sv.jovan.zlatoust.jpg

Свети Јован  Златоуст имаше голема почит за Светото Писмо  и Божествената Литургија. Светиот Дух го вдахнал  Светото Писмо и Духот го толкува  преку личното  просветлување. Затоа, читањето на Светото Писмо  е средство да се прими благодатта.

  • Вo сета теологија на св. Јован Златоуст   е  синергија: читање на Светото Писмо и просветлувањето на Духот, служење на светите Тајни  и делување на Светиот  Дух, вера како дар  и дела како одговор на човекот на  Божјиот дар. Верата не е доволна за спасение, зашто Бог не присилува, но ги привлекува оние кои сакаат да бидат привлечени. Исто така, во вршењето на Тајните, чинот  или материјата  не се доволни, неопходен е призивот на  Светиот Дух. Во неговата општествена етика, Св. Јован Златоуст докажуваше дека љубовта кон ближниот и  сиромашниот е вистинска тајна.

3-ти септември, лето Господово 2013

п.п.