логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

лекото на доблеста, си го достигнал врвот на добродетелите. Горен, пак, од огнот на љубовта, ти си бил правило на кроткост и воздржување; а како извор н милост и бездна на сострадание, си ја оцрнил калта на страстите. Но, како најбрза помош и скоро застапништво на оние што верно те призиваат, мирољубив отче Клименте, јави се и  сега со духот, и запази нè, и спаси нè од гревот што нè мачи, зашто имаш голема смелост пред Господа“ (стихира на Слава... на Голема вечерна на свети Климент Охридски Чудотворец).

На 09.08.2014 година го прославивме свештениот спомен на патронот и учителот на цела Македонија, наследникот на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј, светиот Климент Охридскиот Чудотворец. За заслугата на овој наш просветител зборува историјата, но зборува и реката верен народ, кој непрестајно и секојдневно доаѓа да се поклони на светителот. Особена почит, пак, му оддаваме во овие денови, посветени на него, кога и кивотот со неговите мошти е отворен, а преку нивното целивање, бараме прошка на гревовите, но и телесно и душевно здравје, а, се разбира, и спасение на нашите души.

 

  а, беше извршен Чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Јосиф се обрати кон верниците со пригодна беседа. Во продолжение, ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

 







Митрополит Тимотеј


 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух. Амин!
Драги браќа и сестри!

Св. Климент Охридски нè поучува со целокупниот негов живот, со неговите подвизи, како со телесните така уште повеќе со духовните. Сиот негов живот е исполнување на зборовите напишани од страна на големиот проповедник и ревносен учител на Црквата св. ап. Павле до Галатјаните: „Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите“ (Гал. 5, 24). За луѓето, кои се определиле да бидат следбеници на Господа Исуса Христа, на прво место во нивниот живот не им се човечките страсти и задоволства, ниту пак земните богатства, туку Христос, Неговата Црква и богатството кое произлегува од неа, односно духовното богатство. Токму заради тоа, таквите луѓе се подготвени да ги жртвуваат своите физички и духовни сили, своето време и здравје, па дури ако е потребно и сопствениот живот.

Господ Исус Христос во разни временски периоди на најразличен начин ги повикува луѓето кон подвигот на самораспнување и самоумртвување заедно со Него. Во првите векови таков подвиг за христијаните било мачеништвото, кога секој човек што ја исповедал својата вера во Христа, тој бил повикан кон страдање и смрт. Затоа Црквата Христова била слезена во подземјето, во катакомбите, за истата да се запази. Но, кога на Бога Му станало угодно, таа излегува од скриеноста бидејќи вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи (Матеј 5, 14-15).

Пред 1700 години, царот Константин Велики го издава прочуениот Милански едикт, со кој Црквата Христова постанува слободна и започнува да се развива со подигање на храмови и создавање на богословски дела и слично. Поради разните ереси, ќе бидат свикани и одржани Вселенски собори на кои ќе се прослават големи богословски имиња, и кои ќе ја утврдат догмата на нашата света Црква. По добивањето на слободата, христијаните немало потреба да се издигнуваат на крст, да страдаат и да бидат затворани, ниту да бидат убивани за да ја потврдат нивната верност на Христа. Но тогаш, постанува неопходно да се делува преку целиот животен подвиг. Во тој период засветлуваат големите светители на Црквата Христова. Се појавуваат монашки движења кои биле следени од илјадници христијани. Луѓето започнале да се откажуваат од своите семејства, од своите куќи, се повлекувале во осамени места, се формирале повеќе манастири и монашки живеалишта, каде што определуваат да го поминат нивниот живот во бескрвно мачеништво, со секојдневен подвиг одејќи по патот кон Царството Небесно. Овој монашки пат, ќе продолжи и во идните векови, се до нашите денови, а се надеваме и во идните векови. И од нашите претци, кога ќе го примат христијанството на овие благословени балкански и македонски простори, ќе засветлат повеќе подвижници. И секој од нив го докажува своето припаѓање на Христа. И тоа според оние зборови на светиот ап. Павле оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите (Гал. 5, 24).

Еден од таквите бил и св. Климент Охридски, основачот на овој манастир на Плаошник во Охрид. Св. Климент и неговите следбеници го напуштиле овој свет и тргнале по Христа. Тие ги победиле сите страсти и похоти од овој свет. Тој, се предал на духовен подвиг, на молитва и послушност на Бога, и преку тој духовен труд, тој се издигнал на висина на богопознанието и богомислието. Неговиот труд и подвиг не се почитува помалку од маченичкиот подвиг. Мачеништвото, тоа е голем подвиг, се извршува еднаш во животот, додека пак подвижништвото, тоа е секојдневно умртвување, секојдневно откажување од себеси и себераспнување заедно со Христа, и на некој начин се појавува како катадневно мачеништво. Токму затоа светата православна Црква ги прославува Божјите угодници кои се прославиле во монашките подвизи. Ние знаеме од житието на св. Климент дека тој не им давал сон на очите и дремка на клепките...

Во денешно време честопати можат да се слушнат зборовите дека проблемите на поедини луѓе им се наметнуваат поради нивното опкружување, односно од страна на нивните пријатели, другари и познаници. Често им се советува да се оддалечат од нив и проблемите би престанале. Животот и искуството на светите отци и подвижници го зборуваат спротивното. Имало свети луѓе кои живееле во пештери и во пусти места, но искушенијата не престанувале да ги напаѓаат се до оној момент кога не го отсекле коренот на гревот и страста, а тие не се наоѓаат кај луѓето околу нас туку во нас, во човековата душа и срце. Доколку не ги искоренеме страстите и похотите од нашата душа и срце, не е возможно да се избавиме од нивното пројавување и делување. Гревот се наоѓа и започнува во срцето кај човекот. Ако човек секојдневно не го воздигнува своето срце преку пост и молитва, ако не се облагородува преку правење на добри дела, ако не се причестува со светите тајни Христови, за преку нив да добие благодат и сила за да ги надвладее гревовите, слабостите и наклоностите, тогаш не е возможно да се избави и да се ослободи од нив. Тогаш тие повторно ќе се појавуваат во најразлични форми измачувајќи го човекот.

Светите отци заедно со св. ап. Павле не учат дека секој од нас е должен да ги искорени гревовните страсти кои постојат кај секој еден од нас. Ние сите истите ги знаеме. Не ни е потребен некој друг да ни кажува кои се тие. Ние сме должни да памтиме дека христијанскиот пат за сите е подеднакво ист. Независно дали некој е свештенослужител или мирјанин, патот е ист. А тој се состои во умртвувањето на страстите и похотите кај секој еден од нас. Тоа е патот на доброволното сораспнување со Христа. Тоа е патот на бескрвното мачеништво кон кое нè повикува Господ Исус Христос.

Да се обратиме со искрена молитва кон свети Климент охридскиот чудотворец и кон останатите седмочисленици, како и кон св. маченик Пантелејмон чиј спомен светата Црква денес го празнува. Тие да нè научат на вистинскиот христијански пат и да ни помогнат со нивните молитви да ги надминеме во нас гревовните наклоности и слабости, па да одиме по патот кој води кон Царството Небесно. Амин.

 

Вечерна на Св. Климент Охридски
08. 08. 2014 год.
Плаошник, Охрид

 

 

 

Извор: Дебарско- кичевска епархија

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

06/06/2025 - петок

Преподобен Симеон Столпник Дивногорец; Светиот маченик Мелетиј Стратилат и 1218 војници со жени и деца; Преподобен Никита Столпник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная