
Скопје, 1 јули (МИА) -
Во рамките на владината програма „Светот на дланка“ денеска во Скопје е отворено првото државно бесплатно Интерент кафуле.

Кафулето го отвори премиерот Никола Груевски кој истакна дека овој чин е само мал сегмент во напорите на Владата Македонија да стане држава на информатичари, во која секој млад човек ќе може да користи Интерент.

-Целта на Владата е преку овој проект да им овоможи на младите луѓе кои немаат дома Интернет, да го користат Интернетот во овие кафулиња, рече Груевски.

Премиерот најави дека до 5 јули ќе бидат отворени уште четири Интерент кафулиња и во други градови во земјата, а со целиот проект ќе бидат опфатени 15 до 20 градови во кои Владата ќе отвори кафулиња со бесплатен Интернет за лица до 26 години и за пензионери постари од 65 години. бак/сп/14:54


Прекрасна идеа на владата на Р.Македонија која секако значајно ќе придонесе за развој на интернет комуникацијата.
