На 13. 10. 2014 лето Господово, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во митрополитскиот кабинет го прими г. Ристо Гуштеров, познат биснисмен од Македонија и еден од најголемите ктитори во поновата историја на МПЦ. Митрополитот и г. Гуштеров разговараа за тековните проекти на Епархијата, како и за идните планови, а го посетија и соборниот храм “Свети Кирил и Методиј” во Тетово, кој е во фаза на ентериерно реновирање.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија