логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Manastir.Karpi.jpg

 

Немајте преголема доверба во високото образование со кое се здобивте во светот. Цивилизацијата во која живееме е култура на падот.

Старец Софрониј


 

Manastir.Karpi.jpg
 
 
Manastir.Karpi.jpg
 
Manastir.Karpi.jpg

   

Фото. Драган Иванов 

„ Го посетив пред 10 дена манастирот, носи статус „лавра“ и се наоѓа во пустинско подрачје каде 60 км се оддалечени од цивилизација, а самото име Гареџа значи отшелништво или пустиножитие! По молитвите на св. Давид се појавува извор на тоа место кој го нарекуваат „Солзи Давидови“ Живеат неколку монаси, а забележано е дека со нападот на Абаз I погубени биле 6000 маченици што зборува за огромна монашка обител! Прекрасно место! “ 

 

16-ти ноември, лето Господово 2013 


Извадок на коментари од фејсбук страната на Преминпортал:

Manastir.Karpi.jpg

 

Jordan Sisovski -Зошто тогаш користите интернет? Интернетот е плод на таа „култура на падот“. Зошто го печатите списанието „Премин“, зошто не го препишувате рачно? Зошто возите автомобили (а владиците - скапи џипови)? - Зошто не јавате магариња? Високото образование ќе не соочи со знаења што ја поткопуваат верата. Зошто не ни даде Старецот одговори, наместо да ги промовира неукоста и неписменоста како вредности?
2 hours ago · Like · 1
Premin Portal -Старе Софрониј не вели да не бидеме образувани, но образованието да не ни стане идол, што со други зборови би значело, образование без духовен подвиг, малтене е еднакво на погибел.
2 hours ago · Edited · Like · 1
Premin Portal - Или образованието без духовност е како бакар да звони, или кимвал , да звечи.
2 hours ago · Edited · Like
Premin Portal- Аврелиј до Јордан:„ Почитуван Јордан. Да бевте подобро запознаени со творештвото на старец Софрониј Сахаров, немаше вака да го протолкувате неговиот став за „укоста и писменоста“. Старец Софрониј никогаш не се изразува строго против науката, туку ни дава до знаење дека преку академското знаење (па дури и богословско) човек не може да се спаси, ниту да се здобие со вистинско знаење, кое произлегува од реалниот опит во Бога. Факт е дека модерната цивилизација е антропоцентрична (а во некои моменти не може да се нарече ни таква), но тоа не значи дека нема ништо добро во неа. Со самото тоа што светогледот е целосно изместен од својата оска, нормално е цивилизацијата да се движи, во погрешен правец, а со тоа и кон својот крај. Но, човекот сеуште го содржи образот Божји, и креативноста која што му е дадена од Бога треба да ја употребува во добро, и за полза на човекот. Ставот на Православната Црква во однос на науката, секогаш е позитивен, кога науката реално служи за полза на човештвото. Така и интернетот е еден медиум, преку кој може да се достигне голема полза. Нема да се задржиме на објаснување на деталите, зашто критиката беше конкретно кон старец Софрониј. Уште еднаш ќе потцртам дека Старецот пишува за тоа дека надежта (довербата) за спасение не треба да ја полагаме на нашето „образование“, туку на реалниот опит во Бога. И би ви препорачал да се запознаете со делата на старец Софрониј, кој самиот бил висок интелектуалец и признат уметник и Богослов, и не пропагирал неукост, а вистинско знаење.“
2 hours ago · Like · 2
Љупчо Толевски-  Непобитен факт е дека во денешно време има многу образовани луѓе како никогаш досега, но исто така, е факт и тоа дека човештината е се` понезабележителна и веќе преоѓа во некаков вид на студенило во односите со луѓето. Високото образование е потребно и пожелно да се стекне, но уште попотребно е да се следи Христовиот пат кој ќе не` одведе во Царствито небесно. Што ќе ни вреди ако, да речеме, имаме титула доктор на науки а крајно си напакостиме на својата душа која сме ја обремениле со многу гревови? Што е тоа што ќе не` спаси: високото образование или покајанието и водењето на Богоугоден живот?
about an hour ago · Unlike · 1
Jordan Sisovski -Критиката не беше кон Старецот Софрониј, туку кон постот што заради својата краткост, секако, претставува изјава извадена од контекст. Благодарам за вашето појаснување. Неопходни се вакви појаснувања, зашто, одредени личности земаат се што е напишано од отците здраво за готово, без разлика на контекстот. За жал, многу верници ги сфаќаат ваквите изјави, како оваа на Старецот, токму во карикираната смисла што јас го претставив. ГОлем е и отпорот кон западната цивилизација кај одредени кругови, ова не треба да предизвика анти-цивилизациски отпор, туку да поттикне интерес и фаќање во костец токму со таа цивилизација.
about an hour ago · Edited · Unlike · 2
Zdravko Smilevski-  дали некој би се обидел да појасни што значи фразата „култура во пад?“ Кои се одликите на таквата култура? како се разликуваат од тие на култура во подем или стагнација?  Од каде почнала да паѓа нашава култура? како им било на луѓето што живееле пред да почне да паѓа? поарно или полошо? колку долго живееле? колку често се разболувале? дали имале доволно да јадат? колку знаеле за светот околу нив? колку биле слободни? дали можеле да се изразат онака како што сакале?
фала.
about an hour ago · Unlike · 2
Zdravko Smilevski- [ Што е тоа што ќе не` спаси:]
од што?

Goran Stojchevski- Кultura na pad = kultura na grev! I ima vrska so srceto na covekot! Procitajte shto veli Hristos vo Evangelieto spored Marko, glava 7 od 20 do 23 stih i ke ja svatite poentata na starecot!

(продолжува)

Avrelij: Излегувајќи од овој факт, во кој човекот станува центар, кој е критериум за се што е добро, и кога задоволството се издигнува на прво ниво, културата се прилагодува кон човечките желби, и своевремено падови. Пример за тоа е еврејскиот народ, кој за разлика од другите народи немал КУЛТ(ура) туку обреди - живот во Живиот Бог. Токму таквиот култ кој се поклонува на човечкиот идол, го осудува старец Софрониј. Човекот треба да ја одгледува убавината, естетиката, музиката, поезијата... и сите области од културата, се до оној момент кога тие не му стануваат Култ, туку придонесуваат за облагородување на срцето. 

Manastir.Karpi.jpg

 

 

 

 

 

 

Друго: 










dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная