логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 01.jpg

Радувај се, свети Григорие, солунска пофалбо!


02.jpg

3/16 март 2014 лето Господово,
Недела на св. Григориј Палама


03.jpg
Прелеста на еретиците си ја уништил, премудри, верата на православните добро си ја објаснил, и светот си го просветлил, оттука си се покажал и победител, столб на Црквата и вистински јерарх: затоа не престанувај да се молиш на Христа сите ние да се спасиме.

05.jpg

(Седален после 3-та песна од канонот)

06.jpg

09.jpg

11.jpg
Колку сме благословени ние, православните, што по Божја милост ни се дале такви просветлени умови, такви божествени столбови на вистината и Христовото учење, такви моќни чувари и заштитници од погубните ереси! Нивните премудри зборови исковале силна ограда околу кроткото Христово стадо, та да не може да ги лаже и занесува ветерот на лажните учења од овој свет и непријателот да не може да влезе и да го разори трлото. А сега со своите молитви, пак, како огнени факли стојат пред Господа и се застапуваат за сите нас. Среде нив блеска непоклатниот столб на Црквата, „огновдахновената уста на благодатта“, „чесното прибежиште на Духот и големиот украс на вселената“, славниот солунски архипастир, св. Григориј Палама. И сега речете како ние, недостојните, достојно да го пофалиме овој чудесен „неботајник на Светата Троица“, премудар богослов, кој и самиот пронижан со благодатта на Светиот Дух, наспроти бројните ереси, ја објави оваа благодат за несоздадена, ја објасни како излевање на Самото Божество врз тварта, врз човекот, правејќи го човекот причесник на Божјата природа, преку Неговите енергии. Но, оваа благодат, богомудро нѐ учи тој, не се дава како плата за подвигот наш, туку како одговор на молитвениот крик на нашта душа, која копнее за Бога. Уште додава дека интелектот е природен дар, што се дава со вежбање во знаењето т.е. со учењето, а тој природен дар ни е од полза само тогаш кога го ставаме во служба на Бога. Нешто слично на мед и пелин. Секогаш треба да внимаваме кога го одвојуваме медот, да не земеме и од пелинот. Таа невнимателност довела до сите ереси. За арогантноста, пак, на философијата вели дека таа нема ништо заедничко со христијанското смирение, дека гордоста треба да се победува и затоа секој што сака за Бога да слови и со Бога да заедничари, треба, пред сѐ, да се подвизува во смирение и да се моли.

13.jpg

17.jpg

Ете зошто богокопнежливите монашки души го чувствуваат толку близок и го сметаат за свој помошник во подвигот ова големо светило за монасите, овој прекрасен извор на небесна роса и леб ангелски за „гладните и жедните за правда“. И ете зошто неговиот свет спомен така свештенолепно се слави во Раичкиот дворец на св. Георгиј Победоносец, каде љубовта и почитта кон „трубата на богословието“ на овој голем светија му изгради дом. Всушност овој ден во Рајчица е повеќе од празник, не само за монаштвото и нашиот надлежен владика, митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, кој и овој пат по традиција е наш драг гостин. Празнува тогаш со нив и сета полнота на големото Бигорско семејство, сите оние кои со надеж и вера ги креваат очите кон својот пазител и добар пастир, светиот Григориј, барајќи го неговото моќно застапништво и заштита од непријателите на верата. Оти во блескавата, умозрителна светлина на неговото богословие наоѓаат утеха и спокој сите од сомнеж измачени и од гревот на неверието обременети души. Затоа во спокојот на манастирскиот параклис што празнува заедно со него, кандилата толку благодатно светат, и празничните стихови толку победнички звучат, а срцата на присутните така силно горат. Тоа благодатта, таа нетварна, неискажлива, Таворска светлина, на невидлив начин ги озарува нашите души, па тие, очистени низ подвигот на постот, блескаат како најчист кристал кога низ него ќе мине сончев зрак. Тогаш, во тој благодатен миг, земјата како да станува небо, а ние глуви и слепи за земните нешта, стануваме жители на небесното Царство. И светиот Григориј, големиот учител на сета вселена, станува наш собрат и сожител, кој со голема радост доаѓа да се придружи на нашиот свештен собор. Каква неискажлива радост! Никој не може да остане рамнодушен на тој благодатен бран што нѐ позема и носи кон таинствените пространства на Духот. Токму онака како што некогаш толку богопросветлено проповедаше великиот Григориј.

20.jpg

Да се проповеда за проповедникот на благодатта е голема чест, а не помала е и одговорноста што со себе ја носи, зашто како би можела свеќата да свети наспроти блескавото сонце. Но Бог го милува и прегрнува и најмалиот труд на нашите души и се радува кога макар и ќе се обидеме да вознесеме пофалба за Неговите светии. Можеби поради тоа толку благодатно прозвучи во нашите срца евангелската поука за Неделата на св. Григориј Палама, изречена од страна на нашиот епархиски секретар, о. Николче Христовски:
„Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!

Ваше Високопреосвештенство, Ваше високопреподобие, чесни отци, драги браќа и сестри!

Во пустината на овој отуѓен свет голема е човековата жед за љубов. Но, и покрај таквата жед, самољубивоста и саможивоста стануваат принцип и норма на нашето живеење. Освен нашата лична корист или она што е тесно поврзано со нас, за друго како и да не сакаме да слушнеме. Во една ваква атмосфера на живот, во оваа Втора недела од Великиот пост, се среќаваме со еден настан кој ни го пренесува евангелистот Марко, чудото со исцелението на фатениот во Капернаум.

19.jpg

Фатениот човек бил толку фатен што не можел ни да мрдне од својата постела, а пред Христа го носат четворица негови пријатели. Колку и да изгледа овој настан секојдневен, сепак тој во себе содржи нешто многу значајно. Овие четворица пријатели не дошле да побараат од Спасителот ништо за себе, туку доаѓаат да бараат исцеление за нивниот другар. Тоа бил подвиг на големо човекољубие, подвиг што треба сите да нè разбуди од нашата духовна рамнодушност. „А Исус, кога ја виде верата нивна, му рече на фатениот: ’Синко, ти се опростуваат гревовите твои‘!“ (Мр. 2, 5). Господ му ги опростува гревовите на овој тешко болен човек и го исцелува, пред сè, заради неговата вера, но и заради верата на неговите пријатели. Тие верувале дека Христос е вистинскиот Лекар, Кој ги лечи и душите и телата. Решавајќи се на еден ваков смел подвиг, па и својот живот  изложувајќи го на опасност, бидејќи болниот го спуштиле низ покривот на куќата во која бил Учителот, тие уште повеќе ја потврдуваат својата вера во Единиот Бог.

Да се запрашаме и ние, каков и колкав дел во нашите животи заземаат нашите ближни? Дали и ние сме направиле нешто слично и сме му помогнале на нашиот ближен? Овие четворица пријатели се вистински пример на братољубие и пожртвуваност. Ова е доказ и потврда и на нашите молитви. Молитвите за нас самите, но и молитвите за нашите ближни, за починатите, како и за целиот свет. Денешното евангелско четиво нè повикува да земеме активно учество во животот на Црквата, а со тоа и на нашите ближни, зашто не е доволно да не се прави зло на ближниот. Христијанската вера и животот на христијанинот се динамични. Зашто и тогаш кога сме имале прилика да направиме добро дело, а не сме го направиле, сме згрешиле и не сме го исполниле својот позив. Не е доволно само да сочувствуваме со тагата и маката на нашите браќа и сестри, но треба да учествуваме и лично. Да им помогнеме во носењето на нивниот крст, онака како што нашиот Спасител го зеде крстот и ги понесе гревовите на сиот човечки род.

Но, ова евангелско собитие носи со себе уште една значајна мисла, која никако не смееме да ја испуштиме. Кога го донеле фатениот пред Христа и кога Христос ја видел нивната вера, Он не го излекувал веднаш, но најпрво вели: „Синко, ти се опростуваат гревовите твои“, а откако фарисеите почнале да негодуваат, му вели: „Стани, земи ја постелката своја и оди си дома“ (Мр. 2,11). Му вели како Оној што има власт и како што има власт да му ги прости гревовите, има власт и да го излекува болниот. А за тоа да биде очигледно и за другите, му наредува самиот да си ја земе постелата своја. Но, зошто Христос најпрво му вели дека му се опростуваат гревовите? Затоа што секој грев е болест во својата суштина и гревот е причина на секоја болест. И Адам во рајот живееше безгрижно и безболно сè додека не направи грев и не ја промаши својата цел. Зашто гревот и не е ништо друго, туку промашување на целта и недостаток на љубов.

Но, со лекувањето на овој болен човек, Христос покажува и дека нема грев што не може да биде простен, зашто „Синот Човечки има власт да проштева на земјата“. Тоа значи дека на човекот му се проштеваат гревовите додека е жив и дека тука на земјата е местото и времето на нашето покајание. А кога се каеме решаваме да врвиме по еден друг, инаков пат - пат на добродетелите и љубовта. Покајанието, ослободувањето и лекувањето од отровот на гревот го примаме во Црквата Христова преку светите Тајни. Всушност, ние преку нив се ослободуваме од сите несреќи и болести во нашиот со гревови искитен живот. Преку светата Тајна на покајанието, постот, молитвата и учеството во светиот Путир, односно светата Причест, ние стекнуваме пријателство со Бога и се соединуваме со Него. И тогаш, што и да побараме во нашите молитви со вера, ќе ни биде дадено. И тоа не само за нас, туку и за сите наши ближни, живи и упокоени, и за сите луѓе и за секое создание. Тогаш нашата љубов ќе биде совршена и чиста. Таа секогаш ќе го бара она што Му е на Бога угодно.

Книжниците, гледајќи го ова чудо, не се радуваа и не го видоа. Но, да не бидеме и ние како нив, туку да се радуваме на секое добро дело, зашто сè што е добро, доаѓа од Бога. Од ваквата радост ќе ни се отворат и нашите духовни очи и ќе ја гледаме полнотата на вистината во Господа Христа и ќе Го прославуваме како вистински Бог и Спасител. И да не забораваме дека ако сакаме да покажеме дека Го љубиме Бога, треба најпрво да покажеме, но и да го љубиме нашиот ближен.

За гореспоменатото причестување, односно заедничарење со Бога, зборува и светиот Григориј Палама, таткото на исихастите, чиј спомен го славиме во оваа Втора великопосна недела. Тоа заедничарење е и благодатно-подвижничко и светотаинско, евхаристиско. И вечниот живот ќе биде наша вечна заедница и заедничарење со Бога, лично и живо учество во Бога. Во вечниот живот, пак, може да се влезе само преку несоздадената Божја благодат, преку несоздадените Божји Енергии, за кои толку многу ни говори и сведочи светиот Григориј. Истовремено, со своето учење и живот, тој нè учи и како да стигнеме до таа Божја благодат. Тој нè учи како да ја пронајдеме целта, кон која секој човек треба да оди.

Празнувајќи го денеска, по неговите молитви, да се потрудиме да го оставиме гревот, а со тоа и смртта. Да не дозволиме нашиот живот да биде промашување, туку исполнување на повикот и стекнување на Божјото подобие.

Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè грешните!  

Амин!“

 22.jpg

 23.jpg

 25.jpg

 26.jpg

 27.jpg

 28.jpg

 Повеќе: Бигорски манастир

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная