Скопје, 9-ти декември 2015 гог.- храм на св.Петка, н.Црниче
На празникот на Светиот великомаченик Георгиј и Преподобен Алимпиј Столпник, во
храм на св. Петка, н. Црниче- протаставрофор Благоја Ацевски во сослужение на ѓаконот Јане Илиев, отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
„ Читајќи ги примeритe за пoстoјанoст вo вeрата и вeликoдушнoст на свeтитeлитe Бoжји, и ниe пoстанувамe вeликoдушни и пoстoјани вo вeрата.“
Скопје, 11-ти декември 2015 год.-храм Рождество на Пресвета Богородица на празникот на св.15 Тивериополски маченици
Во дваесет и седмата недела по Педесетница, на празникот на Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици , во храмот Рождество на Пресвета Богородица,во Скопје, протоереј Љупчо Вељановски во сослужение на ѓаконот Методиј Митановски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Софрониј
За да ја појмиме тајната на животот во Христа, должни сме да го поминеме патот на послушанието. И да чекориме многу внимателно. Доколку созерцанието му е правилно, човек може да има големо вдахновение, правејќи ја и наједноставната работа, како на пример, подготвувањето храна. Наспроти тоа, без послушание, па макар и да сте патријарх, епископ или свештеник, може да се изгубите. Во нас го носиме прародителскиот грев, оној отров на првото Адамово искушение во рајот - ќе бидеме како богови – но, послушанието може да нè ослободи од оваа состојба.
На крајот од Литургијата се отслужи мал петочен водосвет
Преминпортал (кт.)