логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 preobr2017 1

preobr2017 2

preobr2017 3

„Пред Твоето лице, Христе, се приклонија горите, бидејќи сонцето ги положи пред Твоите нозе своите зраци што го обиколуваа небото, кога благоволи да ја преобрази човековата природа“ (песна од Канонот на Утрена на Преображение на Господ Исус Христос).

Радувајте се сите луѓе, зашто денеска Христос, нашиот Спасител, облечен во целиот Адам, ја просветли помрачената древна природа и ја обожи, со своето славно Преображение. Потврдувајќи го совршеното единство на Своите две природи, Христос денес им ја покажа на своите најверни ученици првобитната убавина, подготвувајќи ги и за славното и светло Воскресение Христово.

На овој радосен и велик ден, на 19,08,2017 година, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставорофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, протоерејот Игор Никовски, свештеникот Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На овој велик ден имаме уште еден повод за радост. Имено, денеска беше обнародена Одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, донесена на предлог на нашиот надлежен Митрополит Тимотеј, со која протоерејот Игор Никовски беше награден со право на носење граден Крст, со што ја доби титулата протоереј-ставрофор. Митрополитот Тимотеј го даде овој предлог поради посветената работа на протоерејот Игор, и тоа од неговите почетоци како свештенослужител во Светиклиментовиот манастир, па како секретар на Дебарско-кичевската епархија, но и сега како парохиски свештеник во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид. Како особена заслуга, Митрополитот Тимотеј ја истакна улогата на отец Игор во уредувањето на целиот циклус на богослужбени книги, кои беа преведени на македонски јазик. По завршувањето на Литургијата, според црковната традиција, беше осветен годинешниот лозов плод, а потоа Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

preobr2017 11

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Денеска нашата света Црква прославува еден од големите празници, поточно, го прославуваме Преображението на нашиот Спасител на планината Тавор. Во светото Евангелие Спасителот вели: „Јас сум Светлина на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот" (Јн. 8, 12). Овие зборови не се само еден атрибут за Бога, туку, Негова сама суштина. За да разбереме што означува Божествената светлина, треба да направиме една компарација, со човек кој има извонреден вид, но, ако го поставиме во темна просторија, каде што нема никаква светлина, тој не може да се ориентира, ниту, пак, да примети било што. Така е во физичкиот свет. Но, како што постои материјален, видлив свет, така постои духовен, нематеријален свет. Тој невидлив свет, ние, со нашите телесни очи, не можеме да го видиме, но, тоа не значи дека тој не постои. Сите ние ја чувствуваме таа енергија, таа сила. Во духовниот свет постојат повеќе ориентири, мали светила кои ни го покажуваат патот по кој треба да се движиме. Доколку не ги следиме тие духовни ориентири, можеме да залутаме и да ја загубиме нашата душа. Тоа е нешто слично со морнарите, кои, доколку не ги следат светилниците, со нивните бродови може да завршат трагично.


Јавувањето на Таворската светлина не е само светлина на Божествената мудрост. Оваа Божествена мудрост се разликува од човечката и доколку истата се следи, човекот нема да има никакви опасности во својот живот. Тогаш, и неговата душа ќе биде просветлена и осветлена, токму преку таа Божествена енергија. Бог, преку невидливата енергија го опкружува сиот свет. Таа навистина е невидлива, но, никој не негира дека постои. Доколку, преку нашата вера во Бог, се потчинуваме на Божјата енергија и доколку влегуваме во општење со Него, тогаш и внатре кај нас ќе се разгори Божествената светлина. Осветлени од Божествената енергија ќе започнеме да гледаме со нашите духовни очи и нема да залутуваме по темнините на духовниот свет. Таквиот човек наоѓа мудрост и сила, и обдарен е со способност да разликува добро од зло, и наоѓа енергија да се спротивстави на сите искушенија и сите опасности кои често пати го водат кон пропаст.


Апостолите, кои биле заедно со Господа Христа на планината Тавор, ја виделе Божествената светлина. Од таа глетка биле одушевени. Затоа, не сакале да го напуштат гледањето на таа светлина: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме тука три сеници: една за Тебе, една за Мојсеја и една за Илија" (Мт. 17, 4). Токму оваа светлина ќе ги охрабри да можат, после Неговото вознесение, да го шират словото Божјо по целата вселена. Токму оваа светлина ќе ги води кон нивниот Учител и наш Спасител Господ Исус Христос, односно, кон вечноста.


Не само апостолите, кои биле удостоени да ја видат таа нетварна светлина, туку, неа ја виделе и повеќе Божји угодници за време нивните молитви. Еден од оние кои биле удостоени да ја видат таа Божествена светлина е и светогорскиот монах Пајсиј, кој, таа светлина, ја доживеал во неговата Атонска ќелија. Таа светлина и топлина ја доживеале и многу подвижници, како што се свети Сергеј и Герман Валаамски, кои живееле во тешки зимски предели без оган, но Божјата светлина и Божјата енергија ги топлела и тие не чувствувале ни студ, ни глад.


Па и ние денеска, кои сме во овој свет храм, да се обратиме со искрена молитва кон Господа Христа, Он нека нѐ просветли и осветли со Неговата Божествена благодат. Да ни ја зацврсти верата. Да ни го просветли умот, па да одиме по вистинските ориентири во овој видлив свет, за да се издигнеме во небесниот свет, заедно со Божјите угодници. Амин!

Преображение Господово
19. 08. 2017 година
храм „Св. вмч. Георгиј" Охрид

 

preobr2017 5

preobr2017 6

preobr2017 7

preobr2017 8

 preobr2017 12

 preobr2017 14

 preobr2017 15

Извор:

http://www.dke.org.mk/index.php/3010-2017-08-19-09-55-01

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

13/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (на риба)

Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј; Светиот маченик Философ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная