kumanovo.petok1.jpg

Денеска, на Велики Петок, во сите храмови на Македонската Православна Црква во  Куманово беше одбележан денот на страдањата и смртта на Господ наш Исус Христос.

kumanovo.petok3.jpg

 kumanovo.petok.jpg
Во соборниот храм на Свети Никола беа прочитани царските часови, Вечерна, и беше симнато Телото на Господ Исус Христос од светиот Крст.

Светата Плаштаница, исто така, беше изнесена и поставена во гробот и во црквите на Света Троица, Свети великомаченик Ѓорѓи и Света Петка.

Забележително беше и присуството на многубројни верни, особено млади, кои трпеливо, во долги редици чекаа да се поклонат на Христовиот гроб.

kumanovo.petok2.jpg

kumanovo.petok4.jpg

kumanovo.petok5.jpg

kumanovo.petok7.jpg 

Од Куманово за Преминпортал: известува Б.Ѓ.

Посети:{moshits}