логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


01.jpg

Покров на Пресвета Богородица и св. Јован Кукузел во Рајчица

02.jpg
1/14 октомври 2013 лето Господово

 03.jpg

„Денес, Богомајко, ние верните луѓе светло празнуваме, штитени од твоето доаѓање и, гледајќи кон твојот пречист лик, умилно говориме: Со твојот чесен омофор покриј нѐ, и од секакво зло избави нѐ, молејќи Го твојот Син, Христа нашиот Бог, да ги спаси нашите души“.
 (Тропар на Покров на Пресвета Богородица)

 04.jpg

Со каков чудесен дар нѐ удостои преблагиот наш Господ Исус Христос кога, умирајќи на Крстот, преку Својот љубен ученик св. Јован Богослов нас луѓето нѐ направи чеда на Својата пречиста Мајка: „Жено, ете Ти син“, одекнуваат и ден денес Неговите милосрдни зборови и како да вели: „Мајко, ете, Ти посинив нови чеда и сега секоја нивна мака ќе го пронижува и Твоето срце, нивните ситни радости, ќе бидат и Твоја среќа, а нивната болка и страдање, Твои солзи. Непрестајно бдеј над нив, покривајќи ги и заштитувајќи ги од секое зло“. И сега, знаејќи го тоа, што би можело да нѐ уплаши, нас христијаните, кога Нејзиниот мајчински покров така моќно нѐ закрилува? Дури и ангелогласната труба среде хорот на светиите, славниот св. Јован Кукузел, чувствувајќи ја цел живот таа нежна мајчинска закрила на пресветата наша Владичица, сиот се предал на непрестајно благодарење кон Неа, Единствената достојна за неговите вдахновени творби. И зарем е случајно тоа што Пресветата уредила токму денес, на овој Нејзин празник, да си спомнуваме за оваа сјајна ѕвезда на небото на Црквата Христова, та ние празнувајќи го Нејзиниот свет Покров, истовремено го славиме и неговиот свет спомен?

А кога овие две празнувања ќе се слеат во една торжествена сеноќна служба, благодатта е неизмерна. Тоа го почувствуваа сестрите од манастирот во Рајчица и нивните присутни гости на вечерашното бдение во параклисот посветен на светите Атонски отци Григориј Палама, Јован Кукузел и Нектариј Битолски. Преблагословената Владичица нежно го простираше својот омофор над нив, покривајќи ги со Својата божествена благодат, а молитвите на старецот, архимандрит Партениј, кој во тие мигови таинствено ја созерцаваше Нејзината благодатна посета и закрила, се придружија кон Нејзините мајчински молитви, просејќи за своите чеда удел во небесната радост. Нежното, пак, благоухание од моштите на преподобниот како да го навестуваа и неговото духовно присуство среде овој молитвен собор. И како неговиот ангелски глас низ прекрасните стихири да ги пронижуваше срцата на присутните, исполнувајќи ја со милозвучност целата вселена во оваа тивка ноќ...

О, пресвета Мајко, на сите жалосни радост и наша небесна Застапничке, по молитвите на св. Јован Кукузел рашири го над нас Својот моќен Покров, заштити, спаси и помилуј нѐ! Амин!

 05.jpg

 06.jpg

 07.jpg

 09.jpg

 10.jpg

 11.jpg

 12.jpg

 13.jpg

  16.jpg

 17.jpg

 22.jpg

 23.jpg

 24.jpg

 

 Извор: Бигорски манастир


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

13/07/2025 - недела

Собор на Светите славни и сефални апостоли; Блажениот принц Петар; Преподобен Георгиј Иверски; (Павловден);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2025

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2025

Апостоли свети,молете го Милостивиот Бог,да ни подари прошкана гревовите на нашите души. Иако секој од Светите големи апостоли има свој...

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2025

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2025

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената,молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема...

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная