логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

На денот кога Светата православна црква го празнува споменот на Св. Атанасиј Велики, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Епископот Велички г. Јосиф отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во Неготино. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од епархијата, а молитвено голем број верници од градот го чествуваа својот закрилник. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел, Епископот Јосиф и свештениците извршија водосвет и ги благословија славските колачи.

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски     31/01/2013

Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ

        ЈОСИФ


Благочестиви христијани[1],

             Светата православна црква определила на денешниов ден да се празнува еден од најголемите светители на Православието – светиот Атанасиј Велики. Не случајно му го дадовме овој епитет, затоа што неколкумина од светителите се удостоиле кон нивното име да се прилепи и терминот Велики – со кој се означува и заслужноста, и духовната големина и делото. Така, покрај свети Атанасиј, како велики отци на Црквата се именуваат уште и свети Василиј, преподобните Антониј, Теодосиј, Макариј, Ефтимиј и други. Така се нарекува денешниот славеник, затоа што тој е еден од најголемите бранители на светата православна вера од нападите на еретиците, кои со своите учења сакале да го изменат верувањето, да ја изменат вистината. Свети Атанасиј е меѓу најзаслужните богослови, особено заради неговиот придонес во формулирањето на догмата, односно учењето за Света Троица. Уште на релативно млада возраст, како ѓакон на Александрискиот епископ Александар, учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја (325 година), каде што со својата ревност, но и со своите широки познавања, не само од теологијата, но и од античката филозофија, го изобличил учењето на еретикот Ариј, кој се обидел да внесе голем раздор меѓу православните, со своето тврдење дека Синот Божји е создание, а не еднаков на Отецот, како што исповедаат православните до денес. Свети Атанасиј го победил Ариј во спорот и неговото погрешно проповедање било отфрлено, а официјалното учење на Православната црква за односот меѓу Отецот и Синот, кој се дефинира со зборот омоусиос – или едносуштен (една суштина, една природа), до кое се дошло, меѓу другото, и благодарение на свети Атанасиј, се распространило на знаење по сите места на светот. Откако се видело делото, но и интелектот и што е најважно верата и ревноста на свети Атанасиј, тој веднаш, на својата 29 година, бил ракоположен за епископ. Владичествувал 40 година, а сиот живот го поминал во постојани прогони од сектата на аријаните, но не отстапил од вистината и затоа Господ го овенчал и со Царство небесно, но и со голем спомен, украсувајќи го во историјата со епитетот Велики. Овој голем светител го составил првото официјално пишано исповедание на верата, и врз основа на него е подоцна утврден Символот на верата, или познато уште како Верују, што денес се чита на секоја света Литургија.
 

Возљубени христијани,

            Ќе се запрашате зошто ви кажував толку за свети Атанасиј? Затоа што, претставувајќи ви ја неговата личност и неговото дело, сакам да посочам за што тој живеел и како живеел, и согласно на тоа, како ние треба да го следиме, и какви примери треба да земаме од него. За жал, по некои краишта на Македонија, на денешниов ден се практикуваат чинови, обреди и обичаи кои не само што се срам за верата во која сме се крстиле, не само што се потценување на личноста што ја славиме – светиот Атанасиј, туку се и друговерни – исламски и пагански. Затоа упатуваме апел, на сите што на овој ден принесуваат курбани, односно крвни жртви, колат животни, се помачкуваат и попрскуваат со крв, и што е најстрашно тоа го прават по дворовите на црквите и во име на православното верување, дека такви обичаи, дека такво верување не постои во Православната црква, и кој го прави тоа, покажува дека не е православен. Ние во Црквата принесуваме само бескрвни жртви, како свеќите, лебот, виното, пченицата итн., а последната крвна жртва беше Самиот Христос, Кој за нас се распна на Крстот. Не  е воопшто проблем што на овој ден се подготвува храна, и тоа некако се утврдило како традиција, но убаво е таа храна да ја подготвуваме и да ја делиме на сиромашните, на детските домови, на болниците и затворите – ова да го даваме во име на свети Атанасиј, а за своја полза, и духовна и телесна.

            Во оваа прилика сакам особено да му се заблагодарам на Неговото високопреосвештенство, митрополитот Повардарски г. Агатангел, за поканата, еве, заедно со вас да учествуваме на денешново заедничко торжество. Голема е радоста за Македонската православна црква кога се гледаат даровите на заедништвото – односно на соработката меѓу верниците и надлежниот архиереј. Повардарската епархија последните неколку години се издигна и на духовен и на материјален план. Се градат нови цркви и манастири, се возобновуваат и старите, се печатат книги за верата, се издржуваат народните кујни за сиромасите, митрополитот ги посетува и помага болните, особено децата и се грижи за сеопштото здраво живеење на својата паства, поддржувајќи ги проектите на еколошките друштва итн. - но таквите дела се случуваат само доколку се почитува надлежниот архиереј и се ценат неговите дела, но и доколку и тој сведочи и работи како што треба, што овде, на оваа територија во Повардарието, е очигледно. Се радува и торжествува и целата Црква, доколку, еве, некаде, како овде, се прават богоугодни и родољубиви дела.

            Светата Литургија нека е на здравје и спасени и за многу години празникот. Амин.

[1] Беседа за празникот на свети Атанасиј Велики, изречена на 31. 1. 2013 година, во храмот „Свети Атанасиј Велики“ во Неготино.

 

 

 

Повеќе:

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

07/07/2024 -среда

Света Ана; Света Олимпијада, ѓакониса; Преподобната девица Евпраксија; Спомен на Петтиот Вселенски Собор;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 26 јули / 8 август 2024

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 26 јули / 8 август 2024

 Параскево света девственичке,Словото Божјо во тебе сила покажа,нагазувајќи на змии и шкорпии и на сета дрскост демонска,

Тропар на светата Богомајка Ана 25 јули / 7 август 2024

Тропар на светата Богомајка Ана 25 јули / 7 август 2024

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство,каде што...

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Верата твоја света Христино,помести тројца мачители, како три планини обременети,телото кое во парчиња човечката злоба го раздроби,Животот него ќе го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная