логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



  Josif.Prilep1.jpg

Три најголеми светители на трисолнечното Божество ја просветија вселената со лачите на божествените догмати. Овие медоточни реки на Премудроста сите созданија со водите на богопознанието ги напоија. Василиј Велики и Григориј Богослов, со славниот Јован - златоговорливиот јазик, сите ние собраните ги љубиме, поклонувајќи им се, со песни ги почитуваме, зашто тие за нас на Светата Троица секогаш се молат (тропар на празникот).

 

Josif.Prilep.jpg

  Josif.Prilep1.jpg

Му благодариме на Господа за сите Негови благодејанија, онака и не поинаку туку како што вели псалмопевецот „ Добро е да се слави Господ и да Му се пее на името Твое, Севишни, да се возвестува наутро милоста Твоја, и секоја ноќ - Твојата вистина“ (Пс.91, 1-2). Па така се потрудивме и ние Прилепчани да ги воспееме светите Три Ерарси онака како што му доликува.

Josif.Prilep1.jpg

Во Прилеп ретко кој еснаф нема свој празник и свој заштитник. Меѓу најбројните би ги спомнал: чевларскиот еснаф чиј заштитник е светиот Спиридон Тримитунски чудотворец, на рударскиот и стакларскиот еснаф Успението Богородично, на касапскиот еснаф Раѓањето на св. Јован Крстител – Иванден, на дограмаџиите и столарите св. Ап. Тома, св. Елефтериј еп. Илирски заштитник и патрон на земјоделците (бавчанџиите) итн. Но, од сите овие еснафи како што одминува времето така и занаетите гаснат, да не речам изумираат, па така и нивните заштитници, нивните патрони празници од година во година се помалку и помалку се посетени. Единствени меѓу сите овие се прилепските бакали или прилепскиот бакалски еснаф, тие пак од година во година се се помасовни и побројни, ја негуваат и почитуваат традицијата, го гаат духот на бакалството и го слават празникот како никој друг еснаф. Можам слободно и одговорно да потврдам дека како што во Прилеп ги слават св. Три Ерарха, ретко кој град во нашава мила Македонија ги слави. 

 Прилепскиот бакалски еснаф за свои заштитници ги одбрал Светите Три Ерарси (св. Јован Златоуст, св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов), на кои повеќе од пет децении  со љубов и почит им се поклонува и ги слави како свои заштитници, молитвеници пред престолот на Севишниот, како ревнители за верата и творци на богословието. Според преданието од нивните претходници на овој ден секогаш канеле по тројца архиереи да богослужат во нашата драга и мила Стара црква (така го нарекуваат прилепчани Соборниот храм св. Благовештение). Нивната желба ја почитуваат нашите архиереи и секоја година со благослов на нашиот духовен татко Митрополитот Петар, на овој празник богослужат по тројца членови на Светиот архиерејски Синод на МПЦ–ОА.

И ова 2014. лето Господово на 12 февруари, во Прилеп беше торжествено одбележан празникот на Св. Три Светители. Почнувајќи од предвечерието  беше отслужена празничната вечерна и беше подигнато петтолебие во чест и слава на св. Три Ерарси. Утрото Господ си го направи своето и ни подари прекрасен и сончев ден, преполн со сончеви зраци кои удираа во прекрасниот храм посветен на Светото Благовештение. Силниот и цврст удар од црковното ѕвоно беше причината за насмевка на многубројните верници и момент кога сите се завртеа едни кон други правејќи пат на средината од храмот за да ги пречекаат духовните пастири и со нетрпение да видат кои од нив дошле да им ја збогатат радоста. Ете фала Му и слава на Господа и оваа година на Три Светители дојдоа тројца архиереи меѓу кои Блажењејшиот  архиепископ г.г. Стефан,нашиот прилепчанец   Митрополитот  Кумановско – Осоговски г. Јосиф и викарниот наш епископ хераклејски Климент. Светата и Божествена литургија беше збогатена со прекрасните  гласови  на градскиот и црковен хор Св. Благовештение. На светата литургија беа присутни: градоначалникот г. Марјан  Ристески, претседателот на советот на општина Прилеп г. Никола Димески, пратеници, општински  чиновници, претставници од сите сфери на културниот и општествениот живот. Архиепископот ги поздрави домаќините (еснафот) и присутните верници со прекрасна беседа. По светата Литургија беше прережан славскиот еснафски колак, за потоа сите присутни да се соберат на прекрасна трпеза на љубовта која ја благослови Блажењејшиот.

  Josif.Prilep1.jpg

 

 Josif.Prilep1.jpg

 Josif.Prilep1.jpg

 Josif.Prilep1.jpg

 Josif.Prilep1.jpg

  Josif.Prilep1.jpg

  Josif.Prilep1.jpg

 


Емилијан Зелнички

Студент на ПБФ „св. Климент Охридски“ - Скопје


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

20/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (риба)

Светиот маченик Теодот Анкирски; Светите маченички Кирјакија, Валерија и Марија; Светиот свештеномаченик Маркел, папа Римски; Светиот свештеномаченик Маркелин, папа Римски; Преподобен Даниил Скитски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная