Живописување на црквата Свети Наум Охридски во Хамилтон, Канада
Денес, кога го славиме празникот на преподобниот чудотворец Наум Охридски, нашата радост и славение ги зголеми новата фреска посветена на Успението на овој светец. Фреската која преставува само дел од триптихот на Наумовото житие е поставена на западната страна од новоизградената црква во Маедонската дијаспора посветена на Свети Наум Охридски и Св. Атанасиј Велики.
Оваа црква е изградена со помош на главните ктитори Крисанти и Атанас Нацеви,како и со несебични даренија на благочестивите македонски христијани од овој град и со неуморната работа на црковната управа.
По Божја волја и по благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско - Канадски господин Методиј, живописувањето му беше доверено на Македонското Иконографско Студио “АРТСОМЕ” од Виндзор, Канада.
Фото и информација Г. С.