено на духовната Академија во храмот „Света Софија“ во Охрид, по повод 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија
Слово на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, изговорено на духовната Академија во храмот „Света Софија“ во Охрид, по повод 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија
Слово на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, изговорено на духовната Академија во храмот „Света Софија“ во Охрид, по повод 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија
Слово на Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, изговорено на Светата Литургија во храмот „Света Софија“ во Охрид, по повод 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија
Слово на Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, изговорено на Светата Литургија во храмот „Света Софија“ во Охрид, по повод 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија

 

 

Повеќе

Извор; Бигорски манастир



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Православен календар

 

30/01/2026 - петок

+Преподобен Антониј Велики; Св. цар Теодосиј Велики; Св. маченик Георгиј Нов Јанински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари   2026

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари 2026

Делата засветлија во Православиетосо нив го замолкнавте злословието,победоносци станавте,ги обогативте сите со благочестие,и Црквата ја украсивте,

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари  2026

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари 2026

Порфирата царска ја прифати како предвесник на вистинскиот сјај,на ангелските одори во небесното царство,о Теодосие смирен слуго Божји,Духот разум ти...

Тропар на светите Христови маченици Певсип, Елевсип, Малевсип и баба им Неонила  29 јануари/16 јануари 2026

Тропар на светите Христови маченици Певсип, Елевсип, Малевсип и баба им Неонила 29 јануари/16 јануари 2026

Свети Христови маченициПевсип, Елевсип и Малевсип,како новонасадени маслини на гората Господова,имајќи таков силен корен во нивата Неонила,која со благодат се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная