Храм на свети Стефан (населба Аеродром, Скопје) - Прекрасно беше во ова неделно утро да се присуствува на Божествена Литургија, во храмот на светителот.
Свештенослужител: презвитер доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ
Во дваесетипрвата недела по Педесерница, кога Светата Црква, молитвено го прославува споменот на во храмот на свети Стефан во скопската населба Аеродром, презвитер доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на Лтургијата, по читањето на Евангелието на денот, отецот произнесе прекрасно толкување на денешното Евангелие, за Сеачот и доброто семе.
Старец Ефрем Филотејски
Ревносната молитва е непосредна духовна должност за зачувување на круната на добродетелите – љубовта. Подвизувајте се во молитвата доколку сакате во вас да престојува Христос и Тој, како најопитен војсководец, ќе се бори заедно со вас. Ќе се бори со вас и ќе ви ја подари победата.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Vlado Risteski 2015-04-21 13:37
Teshka za lecenje e nasata parazitska smrtna bolest. Nedela nautro, nasiot Gospod se dava sebesi, a nie optegnati po krevetite vo domovite svoi, ignorirajki ja sopstvenata gnojna rana. Jeziva mislovna slika. lesno e na polnokj da se reche Hristos Voskrese, no kade si vo Nedelite nautro coveku. Da ne se zalazhuvame, mozebi po malku se podrazbuduvame, no seuste dlaboko sme vo teska agonija. A ete go i ponedelnikot, i na prv pogled mislish lugjevo polni zdravje i raboten elan. Malo morgen! Site nie imame izostanoci, koj edinstveno se opravduvaat pred putirot vo Nedelnoto utro. Proshtevajte. Hristos Voskrese! :zzz