Претседателот Бранко Црвенковски денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква(МПЦ) г. г. Стефан по повод 40 годишнината од возобновувањето на Охридската Архиепископија како МПЦ.
„Прославувајќи го овој исклучително значаен ден за Македонија, сакам и во оваа прилика да потенцирам дека МПЦ беше и останува стожер на македонското национално и духовно опстојување, чувар на македонскиот национален идентитет, бранител на националното духовно и културно богатство“, се наведува во честитката на претседателот.

Потенцирајќи ја важната улога на МПЦ во сочувувањето на единството на македонскиот народ, Црвенковски додава дека токму оваа црква „беше и останува стожер на македонското национално и духовно опстојување, чувар на македонскиот национален идентитет, бранител на националното духовно и културно богатство“. /крај/со/мс