Во неделата на простувањето, кога Православната црква го започнува Великиот Пост, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ –во Тетово, се отслужи вечерна богослужба, на која богослужеше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со свештениците од Тетовското архиерејско намесништво. На крајот од богослужбата верниот народ побара меѓусебна прошка.
Извор: http://tge.mk/