логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Сестра Макрина  
makrina.kniga.jpgГолем ден во срцето е кога душата смогнува сили да прости. Голем ден е кога го совладува поривот на злото. Голем е денот на соочувањето. Со себеси, со ближните, со Бог. Голем е секој ден ако душата воскреснала од мртвите.
Голем е денот на будењето.

Голема е радоста од новата визија за светот, онаа што се добива низ обратната перспектива на нештата. Превртено, наопаку, од другата страна, поинаку. Од онаа страна на смртта. Голем е денот кога човек се сретнува лице во лице со Христос. Изморен, истоштен, на работ од силите, без волја за живот, во средината на разбранетото море. Мислејќи дека крајот на себството е крај на светот. Големо е чувството кога Бог ќе ти се јави среде пустина и со Својата крепка рака ќе те пренесе над илјадниците непремостиви песочни дини. Ќе ја раскине врската меѓу тебе и тежината на земјата и ќе ти ја открие тајната на птиците. Со едно трепнување на окото ќе те напои со сила да одиш понатаму, тогаш кога со твоето сопствено опело се наситуваш за појадок, за ручек, за вечера. Голем е денот кога Бог ќе ти рече „Стани!“.

Тоа е денот кога ако добро ги наостриш ушите, ќе го чуеш радосниот восклик кај одекнува од едниот до другиот (бес)крај на космосот: Христос Воскресна! И ги триеш очите, и го гледаш, украсот на светот, навистина свети, и те просветлува, ко молња, ко гром, посилно од сите можни сонца заедно: Навистина Воскресна! Иако гром, а нечујно, со весел трепет го пронижува твоето срце. Голем е денот кога си сведок на оваа слава. Од глина и вода не бидува човек, од љубов сал.

Голем е денот кога ќе те потпали огнот на оваа љубов. Стануваш подвижен пожар на кој му нема спас. Ни на небо ни на земја. И нема утеха, освен една. А и таа не е од овој свет. Како Лазар, воскреснат од мртвите чекориш по оваа земја и го гледаш чудото на воскресението како тече низ твоите вени, во твојот живот. Има ли смисла без воскресение? Има ли смисла самата минливост, без да е самата таа начин да се дочека тоа што доаѓа по смртта?

Срцето на космосот отчукува во таа надеж, како темпирана бомба, наместена да се активира точно во мигот на победата над смртта. Воскресението е експлозија на радост заради исполнувањето на најнеочекуваните и најсмели желби! Заради верата во Христос вечно Живиот ќе бидеме заедно во век и веков, сите на кои љубовта ни била мајка и татко, брат и сестра, дете и пријател, с* во с*! Колку и да сме ги загубиле, колку и да сме се оддалечиле... Ќе бидат едно сите за кои љубовта е единствената смисла на постоењето... Сега и засекогаш...

Голем е денот кога мироносиците доаѓаат на гробот Христов и го наоѓаат празен. На Велигден ја славиме празнотијата на Христовиот Гроб! На овој ден Господ со смртта ја победи смртта и на сите во гробовите им даде живот. Тоа „сите во гробовите“ сме ние. На Велигден сите лоши зборови ја губат моќта, бидејќи како што лошиот збор убива, благословот воскреснува.

Светов во кој живееме ги има димензиите на падот. Во својата бесконечна разглобеност, тој е ода на себељубието, пофалба на егоизмот, царство на суетноста. А тоа дека целта на љубовта е двајца едно да бидат, не е само геометриска проекција на еден крилест, платонски ум... Поскоро е некаков копнеж, по целина, во распарченоста на с*. И најнакрај, страдање. Заради чувството дека сам - не си сам, и дека си зависен од некој што не си Ти. И дека никогаш нема да имаш целосна контрола врз нештата. И дека не би можел одненадеж да тргнеш на пат во непознато, не знаејќи дали ќе се вратиш, бидејќи си обврзан со бакнежот на збогувањето. И дека верата во Воскресението е твојот залог дека овој бакнеж за збогум, всушност, е добредојде во вистинскиот живот, во новиот свет на Љубовта. Каде што конечно ќе можеме да ги сфатиме зборовите: „Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во с* едно, и да узнае светот дека Ти си Ме пратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби...

“ Вистинскиот живот е заедница и самонадминување од љубов.Верата на Црквата во вечноста на човекот не е убеденост дека задолжително постои некоја идна „состојба“, во која преживува „нешто“ од човекот - неговата „душа“ или неговиот „дух“ - туку ја осигурува и ја сочинува мојата врска со Бог, Неговата еросна љубов кон мене... Верата во вечноста е довербата во тоа дека таа љубов нема да престане туку засекогаш ќе го сочинува мојот живот, било да функционираат или не моите психосоматски способности. (Христо Јанарас, Азбучник на верата)

Авторката е игуменија на беровскиот манастир „Св. Архангел Михаил“

Извор: Нова Македонија

Посети:{moshits}

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная